Денали

највисока планина во Северна Америка

Денали (којуконски: Denali = „Висока“); до 2015 г. Макинли (англиски: Mount McKinley)[4] — највисока планина во Северна Америка, чиј врв е на надморска височина од 6.168 м и има најголема самостојна висина (од основата до врвот) од сите планини што се издигаат исклучиво над морското ниво.[5] Планината го зазема третото место по истакнатост во светот, по Монт Еверест и Аконкагва. Сместена е во Алјаскиот Венец, во внатрешноста на сојузната држава Алјаска и претстаува главна знаменитост на Националниот парк Денали. Називот „Макинли“ го носела во чест на Вилијам Макинлипретседател на САД од 1897 до 1901 г.

Денали
Denali
Поглед на северната страна на Денали
Највисока точка
Надм. вис.6.168 м  (NGVD 29)[1]
Истакнатост6.144 м [2]
3-та
Заведена какоседум врвови, ултра, највисока во земјата
Географија
Денали на карта

Карта

МестоНационален парк Денали, Алјаска, САД
Матичен венецАлјаски Венец
ТопокартаUSGS Mt. McKinley A-3
Искачување
Прво освојување7 јуни 1913
Хадсон Стак,
Хари Карстенс,
Волтер Харпер
и Роберт Тејтум
Најлесен патпо Западниот Потпорник (искачување по ледник/снег)
Хадсон Стак и Хари Карстенс — водачи на првото успешно искачување на Денали во 1913 г.

Првиот Европеец што ја забележал планината е Џорџ Ванкувер во 1794 г. Во 1903 г. е направен првиот обид за нејзино искачување, но завршил неуспешно. Првото потврдено освојување го напаравиле Хадсон Стак, Хари Карстенс, Волтер Харпер и Роберт Тејтум во 1913 г.[6]

Геологија и особености

Планината е гранитен плутон која се издигнала поради тектонски притисок од Тихоокеанската и Северноамериканската Плоча, истовремено одронувајќи таложен материјал над и околу планината.[7] Силите што ја создале планината предизвикале и многубројни силни земјотреси во Алјаска и на Алеутските Острови. Денес Тихоокеанската Плоча е сеизмички активна под планината.[8]

Поглед на јужната страна на планината

Со висина од 6.168 м, Денали е највисока планина во Северна Америка и се издига 5.500 м. над основата, што значи дека е највисока во светот сметајќи од подножјето.[5] Се издига од накосена рамница на надморска височина од 300-900 м, што значи дека висината ѝ се разликува во зависност од местото на набљудување (во опсег од 0-1000 м).[9] (Од друга страна, Монт Еверест се издига од Тибетската Висорамнина, што значи дека почнува од многу повисоко — 4.200 м до 5.200 м, па затоа Монт Еверест е самостојно висок само 3.700 до 4.700 м. наспроти самостојните 5.500 м на Денали[10] Сепак, Денали има само половина од самостојната висина на вулканот Мауна Кеја (10.020 м), но голем дел од планината е под вода.[11]

Врвови и ледници

Денали има два поважни врва: Јужниот (повисокиот) и Северниот, на н.в. од 5.934 м[7] и топографска истакнатост од околу 387 м.[12] Северниот понекогаш се смета за посебен, но ретко се искачува, освен од северниот приод.

По страните на планината се протегаат пет поголеми ледници: Питерс (северозападна страна), Малдроу (североисточна), Тралејка (источна), Рут (југоисточна) и Кахилтна (југозападна).[13][14]

Искачување

Планината денес редовно се искачува. Во 2003 г. до врвот успешно стигнале 58% од планинарите, со вкупно 100 жртви за период од еден век.[15] Највеќето планинари се искачуваат преку Западниот Потпорник, пронајдена во 1951 г. од истражувачот Бредфорд Вошберн,[6] по внимателни и опширни анализи на авионски снимки. Искачувањето трае 2-4 недели.

Околни планини

Источната страна на Денали гледана од Националниот парк Денали

Во околината на Денали се наоѓаат следниве планини:

  • Форакер
  • Силвертрон
  • Хантер
  • Хантингтон
  • Дики
  • Лосов Заб (Мусес Тут)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица