Втора чеченска војна

Втората чеченска војна, во подоцнежна фаза попозната како Војната во Северен Кавказ,[20] е војна која била започната од воените сили на Руската Федерација на 26 август 1999 година, како одговор на Дагестанската војна од страна на Исламската меѓународна бригада.

Втора чеченска војна
Датум 26 август 1999 - мај 2000[1]
Insurgency phase: June 2000 – 16 April 2009
МестоЧеченија, Русија
Исходруска победа
  • Воспоставување на руска контрола
  • Бунт на Северен Кавказ
Завојувани страни
 Русија Ичкерија
Кавкаски фронт
Мухаџедини
Саудиска Арабија Саудиска Арабија
Команданти и водачи
Владимир Путин
Игор Сергеев
Виктор Казанцев
Генадиј Трошев
Владимир Болдирев
Александар Баранов
Анатолиј Сердјуков
Сергеј Иванов
Николај Патрушев
Валентин Корабелников
Анатолиј Квашнин
Јуриј Балуевски
Ахмад Кадиров 
Алу Алканов
Сулим Јамадаев
Рамзан Кадиров
Сергеј Абрамов
Муху́ Али́ев
Аслан Маскадов 
Абдул Халим Садулаев 
Доку Умаров
Асланбек Абдулхаџиев
Илјас Ахмадов
Турпал-Али Атгериев 
Ахмад Авдорханов 
Сила
80,000 во 199922,000 во 1999[2]
Жртви и загуби
3,725 војници,[3][4][5]
2,600 полицајци,[6][7][8][9][10][11]
1,072 чеченски офицери[12][13]
106 специјалци[14]
Вкупно: 7,503*
14,113 војници (1999-2002)[15]
2,186 војници (2003-2009)[16]
Вкупно: 16,299
Цивили:
До 25,000 убиени и 5,000 "исчезнати" во Чеченија [Amnesty International),[17]
Estimate 50,000 killed in Chechnya (GfbV estimate),[18]
More in neighbouring regions,
More than 600 killed during attacks in Russia proper.
Total killed military/civilian: 54,402–74,402
*Според Унијата на мајките од Русија, во војната имало убиено повеќе од 14,000 Руси[19]

На 1 октомври руските сили влегле во Чеченија.[21][22]. Кампањата на руските сили завршила со де факто независност на Ичкерија и враќање на територијалниот интегритет и контрола на руските власти. И покрај тоа што конфликтот се смета за внатрешен во рамките на Руската Федерација, војната привлекла големо влијание, а привлекла и голем број на странски волонтерски војници.

Во текот на почетната фаза од конфликтот, руските воени сили и проруските чеченски паравоени сили започнале отворена борба со чеченските сепаратисти во градот Грозни, кој напад резултирал со ставање под опсада на истиот кој траел од крајот на 1999 година до февруари 2000 година. Во мај 2000 година, руските сили воспоставиле контрола врз Чеченија, но војната во Северен Кавказ продолжила уште цели девет години. Чеченските бунтовници по падот на Чеченија започнале да извршуваат терористички напади против цивилното население во Русија. Овие напади предизвикале меѓународна осуда.

Започнувајќи од 2009, борбрните дејствија со чеченските сепаратисти престанале. Градот Грозни од неодамна претрпел голема реконструкција така што голем дел од градот и од околните области биле обновени. Сепак, насилството во Северен Кавказ сѐ уште постои. Привремени напади биле регистрирани од страна на руските власти, и истите сѐ уште се случуваат[23][24].

На 16 април 2009 година, операциите и битките против тероризмот официјално завршиле[1]. Најголемиот дел од руската армија била повлечена, а товарот за справување со последните низа на препукувања останал врз локалната полиција. Три месеци оподоцна, протераниот водач на сепаратистичката влада, Ахмед Закаев повикал за прекин на огнот и вооружениот отпор против полицијата на чеченските сили започнувајќи од 1 август, и изјавил дека од тој ден Чеченците никогаш повеќе нема да пукаат едни кон други[25].

Точниот број на загинати од овој конфликт е непознат. Според слободни проценки, бројот се движи од 25,000 до 50,000 загинати или исчезнати, главно цивили од Чеченија. Руските жртви се над 5,200[26] и околу 11,000 според комитетот на мајките на војниците[27].

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица