31 август

датум
<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024

31 август — 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(244-и во престапна година).Остануваат 122 денови до крајот на годината.

Шарл Пјер Бодлер (9 април 1821 - 31 август 1867) е еден од најголемите и највлијателните француски поети на XIX век.

Настани:

1942 Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962 Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1983 Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919 Амрита Притам — индиска писателка.
1928 Џејмс Кобурн — американски глумец.
1937 Васко Ташковски — македонски сликар.
1945 Ван Морисон — северноирски рок-музичар.
1949 Ричард Гир — американски глумец.
1955 Едвин Мозес — американски атлетичар.
1970 Никола Груевскипремиер на Македонија.
1975 Сара Рамирес — мексиканско-американска глумица.
1982 Пепе Рејна — шпански фудбалски голман.
1984 Мати Брешел — дански велосипедист.
1984 Тед Лигети — американски скијач.
1988 Давид Оспина — колумбиски фудбалски голман.
1989 Салваторе Пучо — италијански велосипедист.
1991 Морено Хофланд — холандски велосипедист.
1992 Николас Таљафико — аргентински фудбалер.
1993 Пабло Мари — шпански фудбалер.
1997 Дика Мем — француски ракометар.
1999 Миомир Кецмановиќ — српски тенисер.

Починале:

577 Јован III Схоластик — цариградски патријарх.
1795 Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.
1867 Шарл Бодлер — француски поет.
1930 Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.
1941 Марина Цветаева — руска поетеса.
1963 Жорж Брак — француски сликар.
1973 Џон Форд — американски филмски режисер.
1983 Сашка Петковска - Липша — македонска пејачка на поп-музика.
1986 Хенри Мур — британски вајар.
1997 Дијана — Принцеза од Велс.
2002 Лајонел Хемптон — американски џез-музичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица