Шеиху Кујате

(Пренасочено од Шеику Кујате)

Шеиху Кујате (роден на 21 декември 1989 година) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на Кристал Палас и на сенегалската репрезентација.

Шеиху Кујате
Лични податоци
Роден на21 декември 1989(1989-12-21)(34 г.)
Роден воДакар, Сенегал
ДржаваСенегал Сенегал
Висина&100000000000001920000001,92 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубКристал Палас Кристал Палас
Број8
Младинска кариера
Јего Дакар
ФК Брисел ФК Брисел
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2007-2008ФК Брисел ФК Брисел10(0)
2008-2014Андерлехт Андерлехт153(4)
2008–2009Кортријк Кортријк26(3)
2014-2018Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед129(12)
2018-Кристал Палас Кристал Палас9(0)
Репрезентација
2007Сенегал Сенегал 203(2)
2012Сенегал Сенегал 234(0)
2012-Сенегал Сенегал50(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 3 јули 2012

Технички одлики

Играч опремен со голема физичка сила и енергија, комбинирано со чувство за позиционирање и добра брзина. Главно игра на позицијата централен играч од средниот ред, но често бил користен и како централен дефанзивец, особено во дресот на Вест Хем.

Кариера

Почетоци

Кујате ја започнал неговата фудбалска кариера во 1996 година во неговиот роден град со екипата Јаго Дакар и бил скаутиран од страна на белгискиот клуб ФК Брисел. Во септември 2006 година тој заминал во Брисел на проби со клубот, а откако се покажал како ветувачки талент за во иднина му бил понуден договор во јануари следната година.[1]

Во текот на следната сезона 2007-2008, тој го направил своето деби за првиот тим на ФК Брисел под водство на тренерот Албер Картје, во поразот со 7-2 на гостувањето кај Вестерло. Од тој натпревар, тој одиграл уште девет натпревари по ред во Белгиската прва лига завршувајќи ја својата прва професионална сезона со 10 настапи без постигнат гол.[2] Сепак, кон крајот на месец март се здобил со тешка повреда која го оддалечила од терените до крајот на сезоната. Додека минувал низ периодот на рехабилитација, тој не бил платен од страна на одборот на клубот. Тоа го разбеснело Кујате, кој барал од клубот да го ослободи од договорот за да може како слободен играч да потпише за Андерлехт, но Брисел не сакал да го испушти сенегалецот бесплатно и доставиле тужба. На крајот судот досудил во корист на Кујате кој добил право да го раскине својот договор со Брисел.

Андерлехт

Кујате на тренинг со Андерлехт.

Во јули 2008, Кујате со слободен трансфер потпишал четиригодишен договор со екипата на Андерлехт.[3] Клубот веднаш потоа го позајмил Кујате на Кортријк до крајот на сезоната, каде тој одиграл 30 натпревари во лигата и купот и постигнал 3 гола.

По враќањето во Андерлехт во летото 2009, сенегалскиот играч од средниот ред добил повеќе можности за игра кај тренер Ариел Јакобс. Својот прв гол за виолетовите го постигнал на 21 март 2010, во победата со 4-0 нагостувањето против Локерен. Во својата прва сезона со Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство. Во јули 2010 година тој му помогнал на клубот да триумфира во Суперкупот на Белгија против Гент, постигнувајќи го единствениот погодок во натпреварот. Во текот на сезоната 2010-2011 Кујате имал сериозна конкуренција на неговата позиција во американскиот репрезентативец Саша Кљештан, поради што почесто тој бил надвор од теренот. Како резултат на тоа, тој бил претворен во централен дефанзивец. Во сезоната 2011-2012 ја освоил својата втора титула со Андерлехт. Пред почетокот на сезоната 2012-2013 кон Кујате имало сериозен интерес од некој од клубовите од најсилните европски лиги како Њукасл Јунајтед, Зенит и Борусија Дортмунд.[4] Сепак тој останал во Андерлехт и во текот на сезоната формирал одлично дуо со новодојдениот централен дефанзивец, холанѓанецот Брам Нујтинк. На крајот на сезоната 2012-2013 ја освоил третата шампионска титула со Андерлехт на 19 мај 2013, а следната сезона ја освоил и четвртата.

Вкупно, Кујате направил 153 лигашки настапи за Андерлехт, постигнувајќи четири гола во пет сезони во клубот. Тој освоил четири лигашки шампионски титули во Белгија со клубот (2009–2010, 2011–2012, 2012–2013 и 2013–2014) и три Суперкупа на Белгија (2010, 2012, 2013).[2][5]

Вест Хем Јунајтед

Кујате во дресот на Вест Хем во 2014

На 18 јуни 2014 година, Кујате потпишал четиригодишен договор со Вест Хем Јунајтед.[6] Тој го направил своето деби за чеканите на 16 август 2014 година во поразот со 1-0 од Тотенхем. Неговиот настап бил опишан како "импресивен" од страна на БиБиСи.[7] На 28 декември, Кујате го постигнал својот прв гол за Вест Хем во поразот со 1-2 од Арсенал.[8] Неговиот втор гол за сезоната дошол на 8 февруари 2015 година во ремито 1-1 со Манчестер Јунајтед. До крајот на сезоната тој постигнал уште два гола во Премиер лигата, во ремито 2-2 на гости кај Тотенхем и во поразот со 2-1 од Лестер Сити.[9][10] Својата прва сезона во Англија, Кујате ја завршил со 31 настап и 4 гола во Премиер лигата и еден натпревар во ФА Купот.

Кујате со Вест Хем во 2016

Следната сезона тој ја започнал со гол против Арсенал во победата со 2-0 на Емирати на 9 август 2015.[11] Потоа тој бил стрелец и во поразот со 3-4 на домашен терен од Борнмут на 22 август.[12] Својот трет погодок за сезоната го постигнал во последните минути од натпреварот против Норич Сити со кој спасил бод за својот тим во ремито 2-2.[13] Во март 2016 година, Кујате потпишал нов, петгодишен договор со Вест Хем, кој би можел да го задржи во клубот до 2021 година.[14] Во текот на сезоната 2015-2016 Кујате на двапати бил исклучен од игра заради добивање на црвен картон, но и во двата случаи картонот бил поништен од ФА после одигрувањето на натпреварите. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 5 гола во лигата и му помогнал на својот клуб да се пласира во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.

На 4 август 2016 година, Кујате го постигнал првиот гол на новиот стадион на Вест Хем, Олимпискиот стадион во Лондон, кој дошол по само осум минута игра во натпреварот од Лига Европа против Домжале. Тој, исто така, го постигна вториот гол за Вест Хем во натпреварот, а чеканите победиле со 3-0.[15]

Кристал Палас

На 1 август 2018, Кујате се преселил во Кристал Палас за 9.5 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со лондонскиот клуб.[16][17]

Репрезентативна кариера

Кујате бил повикан на возраст од 18 години да настапува во сенегалската репрезентација под 20 години, во истата година кога го направил своето деби за ФК Брисел. Тој постигнал два гола во само три натпревари за селекцијата во 2007 година.

Во февруари 2012 година, Кујате бил повикан во сениорската репрезентација. Во истата година, тој бил избран во Олимписката репрезентацијата на Сенегал за олимписките игри. Тој играл во секој натпревар на Сенегал на турнирот, а неговата репрезентација својот настап го завршила во четвртфиналето.

Тој бил член на репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации 2015[18] и Африканскиот куп на нации 2017. Во моментов Кујате е капитен на својата репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
29-2-2012ДурбанЈужна Африка 0 – 0  СенегалПријателска-
25-5-2012МаракешМароко 0 – 1  СенегалПријателска-
2-6-2012ДакарСенегал 3 – 1  ЛибијаКвал. за СП 2014-
8-9-2012АбиџанБрег на Слоновата Коска 4 – 2  СенегалКвал. за АКН 2013-
13-10-2012ДакарСенегал 0 – 2  Брег на Слоновата КоскаКвал. за АКН 2013-
14-11-2012НијамејНигер 1 – 1  СенегалПријателска-
5-2-2013Сен-Ле-ла-ФореСенегал 1 – 1  ГвинејаПријателска-
14-8-2013Сен-Ле-ла-ФореЗамбија 1 – 1  СенегалПријателска-
7-9-2013ДакарСенегал 1 – 0  УгандаКвал. за СП 2014-
12-10-2013АбиџанБрег на Слоновата Коска 3 – 1  СенегалКвал. за СП 2014-
5-3-2014Сен-Ле-ла-ФореСенегал 1 – 1  МалиПријателска-
25-5-2014КаружСенегал 3 – 1  КосовоПријателска-
5-9-2014ДакарСенегал 2 – 0  ЕгипетКвал. за АКН 2015-
10-9-2014ГаборонеБоцвана 0 – 2  СенегалКвал. за АКН 2015-
15-11-2014КаироЕгипет 0 – 1  СенегалКвал. за АКН 2015-
19-11-2014ДакарСенегал 3 – 0  БоцванаКвал. за АКН 2015-
9-1-2015КазабланкаСенегал 1 – 0  ГабонПријателска-
13-1-2015КазабланкаСенегал 5 – 2  ГвинејаПријателска-
19-1-2015МонгомоГана 1 – 2  СенегалАКН 2015 - 1 фаза-
23-1-2015МонгомоЈужна Африка 1 – 1  СенегалАКН 2015 - 1 фаза-
27-1-2015МалабоСенегал 0 – 2  АлжирАКН 2015 - 1 фаза-
28-3-2015Ле АврСенегал 2 – 1  ГанаПријателска-
13-6-2015ДакарСенегал 3 – 1  БурундиКвал. за АКН 2017-
5-9-2015ВиндхукНамибија 0 – 2  СенегалКвал. за АКН 20171
13-10-2015АлжирАлжир 1 – 0  СенегалПријателска-  66'
13-11-2015АнтананаривоМадагаскар 2 – 2  СенегалКвал. за СП 2018-  80'
17-11-2015ДакарСенегал 3 – 0  МадагаскарКвал. за СП 20181  87'
26-3-2016ДакарСенегал 2 – 0  НигерКвал. за АКН 2017-
28-5-2016КигалиРуанда 0 – 2  СенегалПријателска-  72'
4-6-2016БужумбураБурунди 0 – 2  СенегалКвал.за АКН 2017-
3-9-2016ДакарСенегал 2 – 0  НамибијаQCoppa Africa-
8-10-2016ДакарСенегал 2 – 0  Брег на Слоновата КоскаQMondiali-  83'
12-11-2016ПолокванеЈужна Африка 2 – 1  СенегалQMondiali-
11-1-2017БразавилКонго 0 – 2  СенегалПријателска-
15-1-2017ФрансвилТунис 0 – 2  СенегалАКН 2017 - 1 фаза-  88'
19-1-2017ФрансвилСенегал 2 – 0  ЗимбабвеАКН 2017 - 1 фаза-  84', 32'
29-1-2017ФрансвилСенегал 0 – 0  КамерунАКН 2017 - Четвртфинале-  109', 93',
ВкупноНастапи37Голови2

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 2 мај 2017.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2007-2008 БриселПро100КБ00------100
2008-2009 КортријкПро263КБ40------303
2009-2010 АндерлехтПро16+5[19]1+0[19]КБ31ЛЕ90---332
2010-2011Про14+9[19]0+1[19]КБ20ЛШ+ЛЕ3[20]+40СБ11332
2011-2012Про28+10[19]0КБ00ЛЕ100---480
2012-2013Про23+10[19]1+0[19]КБ40ЛШ6[21]0СБ00451
2013-2014Про28+10[19]0+1[19]КБ20ЛШ60СБ10471
Вкупно Андерлехт109+44[19]2+2[19]111400212066
2014-2015 Вест Хем ЈунајтедПЛ314ФАКуп+ЛК1+00------324
2015-2016ПЛ335ФАКуп+ЛК5+10ЛЕ20---415
2016-2017ПЛ291ФАКуп+ЛК0+20+1ЛЕ32---344
Вкупно Вест Хем Јунајтед94109152--10813
Вкупно во кариерата283172414522135421

Титули

Клупски

Андерлехт

  • Белгиска Про лига : 4
2009–2010, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014
  • Суперкуп на Белгија : 3
2010, 2012, 2013

Репрезентативни

Сенегал
Камерун 2021

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица