Албер Фер

француски физичар

Албер Фер (француски: Albert Fert) (Каркасон, 7 март 1938) — француски физичар и еден од откривачите на џиновскиот магнетоотпор што довело до напредок кај гигабитните тврди дискови. Тој е професор во пензија на Јужниот париски универзитет во Орсе и директор на содружната лабораторија ('Unité mixte de recherche') меѓу Националниот научен истражувачки центар и групацијата Талес. Исто така тој е придружен професор и на Мичигенскиот државен универзитет. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2007 година заедно со Петер Гринберг.

Албер Фер
Париски Декартов универзитет 2009 година, Париз
Роден(а)7 март 1938(1938-03-07)(86 г.)
Каркасон, Од, Франција
ЖивеалиштеПариз, Франција
Националностфранцуска
ПолињаФизика
УстановиЈужен париски универзитет, Мичигенски државен универзитет
ОбразованиеВиша нормална школа
Докторски менторЈ. A. Кемпбел
Познат поЏиновски магнетоотпорен ефект
Поважни наградиЗлатен медал од CNRS (2003)
Волфова награда за физика (2006)
Јапонска награда (2007)
Нобелова награда за физика (2007)

Животопис

Фер дипломирал во 1962 година на Вишата нормална школa во Париз. Тој го примил својот докторат во 1963 година и докторатот на науки, од Орсејски факултет за науки и Парискиот универзитет.

Во 1988 година Фер го открил џиновскиот магнетоотпор (GMR) во повеќеслојните железо и хром. Петер Гринберг од Јилиховиот истражен центар истовремено и независно го открил истиот ефект. Овие две откритија се признати како раѓање на спинтрониката. Од 1988 година, Албер Фер има направено доста откритија и во полето на спинтрониката.Тој е член на Фондацијата за еколошка иднина од 2011 година.[1]

Почести и награди

  • Американско друштво на физичари Меѓународна награда за нови материјали (1994)
  • Главна награда за физика Жан Рикар од Француското друштво на физичари (1994)
  • Меѓународен сојуз за чиста и применета физика Награда за магнетизам (1994)
  • Хјуит-Пакардова еврофизичка награда (1997)
  • Национален научен истражувачки центар Златен медал (2003)
  • Волфова награда за физика (2006)
  • Јапонска награда (2007)
  • Член на Француската академија на науките од 2004
  • Нобелова награда за физика (2007)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица