Данил Медведев

руски тенисер

Данил Сергеевич Медведев (роден на 11 февруари 1996 г.) — руски професионален тенисер.

Данил Медведев
Медведев во 2019 година
ИмеДанил Сергеевич Медведев
Земја Русија
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на11 февруари 1996(1996-02-11)(28 г.)
Роден воМосква, Русија
Спорт Тенис
Висина1.98 м [1]
Професионалец2014
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Жил Сервара
Заработка$ 22,126,356 [2]
Поединечно
Победи-порази226–100
Титули13
Највисок пласманБр. 2 (15 март 2021)
Сегашен пласманБр. 2 (17 јануари 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенФ (2021)
Ролан ГаросЧФ (2021)
Вимблдон4К (2021)
УС ОпенП (2021)
Други турнири
Мастерс купП (2020)
Олимписки игриЧФ (2020)
Во двојки
Победи-порази16–21
Титули0
Највисок пласманБр. 170 (19 август 2019)
Сегашен пласманБр. 227 (17 јануари 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан Гарос1К (2017)
УС Опен2К (2017)
Ажурирано на: 17 јануари 2022.

Тој е моментално светски бр. 2 играч во светот според Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП), што е негов најдобар пласман, прв пат стекнат во март 2021 година. Во кариерата, Медведев има освоено 13 АТП титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи гренд слем титула на Отвореното првенство на САД 2021 и титула на АТП Мастерс купот во 2020 година. Со победата на завршниот АТП Мастерс куп во 2020 година, Медведев станал прв и единствен играч во историјата која ги поразил најдобрите три рангирани играчи во светот на патот до титулата во ова натпреварување. Тој исто така бил финалист на Отвореното првенство на САД 2019 и на Отвореното првенство на Австралија 2021.

Медведев дебитирал на АТП турнејата во 2015 година, во двојки на Купот на Кремаљ во Москва. Во 2016 година, тој ја забележал својата прва АТП победа на Отвореното првенство на Хертогенбош. Следната година, тој за прв пат учествувал на гренд слем турнир, и тоа на Вимблдон 2017, каде го победил светскиот бр. 3, Станислас Вавринка. Во 2018 година, Медведев ги освоил своите први АТП титули, во Сиднеј и Винстон-Салем, и првата АТП 500 титула на Отвореното првенство на Јапонија. Тој направил пробив во 2019 година, пласирајќи се во најдобрите десет играчи во светот и стигнувајќи до шест едноподруго АТП финалиња, вклучително и финалето на Отвореното првенство на САД. Медведев и Александар Зверев се единствените активни играчи покрај големата тројка со освоени четири АТП Мастерс 1000 титули.

Медведев практикува одбранбен стил на игра со рамни удари од основната линија. Тој поседува силен сервис кој достигнува брзина до 230 км/ч, но исто така е познат и како еден од најдобрите враќачи на сервиси. Неговата игра се базира на долги поени и малку неизнудени грешки.[3][4]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица