PlayStation 3

PlayStation 3 (プレイステーション3 Pureisutēshon Surī; официјално рекламиран како PS3[1]) е третата конзола за видеоигри на Sony Computer Entertainment и е наследник на PlayStation 2 конзолата од генерацијата на PlayStation конзоли. Конзолата беше развивана во соработка со Foxconn и ASUSTeK, а користи графички обработувач од NVIDIA. PlayStation 3 е во конкуренција со конзолите Xbox 360 на Microsoft и Wii на Nintendo како дел од натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.

Обичен PlayStation 3 со Sixaxis џојстик(лево) и PlayStation 3 Slim со DualShock 3 џојстик(десно), сите во црни изданија

Голема новина што го разликува PlayStation 3 од неговите предци е неговата PlayStation Network[2] Интернет платформа што ја надвладеа поранешната политика на Sony околу овозможувањето играње на Интернет за играчите на видеоигрите.[3] Други големи новини се можностите за мрежно поврзано играње со корисниците на PlayStation Portable[4] мини конзолата, како и можноста да ги чита оптичките дискови од најновата генерација Blu-ray Disc.[5]

PlayStation 3 за првпат се појави во продажба на 11 ноември 2006 во Јапонија,[6] на 17 ноември 2006 во Северна Америка,[7] на 16 март 2007 во Обединетото Кралство и Ирска, и на 23 март 2007 во останатите држави во Европа и Океанија.[8][9]

Две изданија од конзолата беа објавени:

  • основно издание (Basic) со тврд диск со капацитет од 20 GB; и
  • посебно издание (Premium) со тврд диск со капацитет од 60 GB и неколку предности[10]

(изданието со 20 GB не беше издадено во Европа и Океанија).[11]

Од тогаш, конзолата претрпи неколку промени во изданијата во кои е продавана, од кои најзабележливата е претставувањето на новото Slim издание во септември 2009.[12][13]

Историја

Бел примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на CES 2006.
Сребрен примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на Е3 2005. Сребрен примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на Е3 2005. Забележливи се трите гигабитни мрежни приклучоци, двете USB порти и двете HDMI порти

Sony официјално и го претстави PlayStation 3[14] на јавноста на 16 мај 2005 за време на Electronic Entertainment Expo (E3) конференцијата.[15] Иако не беше претставена функционална верзија на конзолата на Е3,[16] ниту на Tokyo Game Show во септември 2005,[17] сепак беа извршени некои демонстрации и на двата настани, како на пример PC и PS3 верзиите на Metal Gear Solid 4: Guns of The Patriots.[16] Исто така беа покажани и некои спецификации на конзолата.

Системот првично беше планирано да има две HDMI порти, три мрежни Ethernet порти и шест USB порти,[18] но сепак како што беше прикажано на Е3 2006 системот претрпе измени користејќи само една HDMI порта, како и само една мрежна порта, а бројот на USB порти беше намален од шест на четири, најверојатно за да се намалат потрошувачките цени.[10][19]

Исто така беа најавени две конфигурации[10] на системот: изданието Basic со тврд диск со капацитет од 20GB и изданието Premium со тврд диск со капацитет од 60GB. Premium изданието беше единственото со HDMI порта, Wi-Fi Интернет и хроматска надворешна изработка, со логото во сребрена боја сместено на средината.[10] Беше најавено дека конзолата ќе излезе во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006, а во Северна Америка и Европа на 17 ноември 2006,[20] но на 6 септември 2006 Sony објави дека PAL регионите, Европа и Океанија ќе мора да почекаат до март 2007 поради немање доволно диоди користени во Blu-ray уредот.[21]

На Tokyo Game Show на 22 септември 2006 Sony најави дека и Basic изданието ќе доаѓа со HDMI порта и со сребреното лого сместено на средината, но ќе ја нема хроматската надворешна изработка и без Wi-Fi.[22] Исто така цената на истото издание во Јапонија беше намалена за 20%[23] и беше најавено Premium изданието со тврд диск со капацитет од 60GB со цел цените во Јапонија да бидат поприфатливи за тамошните купувачи.[23]

За време на настанот, Sony прикажа 27 PS3 игри играни на конечната верзија на конзолата.[24]


Лансирање

PlayStation 3 беше лансиран во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006 во 07:00 часот.[6] Според Media Create, во првите 24 часа од лансирањето во продажба во Јапонија, продадени биле 81.639 системи.[25]

Наскоро по лансирањето на PlayStation 3 во Јапонија, конзолата беше исфрлена во продажба и во Северна Америка на 17 ноември 2006.[7] Извештаи за насилство за време на продажбата на првите примероци од конзолата во Северна Америка тврдат дека имало застрелан купувач,[26] купувачи ограбени откако излегле од продавници,[27] па дури и пукање во купувачи од возила во движење. Исто така се споменуваат и големи гужви во продавниците во ситуација во која што 60 купувачи се бореле за да дојдат до 10 конзоли.[28]

На 24 јануари 2007 Sony најави дека PlayStation 3 ќе биде исфрлен во продажба во Европа, Австралија, Океанија, Нов Зеланд, Блискиот Исток и Африка на 23 март 2007.[8][9]

На 7 март 2007, PlayStation 3 беше исфрлен во продажба во Сингапур.

PlayStation 3 конзолата беше исфрлена во продажба во PAL регионите на 23 март 2007, при што во рок од 48 часа продадени беа околу 600.000 примероци.[29]

Конзолата беше исфрлена во продажба во Јужна Кореја на 16 јуни 2007 во единствено издание со тврд диск со капацитет од 80GB и IPTV поддршка.[30]


PS3 Slim и ребрендирање

По шпекулации дека "потенок и послаб" модел е во производство, Sony официјално го најави PS3 CECH-2000 моделот на 18 август 2009 на Sony Gamescom прес конференцијата.[13][31] Меѓу главните одлики на ова ново Slim издание на PlayStation 3 спаѓаат намалената големина и помалиот простор кој го зафаќа конзолата, како и потивкиот режим на работење. PS3 Slim беше исфрлен во продажба во септември 2009. Уште една измена кај PS3 Slim е изменетото лого, кое од PLAYSTATION 3 е изменето во PS3.[32] Исто така, сменет е и текстот кој се прикажува на екранот при вклучување на конзолата, кој од "Sony Computer Entertainment" е изменет во "PS3".[33]


Конфигурации

Има четири PlayStation 3 модели коишто најчесто се разликуваат по капацитетот на тврдиот диск : 20, 40, 60 и 80 GB модели. Сите системи доаѓаат со еден или два Sixaxis контролери, еден USB кабел, еден composite video/audio надворешен кабел, еден ethernet кабел (само во изданијата со тврди дискови со капацитет од 20, 60 и 80 GB) и еден кабел за електрично напојување.


МоделОдликиДостапни боиИсфрлен во продажбаВо производствоДостапни изданија
20 GB
CECHBxx
NTSC[34]
  • 4 USB 2.0 порти
  • Хардверски заснована PS2 емулација
  • SACD[35]
  • Linux поддршка[a]
  • Sixaxis џојстик
Н/П
  • Црна
ЈАП СА ноември 2006не[36]Н/П
60 GB
CECHAxx
NTSC[34]
  • Читачи на мемориски картички
  • 802.11b/g Wi-Fi
  • Црна
Не
60 GB
CECHCxx
PAL[34]
  • 802.11b/g Wi-Fi
  • Читачи на мемориски картички
  • 4 USB 2.0 порти
  • Делумно софтверски заснована PS2 емулација[37]
  • SACD
  • Linux поддршка[a]
  • Sixaxis џојстик

(MGS4 изданија продадени со DualShock 3 џојстик)

ОК, ИРС 16 март 2007[8][9]
ЕВР, АВС 23 март 2007[8][9]
  • MotorStorm, Resistance: Fall of Man и дополнителен Sixaxis џојстик (ОК)[38]
80 GB
CECHExx
NTSC[34]
СА август 2007
  • MGS4
  • MotorStorm

40 GB
CECHGxx
CECHHxx
CECHJxx
PAL, NTSC[39]
  • 802.11b/g Wi-Fi
  • 2 USB 2.0 порти
  • Linux поддршка[a]
  • DualShock 3 џојстик
ЕВР АВС октомври 2007
СА ЈАП ноември 2007
не[42]
80 GB
CECHKxx
CECHLxx
CECHMxx
PAL, NTSC[42][44]
  • Црна
  • Бела
  • Сребрена [c]
СА ЕВР АВС август 2008
ЈАП октомври 2008
Не
160 GB
CECHPxx
CECHQxx
PAL, NTSC[52][53]
  • Црна
СА ноември 2008
ЕВР октомври 2008
  • Uncharted (NTSC регион)
120 GB slim
CECH-20xxA
CECH-21xxA
PAL, NTSC
  • 802.11b/g Wi-Fi
  • 2 USB 2.0 порти
  • BRAVIA Sync XMB control (CEC)
  • Потенка форма
  • Dolby TrueHD & DTS-HD Master Audio bitstreaming[54]
  • DualShock 3 џојстик
  • Црна
СА ЕВР 1 септември 2009
АВС ЈАП 3 септември 2009[55][56]
Не
  • LittleBigPlanet и Ratchet & Clank Future: A Crack in Time (NTSC регион)
  • This Is It Blu-ray[57]

250 GB slim
CECH-20xxB
CECH-21xxB
PAL,[58] NTSC
  • Црна
  • Бела и розова[f]

ЈАП 17 декември 2009
СА 3 ноември 2009[59]
ЕВР октомври 2009[58]
АВС 15 октомври 2009[60]

160 GB slim
CECH-25xxA[72]
PAL,[73] NTSC[74]
ЈАП 29 јули 2010[74]
СА август 2010[77]
ЕВР октомври 2010[73]
Да

  • Torne[72] (Јапонија)
  • Gran Turismo 5[76] (Јапонија; Сина конзола)

320 GB slim
CECH-25xxB[72]
PAL,[73] NTSC[74]
  • Црна
ЈАП 29 јули 2010[74]
СА 19 септември 2010[77]
ЕВР 15 септември 2010[73]
  • PlayStation Move, PlayStation Eye и Sports Champions издание (Северна Америка)[77]
  • PlayStation Move, PlayStation Eye издание со демо диск (Европа)[73]

Опис:
"1 генерација"
"2 генерација"
"3 генерација"
"4 генерација"

Сите пијано црни и керамички бели модели се со глос изглед на огледало[78]
Сите модели доаѓаат со: Blu-ray/DVD/CD уред, HDMI 1.3a порта,[79] Bluetooth 2.0, Gigabit Ethernet мрежна порта (10BASE-T, 100BASE-TX, 1000BASE-T) и PlayStation One поддршка преку софтверска емулација.[80][81]
Броевите на моделите се разликуваат по регион на продажба и на користење. Видете PlayStation 3 хардвер – броеви на модели за детали.

^ a Linux поддршка отстранета од firmware верзија 3.21. Видете Отстранување на "OtherOS" поддршка за детали
^ b Керамички белиот модел е достапен само во Азија и Јапонија.
^ c Сребрениот модел е достапен само во Азија и Јапонија.
^ d Сивиот модел е достапен само кај MGS4 изданието.
^ e Yakuza 3 изданието доаѓа со керамички бел модел со сив змејски дизајн. Ова издание е ограничено на 10.000 примероци.[48][82]
^ f Белиот и розовиот модел се достапни само кај јапонското издание на Final Fantasy XIII и доаѓа со розов дизајн на Final Fantasy XIII карактерот "Lightning" на куќиштето.


Во споредба со 20GB изданието, изданието со тврд диск со капацитет од 60GB поседува IEEE 802.11 b/g Wi-Fi приклучок, читачи за flash картици од типот : SD/MultiMedia Card, CompactFlash Type I/Type II, Microdrive, Memory Stick/PRO/Duo и хроматска надворешна изработка. Од хардверски гледна точка, 80GB моделот исфрлен во продажба во Јужна Кореја е идентичен со 60GB моделот исфрлен во продажба во PAL регионите, со единствена разлика во капацитетот на тврдиот диск. Како Јужно Корејскиот, Европскиот и Австралискиот, така и Северно Американскиот 80GB модел не доаѓа со вграден обработувач Emotion Engine (EE) што овозможува компатибилност на конзолата со игрите наменети за PlayStation 2. Но, сепак конзолата го задржа таканаречениот Graphics Synthesizer графички обработувач што го имаше во PlayStation 2 конзолата. Emotion Engine компатибилноста беше намалена поради емулација. Моделот со тврд диск со капацитет од 40GB има две USB порти, за разлика од останатите модели коишто имаат по четири USB порти, а исто така не поседува читачи за различни мемориски картици, Super Audio CD (SACD) поддршка, како и обработувачот Graphics Synthesizer, што ја прави конзолата хардверски неспособна за да биде компатибилна со PlayStation 2 игри.

До сега официјално Sony нема исфрлено додатен хардвер за 20GB моделот од типот : читачи за мемориски картици и Wi-Fi, иако сепак најавени се планови за вакви додатни компоненти наменети за конзолата во иднина. Но сепак, моделот со тврд диск со капацитет од 20GB поседува 4 USB порти, коишто можат да се искористат за приклучување на читачи на мемориски картици, како и за приклучување на опрема наменета за безжично поврзување и на Интернет.

Имаше шпекулации, подоцна потврдени од страна на претседателот на Sony Computer Entertainment (SCEI), Каз Хираи, дека третата генерација на PS3 конзоли (изданието со тврд диск со капацитет од 40GB) ќе користат 65 нанометарски обработувачи Cell.

Исто така има непотврдени шпекулации дека се подготвуваат модели со тврди дискови со капацитети од 120GB и 160GB, коишто би требало да бидат исфрлени во продажба во есента 2008. Шпекулираните модели, иако не доаѓаат со читачи за Memory Stick, SD и CF мемориски картици, имаат целосна компатибилност со игрите наменети за постарите конзоли од PlayStation генерацијата и би го користеле 65 нанометарскиот обработувач Cell.

Продажби и производствени потрошувачки

РегионПродадени примероциИсфрлен во продажба на
Канада520.000, заклучно со 1 август 2008[83]17 ноември 2006
Европа
(Можеби се вклучени и
Обединетото Кралство
и други PAL региони)
16 милиони, заклучно со 17 август 2010[84]23 март 2007
Јапонија5 милиони, заклучно со 13 април 2010[85]11 ноември 2006
Обединето Кралство3 милиони, заклучно со 26 јануари 2010[86]23 март 2007
САДречиси 12 милиони, заклучно со 14 април 2010[87]17 ноември 2006
Во светски рамки38.1 милиони, заклучно со 31 јуни 2010[88]11 ноември 2006


Првите проценки за цените на PlayStation 3 конзолите беа дека 20GB моделот би чинел (во американска валута долар) $805.85, додека пак за 60GB моделот беше предвидена цена од $840.35, но сепак првите официјални продажни цени беа $499 за 20GB моделот и $599 за 60GB моделот. Високите цени на хардверските компоненти значеа загуба од $250 по примерок за Sony, така што фирмата објави загуба од вкупно (во јапонска валута јен) ¥232.3 милијарди, или $1.97 милијарди кон крајот на фискалната година, на крајот на март 2007. Откако беа објавени овие резултати Кен Кутараги, претседателот на SCEI во април 2007 ги најави плановите за своето пензионирање. Неколку новински агенции, вклучувајќи ги и The Times, The Wall Street Journal тврдеа дека причина за ова се слабиот профит, додека SCEI информираше дека Кутараги го планирал своето пензионирање уште шест месеци порано.

Од лансирањето на системот во продажба, производствените потрошувачки беа намалени како резултат на прекинот на производство на обработувачот Emotion Engine за конзолата и намалените производствени потрошувачки за хардверски компоненти. Цените на Cell микрообработувачите драматично падна како резултат на појавата на 65 нанометарските обработувачи, а и Blu-ray диодите станаа поевтини за производство. Заклучно со јануари 2008, производствената потрошувачка изнесуваше $400 по примерок.

На 7 јануари 2007, Sony ја оствари својата цел за испорачување 1 милион примероци во Северна Америка. Една недела подоцна, на 16 јануари 2007, Sony информираше за уште 1 милион примероци испорачани во Јапонија, така што бројот на примероци испорачани во светски рамки изнесуваше над 2 милиони. Заклучно со 1 април 2007, испорачани беа околу 5.5 милиони примероци во светски рамки !

На светскиот пазар, PlayStation 3 конзолата е позади нејзините најголеми конкуренти Xbox 360 и Wii во продажба. Во Јапонија во текот на 2007 година, Wii го надмина PlayStation 3 во продажба, со следните разлики : 4:1 во април 2007, 5.6:1 во мај 2007, 6.5:1 во јуни 2007, 4:1 во јули 2007, и 3:1 во август 2007. Заклучно со јануари 2008, во Јапонија продадени се 4.618.479 Wii конзоли наспроти 1.673.063 PlayStation 3 конзоли. Но сепак, Xbox 360 конзолата која што беше исфрлена во продажба една година порано пред конзолите на нејзините конкуренти, беше продадена во само 548.308 примероци од нејзиното лансирање во продажба во Јапонија на 10 декември 2005, заклучно со 1 јануари 2008, според јапонскиот магазин Enterbrain.

Во Северна Америка, PlayStation 3 беше надминат во продажба од неговите конкуренти 4.4:1 од Wii и 2.2:1 од Xbox 360 во периодот од јануари до април 2007. Најмалата побарувачка беше во април 2007, кога беа купени дури 37% помалку конзоли од претходниот месец. Sony ги оправдуваше ваквите слаби побарувачки со недостигот од нов софтвер за конзолата. Во многу случаи PlayStation 3 е надминат во продажба и од сопствениот предок, конзолата PlayStation 2.

Во периодот од октомври 2007 до ноември 2007, PlayStation 3 продажбата се зголеми за дури 285% во Соединетите Американски Држави ! Претседателот на Sony, Хауард Стрингер ја оправда зголемената побарувачка поради намалените цени на конзолата и недостигот на Nintendo од Wii конзола доволно квалитетна за да ги оствари побарувањата на јавноста.

Заклучно со 1 јануари 2008, во САД продадени се 3,25 милиони примероци од PlayStation 3 конзолата, според меѓународната пазарна истражувачка агенција со седиште во Вашингон NPD Group, 1.673.063 примероци во Јапонија, според Enterbrain и над 180.000 примероци во Австралија, според мрежното место наменето за видеоигри GameSpot. Вкупниот број на PlayStation 3 конзоли продадени во светски рамки, заклучно со 31 јуни 2010 изнесува нешто над 38 милиони примероци, според Sony.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица