Душан Влаховиќ

српски фудбалер

Душан Влаховиќ (роден на 28 јануари 2000, во Белград) — српски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на српската репрезентацијата.

Душан Влаховиќ
Лични податоци
Роден на28 јануари 2000(2000-01-28)(24 г.)
Роден воБелград, Србија
ДржаваСрбија Србија
Висина&100000000000001900000001,90 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубЈувентус Јувентус
Број9
Младинска кариера
ОФК Белград ОФК Белград
Партизан Партизан
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2016–2018Партизан Партизан21(1)
2018–2022Фјорентина Фјорентина98(44)
2022–Јувентус Јувентус63(29)
Репрезентација
2015Србија Србија 155(3)
2015Србија Србија 163(1)
2016-2019Србија Србија 1911(6)
2019Србија Србија 214(1)
2020-Србија Србија25(13)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 јануари 2024
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 21 јануари 2024

Технички карактeристики

Сметан за еден од најперспективните играчи на неговата генерација,[1][2] тој е напаѓач со моќна фигура, надарен со извонредна техника, кој може да игра и како прв и како втор напаѓач.[3] Има моќен и прецизен шут со неговата "левица" што му овозможува да постигнува многу голови во и надвор од шеснаесеттникот, но тој исто така е одличен изведувач на пенали и слободни удари.[3]

Клупска кариера

Партизан

Влаховиќ започнал да игра фудбал во фудбалската школа Алтина од Земун.[4] Потоа тој поминал три месеци во ОФК Белград, а одиграл и еден натпревар за јуниорите на Црвена ѕвезда.[5][6]

Во летото 2014 година дошол во Партизан.[7]

Својот прв професионален договор со Партизан го потпишал во февруари 2015, на само 15 години.[8] На почетокот на 2016 година, Влаховиќ бил приклучен во првиот тим на Партизан под водство на тренерот Иван Томиќ и го зел дресот со број 9.[9] Своето деби во првиот тим на Партизан го имал на 21 февруари 2016, во првенствениот натпревар против ОФК Белград. Тој се појавил во игра во 70-тата минута на местото на Исмаел Фофана, и така со 16 години и 24 дена станал најмладиот дебитант во историјата на клубот.[10][11] Во следното коло, Влаховиќ добил шанса да заигра и во вечното дерби, влегувајќи од клупата во 53-тата минута на местото на Валери Божинов па така станал најмладиот дебитант во натпреварите од вечното дерби, престигнувајќи го рекордот кој претходно го држел Лука Јовиќ.[12] Својот прв гол во дресот на Партизан го постигнал на 2 априла 2016, во првенствената победа на домашен терен над Радник Сурдулица со што станал најмладиот стрелец на гол во историјата на клубот (со 16 години, два месеци и пет дена).[13][14] Исто така постигнал гол и во полуфиналето на Купот на Србија, на гостувањето против Спартак Суботица кога Партизан победил со 0-3.[15] Во финалето на купот против Јавор Ивањица, во кое Партизан победил со 2-0, Влаховиќ повторно бил стрелец и го освоил својот прв трофеј во кариерата.[16]

Дебито во европските натпреварувања, Влаховиќ го имал на 21 јули 2016, во реванш натпреварот од 2. коло на квалификациите за Лигата на Европа против Заглебје во Полска.[17] Партизан бил елиминиран по изведување на пенали, па во остатокот од сезоната Влаховиќ играл само во домашните натпреварувања. Во второто коло од српското првенство, во натпреварот против Напредак на гости, Влаховиќ за првпат заиграл за Партизан као стартер.[18] Вкупно во сезоната 2016-2017 одиграл девет натпревари (без постигнат гол), помагајќи им на црно-белите да ја освојат двојната круна.[19]

Фјорентина

Во јуни 2017 година, италијанската Фјорентина официјално објавила дека го купила Влаховиќ од Партизан. Сепак, клубот од Фиренца навел во соопштението дека Влаховиќ нема да се приклучи веднаш во клубот, туку после 28 јануари 2018 кога ќе наполни 18 години.[20] Официјалната промоција во Фјорентина, Влаховиќ ја имал на 22 февруари 2018 година, а право на настап за клубот од 1 јули 2018.[21]

Во летото 2018, Влаховиќ и официјално и се приклучил на Фјорентина. Своето деби за виола го имал на 25 септември 2018, во 6. коло од Серија А, кога влегол во игра од клупата за резерви на местото на Марко Бенаси во 84-тата минута од натпреварот во кој неговиот тим бил поразен со 2-1 на гостувањето кај Интер.[22][23] Така тој станал првиот играч роден во 2000 година или подоцна кој заиграл за Фјорентина во историјата на тосканците.[24][25] Сезоната 2018-2019 ја завршил со вкупно 10 настапи за Фјорентина (сите во Серија А), а во текот на сезоната покрај за првиот тим играл и за примавера тимот на Фјорентина каде имал неколку блескави настапи.[26]

На почетокот на сезоната 2019-2020, Влаховиќ ги постигнал својте први голови (два) во дресот на Фјорентина на 18 август 2019 во победата со 3-1 над Монца во Купот на Италија. Тој влегол во игра во 74-тата минута при водство на Монца од 1-0 и со два гола во 80-тата и 86-тата минута и асистенција за третиот кој го постигнал Федерико Кјеза го свртел резултатот и и овозможил на Фјорентина да мине во следната рунда.[27] Својте први голови во Серија А ги постигнал на 10 ноември 2019 во поразот со 5-2 на гостувањето кај Каљари.[28] На 15 декември 2019, Влаховиќ повторно бил стрелец влегувајќи од клупата, постигнувајќи го изедначувачкиот гол за Фјорентина по една соло акција во 92-рата минута од натпреварот против Интер на Артемио Франки што завршил 1-1.[29][30] Сезоната ја завршил со 6 гола во 30 настапи во првенството.

Во сезоната 2020-2021, Влаховиќ го зел дресот со број девет, и нашол се повеќе простор играјќи како стартер, особено по доаѓањето на Чезаре Прандели на кормилото на клубот од Фиренца.[31][32] На 22 декември 2020, тој го постигнал првиот гол по само три минути игра придонесувајќи за убедливиот успех во Торино против Јувентус (0-3), што значело прва победа на „виолетовите“ во домот на нивниот голем ривал после 12 години од последниот ваков успех.[33][34] На 13 март 2021, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата (станувајќи петти српски играч кој успеал тоа да го направи во Серија А), во првенствениот натпревар против Беневенто (1-4).[35][36] Како сезоната се ближела кон самиот крај така растела формата на Влаховиќ; на 11 април напаѓачот постигнал два гола во поразот на неговата екипа на домашен терен од Аталанта (2-3), а на 25 истиот месец повторно бил стрелец против Јувентус реализирајќи пенал со паненка.[37] Во мај, последниот месец од сезоната, Влаховиќ постигнал два гола во ремито 3-3 на гостувањето кај Болоња и уште два гола во победата со 2-0 на домашен терен против Лацио. Сепак и покрај одличната сезона на србинот кој постигнал 21 гол во првенството,[36] Фјорентина имала уште една во низа разочарувачки сезони завршувајќи на 13-тото место. По завршувањето на првенството, Влаховиќ ја добил наградата за Најдобар млад фудбалер во Серија А.[38]

Неговата добра форма продолжила и во сезоната 2021-2022, постигнувајќи гол во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против Козенца (4-0).[39] Својот прв гол во првенството го постигнал на 28 август 2021 против Торино.[40] На 12 септември, тој постигнал два гола од пенал за Фјорентина во гостинската победа над Аталанта (1-2),[41] додека, на 30 октомври, тој го постигнал својот втор хет-трик во италијанската најсилна дивизија против Специја (3-0).[42] На 20 ноември, тој постигнал два гола во победата со 4-3 на домашен терен над лидерот на табелата Милан нанесувајќи им го првиот пораз во првенството.[43] Под водството на новиот тренер Винченцо Италијано, Влаховиќ играл подобра сезона од претходната постигнувајќи 20 голови само во првиот дел од сеозната во 24 настапи во првенството и купот, што довело до огромен интерес за него од неколку големи европски клубови меѓу кои најзаинтересирани биле Арсенал и Јувентус.[44][45]

Јувентус

На 28 јануари 2022, на својот 22-ри роденден, Влаховиќ потпишал за Јувентус за 70 милиони евра (плус 10 милиони евра во бонуси),[46][47] откако го одбрал клубот од Торино пред Арсенал,[48] кои исто така доставиле официјална понуда до Фјорентина и играчот. На 6 февруари, тој постигнал гол на своето деби во црно-белиот дрес, отворајќи го резултатот во првенствениот натпревар на домашен терен против Верона добиен со 2-0;[49] четири дена подоцна, во првиот натпревар од Купот на Италија во дресот на Јувентус, во самата завршница по неговиот удар топката го погодила Руан Тресолди и завршила во мрежата, автогол кој им донел победа на бјанконерите од 2-1 над Сасуоло и пласман во полуфиналето.[50] На 22 февруари, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, во првиот натпревар од осминафиналето на гостински терен против Виљареал (1-1):[51] откако постигнал гол за 0-1 по само 32 секунди од почетокот на натпреварот, тој станал првиот играч на Јувентус кој постигнал гол на своето деби во нокаут фазата од Лигата на шампионите и втор најбрз, по Алесандро Дел Пјеро (20"), а исто така и втор најбрз стрелец на своето деби во ова натпреварување, заостанувајќи само зад Евгениј Конопљанка (19").[52] Четири дена подоцна, тој постигнал два гола во победата на гости против Емполи (2-3).[53]

Репрезентативна кариера

Откако ги претставуваше селекциите на Србија под 15, под 16 и под 19 години, на 6 септември 2019 година, тој дебитирал за српската репрезентација под 21 година во поразот со 1-0 на гости против врсниците од Русија.[54]

Своето деби во сениорската репрезентација го имал на 11 октомври 2020 година, на 20-годишна возраст, во поразот со 0-1 од Унгарија во Белград во УЕФА Лигата на нации.[55] Последователно во истото натпреварување, на 18 ноември, играјќи за прв пат како стартер, тој го постигнал својот прв гол за државната репрезентација, во победата со 5-0 на домашен терен против Русија.[56]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
11-10-2020БелградСрбија 0 – 1  УнгаријаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  66'
14-10-2020ИстанбулТурција 2 – 2  СрбијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  75'
15-11-2020БудимпештаУнгарија 1 – 1  СрбијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  79'
18-11-2020БелградСрбија 5 – 0  РусијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1  60'
24-3-2021БелградСрбија 3 – 2  ИрскаКвал. за СП 20221  82'
27-3-2021БелградСрбија 2 – 2  ПортугалијаКвал. за СП 2022-  46'
30-3-2021БакуАзербејџан 1 – 2  СрбијаКвал. за СП 2022-  86'
1-9-2021ДебрецинКатар 0 – 4  СрбијаПријателска1
4-9-2021БелградСрбија 4 – 1  ЛуксембургКвал. за СП 2022-  70'
7-9-2021ДаблинИрска 1 – 1  СрбијаКвал. за СП 2022-  70'
9-10-2021ЛуксембургЛуксембург 0 – 1  СрбијаКвал. за СП 20221
12-10-2021БелградСрбија 3 – 1  АзербејџанКвал. за СП 20222  88'
11-11-2021БелградСрбија 4 – 0  КатарПријателска1  46'
14-11-2021ЛисабонПортугалија 1 – 2  СрбијаКвал. за СП 2022-
ВкупноНастапи14Голови7

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 15 декември 2019.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2015-2016 ПартизанСЛ141КС42------183
2016-2017СЛ70КС10ЛЕ10---90
Вкупно Партизан2115210--273
2018-2019 ФјорентинаА100КИ00------100
2019-2020А306КИ42------348
2020-2021А3721КИ30------4021
2021-јан. 2022А2117КИ33------2420
Вкупно Фјорентина9844105----10849
јан.-јун. 2022 ЈувентусА157КИ41ЛШ21СИ--219
2022-2023А33КИ00ЛШ00---33
Вкупно Јувентус18104121--2412
Вкупно во кариерата1375519831--15964

Титули

Клупски

Партизан

2016–2017
  • Куп на Србија : 2
2015–2016, 2016-2017

Индивидуални

  • Серија А награди: 1
Најдобар млад играч: 2020-2021
2021-2022 (4 гола)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица