Атлантски ѕид

Атлантски ѕид — широк систем на крајбрежната одбрана и утврдувања изградени од Нацистичка Германија помеѓу 1942 и 1944 година. Се протегал по должина на брегот на континентална Европа од Шпанија до Скандинавија, односно Норвешка, во улога на одбрана од очекуваната Сојузничка инвазија на окупираната Европа, за време на Втората светска војна.

Атлантски ѕид
Дел од Нацистичка Германија
Западен брег на континентална Европа и Скандинавија

Атлантскиот ѕид е покажан во жолто
ТипОдбранбено утврдување
Изграден1942–1944
ИзградилПринудни работници
Градежни
материјали
* Concrete
  • Wood
  • Steel
Во употреба1942–45
Тековна
состојба
Делумно срушен
Под управа на Трет Рајх
СтанариВермахт
Битки/војниВтора светска војна
НастаниБитка за Нормандија
Германски војници поставуваат препреки, 1943

Во 1942 година Хитлер наредил изградба на утврдувањата, и речиси милион Француски работници биле регрутирани за неговата изградба. Утврдувањата биле составени од колосални крајбрежни оружја, батерии, минофрлачи, лесна и тешка артилерија, подводни мини, бодликави жици, мински полиња на плажите, тенковски препреки, противтенковски оружја, топови и друго.[1] Со доаѓањето на Ромел во Франција, тој ги зајакнувал деловите од „Ѕидот ” каде не биле доволно заштитени. Онаму каде што сметал дека ќе се случи истоварувањето на Сојузничките трупи, тој тројно го зголемил бројот на мините на крајбрежјето, ги зголемил препреките на плажите и во водата. Камени блокови биле поставувани повисоко, бидејќи се сметало дека Сојузниците ќе нападнат за време на висока плима. Ромел создал мински колци познати како Ромеловиот Аспарагус, кои биле поставувани во мочуришта и полиња, со цел да спречат сојузнички авионски слетувања во Нормандија.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица