Радован Павловски

Радован Павловски (Ниш, 23 ноември 1937Скопје, 22 февруари 2022) — македонски поет, есеист, патописец и публицист.

Радован Павловски
Роден/а23 ноември 1937
Ниш, Кралство Југославија (денес Србија)
Починат/а22 февруари 2022
Скопје, Македонија
Значајни награди„Браќа Миладиновци“
11 Октомври
„Кочо Рацин“
„Повелба на печалбарите“
„Гоцева повелба“
Ацо Шопов

Животопис

Павловски потекнува од гостиварското село Железна Река. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 - 1985), а во 1985 година се преселил во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија[1], на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија. Од 1985 година бил во брак со македонската сликарка Јулијана Поповска - Павловска († 2011). Павловски починал на 22 февруари 2022 година во Скопје.[2]

Творештво

Павловски е автор е на книгите: Суша, свадба и селидби (поезија, 1961), Корабија (поезија, 1964), Високо пладне (поезија, 1966), Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот (поезија, 1971), Сонце за кое змијата не знае (поезија, 1972), Пир (поезија, 1973), Зрна (поезија, 1975), Молњи (поезија, 1978), Стражи (поезија, 1980), Чума (поезија, 1984), Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Клучеви (поезија, 1986), Марена (поезија, 1986), Избрани дела во три тома (1986), Темелник (поезија, 1988), Зрна, Молњи и Клучеви (трилогија, 1989), Бог на утрото (поезија, 1991), Што може поезијата (есеи, 1993), Вселенски деца (поезија за деца, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Јавач на звукот (поезија, 1995), Порака на поетот до сите поети на светот - Струшки вечери на поезијата (1995), Синот на Сонцето (поезија, 1999), На едно око (поезија, 2002), Се случува вечност (поезија, 2014).

Исто така, тој е автор на манифестите: Епското на гласање (соавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република Железна Река (1990).

За своето творештво, Павловски е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“,[3] на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесеттата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија.

Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица