11 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

11 февруари — 42-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 323 денови до крајот на годината (324 во престапна).

Настани:

660 п.н.е. Според преданијата, царот Џиму ја основал Јапонија. Денес е Ден на државноста на Јапонија.
55 Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот.
1531 Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква.
1919 Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија.
1929 Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пиј XI и Италија, основана е ватиканската држава. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945 Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации.
1990 Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник.
1997 Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на „Хабл“.

Родени:

1800 Вилијам Фокс Талбот — англиски пионер во фотографијата.
1847 Томас Алва Едисон — американски техничар и пронаоѓач.
1902 Арне Јакобсен — дански архитект.
1935 Џин Винсент — американски рокенрол музичар.
1936 Берт Рејнолдс — американски глумец.
1944 Лордан Зафрановиќ — хрватски режисер.
1953 Александар Генис — руско-американски писател.
1954 Злата Петковиќ — српска глумица.
1959 Милко Симовски — македонски фудбалер.
1962 Шерил Кроу — американска поп-рок музичарка.
1964 Семир Туце — босански и југословенски фудбалер.
1967 Чиро Ферара — италијански фудбалер.
1969 Џенифер Анистон — американска глумица.
1974 Себастјен Ино — француски велосипедист.
1981 Хуан Хосе Кобо — шпански велосипедист.
1981 Ариц Адуриз — шпански фудбалер.
1983 Рафаел ван дер Варт — холандски фудбалер.
1984 Марко Маркато — италијански велосипедист.
1991 Никола Миротиќ — црногорско-шпански кошаркар.
1994 Роман Зобнин — руски фудбалер.
1996 Лукас Тореира — уругвајски фудбалер.
1996 Данил Медведев — руски тенисер.
2001 Брајан Хил — шпански фудбалер.

Починале:

1650 Рене Декарт — француски филозоф, математичар и физичар.
1935 Германос Каравангелис — грчко духовно лице.
1948 Сергеј Ејзенштејн — советски режисер.
1953 Урош Предиќ — српски сликар.
1963 Силвија Плат — американска поетеса.
1974 Владимир Смирнов — руски и советски математичар.
1985 Хенри Хатавеј — американски филмски режисер.
1993 Десанка Максимовиќ — српска поетеса.
2000 Роже Вадим — француски филмски режисер.
2012 Витни Хјустон — американска поп-пејачка.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица