Алберт Мајкелсон

Алберт Абрахам Мајклсон (англиски: Albert Abraham Michelson 19 декември 18529 мај 1931) — американски физичар познат по неговата работа за мерење на брзината на светлината посебно за Мајкелсон-Морлиевиот обид. Во 1907 ја добил Нобеловата награда за Физика. Тој станал првиот Американец кој ја примил Нобеловата награда за физика.

Алберт Абрахам Мајкелсон
Роден(а)декември 19, 1852(1852-12-19)
Стрело, Полска
Починал(а)мај 9, 1931(1931-05-09) (возр. 78)
Пасадена, Калифорнија, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиКејски западен резервен универзитет
Кларков универзитет
Чикашки универзитет
ОбразованиеАмериканска морнарска академија
Берлински универзитет
Докторски менторХерман фон Хелмхолц
ДокторандиРоберт Миликан
Познат поБрзина на светлината
Мајкелсон–Морлиев обид
Поважни наградиМатеучиев медал (1903)
Нобелова награда за физика (1907)
Коплиев медал (1907)
Елиот Кресонов медал (1912)
Хенри Драперов медал (1916)
Албертов медал (1920)
Franklin Medal (1923)
Дуделов медал и награда (1929)
СопружникМаргарет Хемингвеј (1877–1898; разведени; 3 деца)
Една Стентон (1899–1931; негава смрт; 3 деца)
Потпис

Животопис

Мајклсон е роден во Стшелно, Познањ во Полска, претходно територија на Полско-Литванскиот Комонвелт во Еврејска фамилија.[1] Се преселил во САД со своите родители во 1855, на возраст од 2 години. Пораснал во рударските градови Марфиевиот камп, Калифорнија и Виргинија Сити, Невада, каде неговиот татко бил трговец. Неговата фамилија била секуларна, а и самиот Мајклсон бил доживотен агностик.[2][3][4] Ги поминал своите училишни години во Сан Франциско во домот на неговата тетка ,Хенриета Леви која била мајката на авторката Хариет Лејн Леви.[5]

Претседателот Јулисиз Симпсон Грант го наградил Мајклсон со специјална награда во Поморската академија во 1869 година.[6] За време на неговите четири години како морнарички питомец во академијата, Мајклсонсе истакнал во полето на оптиката, топлината, климатологијата и цртање. По матурирањето во 1873 и две години на море, тој се вратил во Поморската Академија во 1875 да стане наставник по физика и хемија во 1879 година. Во 1879 година, тој бил испратен во Поморскиот алманах оддел, во Вашингтон (дел од поморската опсерваторија[7][8][9]),за да работи со Сајмон Њуком. Во наредната година тој добил отсуство од работа за да ги продолжи своите студии во Европа. Тој ги посетил универзитетите во Берлин и Хајделберг, и Францускиот колеџ и Политехничката школа во Париз.

Во 1877, се венчал со Маргарет Хемингвеј, ќерка на богат Њујоршки адвокат и брокер. Тие имале два сина и една ќерка.[10]

Мајклсон бил фасциниран со науките, посебно со проблемот со мерењето на брзината на светлината. Додека бил во Анаполис, го спровел својот прв обид за брзината на светлината, како дел од демонстрацијата за време на часот во 1877 година. Неговиот Анаполски обид бил редефиниран, во 1879 година, при што ја измерил брзината на светлината и таа била 299.864±51 км/с, и ја проценил брзината на светлината во вакуум дека изнесува 299.940 км/с.[11][12][13] По 2 години студии во Европа, дал отставка од Морнарицата во 1881 година. Во 1883 се вработил како професор по физика на Факултетот за применети науки при универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ во Кливленд, Охајо и се концентрирал на развивање на подобар интерферометар. Во 1887 тој и Едвард Морли го извеле познатиот Мајклсон-Морлиевиот обид кој го отфрлил постоењето на етер. Тој подоцна го искористил астрономскиот интерферометар во мерките на ѕвездените пречници и во мерење на разделеноста на двојните ѕвезди.

Во 1889 Мајклсон станал професор во универзитетот „Кларк“ во Ворчестер, Масачусетс и во 1892 бил назначен професор и прв шеф на одделот за физика на новоорганизираниот Чикашкиот универзитет.

Во 1899, се венчал со Една Стантон. Тие имале еден син и три ќерки.

Во 1907, Мајклсон ја имал честа да биде првиот Американец да ја добие Нобеловата награда по Физика „за неговата оптички прецизни инструменти и спектроскопски и метролошки испитувања спроведени со тие инструменти“. Тој исто така го освоил Коплиевиот Медалот во 1907, Хенри Драперовиот медал во 1916 и Златниот медал на Кралското Астрономско Друштво во 1923 година. Исто така, еден кратер на Месечината е именуван по него.

Мајклсон починал во Пасадена, Калифорнија на возраст од 78 години. Во сеќавање на Мајклсон и неговите достигнувања Чикашкиот универзитет ја посветил студенското живеалиште „Мајклсонова куќа“ во негова чест. И Кејс Вестерн Резерв има посветено живеалиште во неова чест, и Мајклсон Хол (академска зграда со училници за науки,лаборатории и канцеларии) во Поморската академија на САД исто така го носи негово име. Универзитетот „Кларк“ го именувал театерот во негова чест.[14] Мајклсоновата лабораторијата во морнаричката база „Чајна Лејк“ во Риџкрест,Калифорнија е именувана во негова чест. Постои екран во делот кој е отворен во лабораторијата во кој се прикажани факсимили од неговата Нобелова награда (медалот), документот за наградата и примери од неговите дифракциони мрежички.

Поврзано

  • Список на еврејски нобеловци
  • Список на морнарски академски нобеловци

Наводи

  • Livingston, D. M. (1973). The Master of Light: A Biography of Albert A. Michelson. ISBN 0-226-48711-3.
  • Levy, Harriet Lane (1996). 920 O'Farrell Street. Berkeley: Heyday Books. ISBN 0-930588-91-6.

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица