Бил Клинтон

Вилијам Џеферсон „Бил“ Клинтон (англ. William Jefferson "Bill" Clinton, родено име: Вилијам Џеферсон Блајт III), бил 42. претседател на САД. Своето претседателство го започнал по крајот на Студената војна во 1993. година. Бил еден од најмладите претседатели на САД, и првиот претседател од Бејби-бум генерацијата на САД. Неговата сопруга, Хилари Клинтон во моментов (јули 2009) е државен секретар на САД.

Бил Клинтон
Bill Clinton
Бил Клинтон


42. претседател на САД
Мандат
20 јануари 1993 – 20 јануари 2001
ПретходникЏорџ Х.В. Буш
СледбеникЏорџ В. Буш

Роден19 август 1946
Хоуп, Арканзас
ПартијаДемократска
СопружникХилари Клинтон
РелигијаПротестант
Потпис

Бил Клинтон потекнувал од скромно семејство со еден родител. Завршил правен факултет на престижниот универзитет Јеил, а пред да стане политички активен, имал адвокатска канцеларија. На претседателската функција дошол откако претходно бил гувернер на Арканзас

Неговото претседателство го карактеризирале низа социјални мерки, поради што бил омилен кај народот. Во неговото претседателство, САД имале буџетски суфицит и континуиран повеќегодишен економски раст. Поради ова, неговата популарност во текот на целиот мандат била над 50%, а кога ја напуштал функцијата имал популарност од 66%, што е единствен случај во историјата на САД.

И покрај својата популарност, бил повикан на одговорност и суден од Сенатот во 1999. поради давање лажна изјава во истрагата против него поради сексуална врска со Моника Левински - волонтерка вработена во Белата куќа. При гласањето, Сенатот не успеал да постигне двотретинско мнозинство потребно за да го разреши претседателот.

Кај нас ќе остане запаметен по тоа што со воена интервенција, а потоа и со преговорите спонзорирани од САД, ставил крај на Граѓанската војна во БиХ во 1995. со Дејтонскиот мировен договор. Покрај тоа, негова заслуга е и отворањето на патот за осамостојување на Косово, по бомбардирањето на Србија поради етничкото чистење во 1999. година и воспоставувањето на меѓународен протекторат на Косово.

Наводи


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица