Бофорова скала

скала на збрина на ветерот

Бофорова скала (понекогаш Бофортова скала) — емпириска мерка за брзина на ветрот според неговото дејство на море и на копно.

Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала.

Историја

Скалата е осмислена во 1805 г. од ирскиот хидрограф (подоцна контраадмирал) Френсис Бофорт или Бофор, офицер на Британската воена морнарица, додека служел на бродот „Вулич“. Скалата која го носи неговото име има долг и сложен развој, засновајќи се на работата на други (вклучувајќи го Даниел Дефо во претходниот век). Службено е усвоена кога Бофорт служел како хидрограф на морнарицата во 1830-тите. За првпат употребена во патувањето на бродот „Бигл“ под водство на капетанот Роберт Фицрој, подоцна основач на првата метеоролошка служба на Британија одговорна за редовни временски прогнози.[1] Во XVIII век поморските офицери редовно го набљудувале времето, но без стандардна скала заклучоците биле мошне субјективни. Бофорт успеал да ја стандардизира оваа скала.

Френсис Бофорт

Првичната скал од 13 степени (0-12) не ја зема предвид брзината на ветрот туку се однесува на неговото дејство врз едрата на фрегата, тогаш главен брод на Британската морнарица, од „едвај доволно за да придвижува“ до „таков што ниедни платнени едра не можат да го издржат“.[2]

Скалата е воведена како стандардна за сите британски бродски дневници кон крајот на 1830-те. Во 1850-тите била усвоена за копнена употреба, каде степените се изразувале во вртежи на анемометарот. Во 1853 г. Бофоровата скала е прифатена за општа употреба на Првата меѓународна метеоролошка конференција во Брисел.[3]

Во 1916 г. секој степен од скалата добил опис според поведението на морето наместо на едрата поради сè поретката употреба да едра во поморството. Внесен е и опис за поведението на ветровите на копно. Односот на вртежите со степените на скалата се стандардизирани дури во 1923 г. За сето ова бил заслужен Џорџ Симпсон, директор на Британската метеоролошка служба.[1] Неколку десетлетија подоцна мерките биле малку изменети за да се прилагодат на потребите на метеоролозите. Денес во метеорологијата брзината на ветрот се изразува во километри или милји на час, а во поморството и воздухопловдството се користат јазли; сепак, Бофоровата скала наоѓа повремена употреба во прогнозите за товарни бродови[4] и јавни предупредувања за невреме.[5]

Проширена скала

Бофоровата скала е проширена во 1946 г. со додавање на 13. и 17. степен.[3] Меѓутоа, овие степени важат само за посебни случаи како тропски циклони. Денес оваа проширена скала се користи само во Тајван и НР Кина, каде тајфуните се чести. Меѓународниот правилник пропишува само 12 степени и не се занимава со проширената скала.[6]

Брзината на ветрот според Бофоровата скала од 1946 г. се заснова на емпирискиот однос:[7]

  • v = 0,836 B3/2 м/с
  • v = 1,625 B3/2 јазли ( )

каде v е еквивалентата брзина на ветар на 10 метри надморска височина, а B е бројот на степенот. На пример, B = 9,5 значи 24,5 м/с, што е еднакво на долната граница на „10 Бофорови“. Според оваа формула, најсилните ветришта во ураганите би биле од 23. степен. Торнадата од F1 на Фуџитината скала и од T2 на TORRO-скалата исто така почнуваат од крајот на 12. степен од Бофоровата скала, но како скали се независни од неа (иако вредностите на TORRO-скалата се засноваат на степенов закон од 3/2 во однос на ветровата брзина на Бофоровата.[8]

Висината на брановите се однесува на условите на отворено море, а не покрај брегот.

Опис на скалата

Бофорова скала[9][10][11][12]
Бофоров
број
ОписБрзина на ветротВисина на
брановите
Дејство на мореДејство на копноДејство на море
(слика)
Симбол на
метеокарти
0Мирно< 1 јазол
< 2 км/ч
< 0,5 м/с
0 мМорето е како стаклоЧадот се издига исправено
1Пиркање1 – 3 јазли
2 – 5 км/ч
0,5 – 1,5 м/с
0 – 0,3 мМрешкање со бранчиња, без пенести грбовиПравецот на ветерот се забележува од чад, но не на ветроказ
2Лесно ветре4 – 6 јазли
6 – 11 км/ч
1,6 – 3,3 м/с
0,3 – 0,6 мМали бранчиња кои се кратки, но сепак изразени; грбовите имаат стаклест изглед, но не се прекршуваатВетрот се чувствува на лицето; лисјата шушкаат; ветроказот се движи
3Слаб ветар7 – 10 јазли
12 – 19 км/ч
3,4 – 5,5 м/с
0,6 – 1,2 мГолеми бранчиња; грбовите почнуваат да се прекршуваат; пена со стаклест изглед; можеби расеани бели гривиЛисјата и малите гранчиња се во постојано движење; лесни знамиња се исправаат
4Умерен ветар11 – 16 јазли
20 – 28 км/ч
5,5 – 7,9 м/с
1 – 2 мМали бранови што се издолжуваат; прилично чести бели гривиКрева прашина и листови хартија; поместува помали гранки
5Свеж ветар17 – 21 јазли
29 – 38 км/ч
8 – 10,7 м/с
2 – 3 мБрановите се умерени но изразено долги; се образуваат многу бели гриви; можност за прскањеПочнуават да се нишаат мали дрвца и листови; грбави бранчиња во слатки води
6Силнен ветар22 – 27 јазли
39 – 49 км/ч
10,8 – 13,8 м/с
3 – 4 мПочнува образување на големи бранови; белите пенливи грбови насекаде се поголеми; веројатно извесно прскањеДвижење на големи гранки; се слуша свирење во телеграфски жици; чадорите тешко се користат
7Жесток ветар,
умерена луња,
речиси луња
28 – 33 јазли
50 – 61 км/ч
13,9 – 17,1 м/с
4 – 5,5 мМорето се насобира; пената налегнува во пруги во правец на ветрот; брановите почнуваат да се расплескуваатЦели дрвја се движат; чекорењето спротив ветрот е потешко
8Луња,
свежа луња
34 – 40 јазли
62 – 74 км/ч
17,2 – 20,7 м/с
5,5 – 7,5 мУмерено високи бранови со поголема должина; рабовите на грбовите се расплескуваат; пената се оддувува во јасно изразени пруги долж ветротГранчињата се кршат од дрвјата; општа пречка за патување
9Силна луња41 – 47 јазли
75 – 88 км/ч
20,8 – 24,4 м/с
7 – 10 мВисоки бранови; густи млазови од пена долж ветрот; морето почнува да се лула; прскањето ја засега видливостаМало структурно оштетување (паѓаат ќерамиди)
10Бура,[13]
полна луња
48 – 55 јазли
89 – 102 км/ч
24,5 – 28,4 м/с
9 – 12,5 мМногу високи бранови со долги надвиснати грбови; направената пена во големи груки се оддувува во густи бели млазови во насока на ветрот; сета морска површина е бела на изглед; лулањето ставнува силно; видливоста е попреченаРетка појава на копно; дрвјата се корнат; значителни штети на градбите
11Жестока бура56 – 63 јазли
103 – 117 км/ч
28,5 – 32,6 м/с
11,5 – 16 мИсклучително високи бранови; малите до средни бродови долго време може да бидат затскриени зад брановите; морето е прекриено со долги бели траги од пена; рабвите на грбовите насекаде се распрснуваат во пена; видливоста е попреченаМногу ретка појава; обично причинува масовни штети
12Ветар со
ураганска сила[13]
≥ 64 јазли
≥ 118 км/ч
≥ 32,7 м/с
≥ 14 мВоздухот се полни со пена и прсканици; морето е сосема бело со силно пркање; видливоста е многу попреченаПустош

Поврзано

  • Подобрена Фуџитина скала
  • Фуџитина скала
  • Сафир–Симпсонова скала
  • TORRO-скала
  • Вонтропски циклон

Наводи

  • Huler, Scott (2004). Defining the Wind: The Beaufort Scale, and How a 19th-Century Admiral Turned Science into Poetry. Crown. ISBN 1-4000-4884-2.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица