Глуварче

род растенија од фамилијата на главоцветните
Глуварче
Сложен цвет (горе) и семеносна топка (долу)
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Ред:Ѕвездовидни
Семејство:Главоцветни
Племе:Голици
Род:Глуварче
F. H. Wigg.
Типски вид
Taraxacum officinale [1]
F. H. Wigg.

Глуварче[2], млечка[3] или млечна козица (науч. Taraxacum) — голем род на цветни растенија од фамилијата на главоцветните (Asteraceae) со потекло од Евроазија, Северна и Јужна Америка. Од нив, обичното (T. officinale) и црвеносеменото глуварче (T. erythrospermum) се среќаваат како плевел ширум целиот свет.[4] Обата се целосно погодни за исхрана.[5] Како и другите членови на фамилијата штитоцветни, глуварчињата имаат голем број мошне ситни цветчиња сместени во соцветие. Многу видови го создаваат семето бесполово (со апомиксија, односно без опрашување) и затоа секое ново поколение е генетски истоветно со родителите.[6]

Опис

Членовите на овој род се двегодишни или повеќегодишни зелјести растенија од умерени подрачја на стариот и Новиот Свет.

Листовите се долги 5–25 см (или повеќе), прости и целосни или со залистоци. Имаат розовиден распоред над глацниот корен. Соцветијата се жолти до портокалови, отворени дење и затворени ноќе. Стојат на шупливо стебленце што се издига 1–10 см (или повеќе)[4] над листовите и лачи гумена млеч (латекс) ако се поткрши. Едно растение може да има неколку вакви стебленца. Соцветијата имаат пречник од 2–5 см и се состојат зрачно поставени цветчиња. Кога ќе узреат, соцветијата стануваат топчести семеносни глави[7] со голем број едносемени плодови наречени ахени. Секоја семка има „падобранче“ со тенки влакненца (папус) која овозможува расејување на големо растојание со помош на ветерот.

Соцветијата се обиколени со прицветници во две низи. Внатрешните прицветници се испаравени додека не узрат семињата, а потоа се наведнуваат за да ги расеат. Надворешните секогаш се наведнати. Дршките на падобранчињата се издолжуваат со созревањето на семето и потоа лесно се одвојуваат од него.

Разнесување на семињата

Повеќе видови глуварчиња се шират со значителна брзина и виреат на буништа и соголена почва. Ова особено важи за обичното глуварче. Кога ќе заврши цветањето, соцветието се суши во текот на еден до два дена. Сувите делови овенуваат и паѓаат, прицветниците се свиваат наназад и излегува топка од падобранчиња со семки.

Лажни глуварчиња

Соцветија на четинарката која е површно слична на глуварчето

Постојат разни слични растенија со жолти цветови од фамилијата на главоцветните кои се нарекуваат „лажни глуварчиња“. Особено слично на глуварчето е мачкиното уво (Hypochaeris). Обете имаат слични цветови и семки на падобранчиња Разликата е во тоа што глуварчето има единечно неразгрането шупливо стебленце, без влакненца и листови, додека пак мачкиното уво има разгрането и цврсто стебленце со прицветници. Листовите кај глуварчето се мазни, а кај мачкиното уво се влакести.

Површни сличности со глуварчето имаат и јастребинката (Hieracium) и четинарката (Crepis), но видно се разликуваат по разгранетите цветни стебленца што обично имаат влакненца и листови.

Класификација

Родот е таксономски сложен. Некои ботаничари го делат родот 34 макровидови и околу 2000 микровидови.[8] Во Британија и Ирска се забележани приближно 235 апомиксни и полиплоидни микровидови.[9] Некои стручњаци даваат мошне потесна дефиниција, прифаќајќи само 60 вида.[8]

Примена

Динстано глуварче со кафеав ориз

Во исхраната

Глуварчињата се собирале како прехранбена состоја уште од праисторијата, а почнале да се одгледуваат во Евроазија. Листовите се кинат и повторно растат бидејќи глуварчето е повеќегодишно растение. Се приготвуваат со бланширање за да се отстрани горчината.[10] или се динстаат како спанаќот.[11] Листовите и цветовите на глуварчето се составен дел од сефардската, кинеската и корејската кујна. Се приготвуваат и како салата.

Од цветните ливчиња се правати се прави сок, а од корењата се прави напиток налик на чај или кафе.[12]

Листовите изобилуваат со витамините А, Ц и К, калциум, калиум, железо и манган.[13]

Лековити својства

Глуварчето низ историјата се ценело како растение со различни лековити својства поради тоа што содржи најразлични фармаколошки активни соединенија.[14] Застаоено е во треварството во Европа, Северна Америка и Кина[14] како лек за инфекции и проблеми со жолчката и црниот дроб,[14] и како диуретик.[14]

Корист во градинарството

Во градинарството, глуварчето важи за благотворен плевел со голем број намени и може да биде добро придружно растение. Бидејќи корењата им се длабоки, глуварчињата ги земаат хранливи состојки од подолните слоеви и ги ставаат на располагање на растенијата со поплитки корења. Ја збогатуваат почвата со минерали и азот, привлекуваат инсекти-опрашувачи и испуштаат етилен кој помага при созревањето на плодовите.[15]

Глуварчето е познато медоносно растение во пчеларството.

Извор на гума

При повредување на ткивото, глуварчето лачи гумодајна млеч. Дивите видови даваат малку млеч и начелно, количината во голема мера се разликува. Во Германија е создадена сорта погодна за добивање на гума. Добиената млеч има исти својства како каучук од каучуково дрво.[16] и веќе се испробува за употреба за автомобилски гуми.[17]

Глуварчето како тема во уметноста и во популарната култура

Некои видови

  • Taraxacum albidum — белоцветно глуварче.
  • Taraxacum californicum — калифорниско глуварче
  • Taraxacum centrasiaticum — сјинџаншко глуварче
  • Taraxacum platycarpum — корејско глуварче
  • Taraxacum japonicum — јапонско глуварче
  • кок-сагиз — казашко глуварче (гумодајно)[21]
  • Taraxacum laevigatum — црвеносемено глуварче
  • Taraxacum erythrospermum (често се смета за разновидност на црвеносеменото)[22]
  • Taraxacum officinale (syn. T. officinale subsp. vulgare) — обично глуварче. се среќава во разни облици.
  • Taraxacum ceratophorum — северноамериканско глуварче[23]

Галерија на видови

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица