19 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

19 декември — 353-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(354-и во престапна година). Остануваат 12 денови до крајот на годината.

Настани:

1940 Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша Директивата бр. 1, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на како „План Барбароса“.
1942 Во манастирот „Св. Никола“ во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода.
1991 На патот Скопје - Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија.
1997 Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица.

Родени:

1849 Филип V — крал на Шпанија.
1910 Жан Жене — француски писател.
1915 Едит Пјаф — француска пејачка.
1920 Лазар Мојсов — македонски и југословенски политичар.
1921 Блаже Конески — македонски академик, писател, поет и научник.
1941 Морис Вајт — американски музичар.
1944 Алвин Ли — англиски рок-музичар.
1957 Кевин Мекхејл — американски кошаркар.
1958 Веселин Вуковиќ — српски и југословенски ракометар и тренер.
1963 Тил Швајгер — германски глумец.
1964 Арвидас Сабонис - литвански и советски кошаркар.
1966 Алберто Томба — италијански скијач.
1973 Врбица Стефанов - македонски кошаркар.
1985 Гери Кејхил — англиски фудбалер.
1987 Карим Бензема — француски фудбалер.
1988 Алексис Санчес — чилеански фудбалер.
1988 Никлас Ландин Јакобсен — дански ракометен голман.
1996 Франк Кесие— фудбалер од Брегот на слоновата коска.
1997 Фикајо Томори — англиски фудбалер.
1997 Габриел — бразилски фудбалер.

Починале:

1370 Урбан Vримски папа.
1848 Емили Бронте — англиска писателка.
1907 Димитар Поп-Георгиев Беровски — македонски револуционер.
1951 Андре Жид — француски романописец, есеист и критичар.
1991 Јордан Мијалков — прв министер за внатрешни работи на независна Република Македонија.
1996 Марчело Мастројани — италијански глумец.
2002 Александар Сариевски — македонски народен пејач и композитор.
2006 Гоце Николовски — македонски пејач на народна музика.
2013 Ружица Сокиќ — српска и југословенска глумица.
2021 Горан Собин — хрватски и југословенски кошаркар.

Празници:

Св. Николаправославен празник.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица