ИСАФ

Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ) е меѓународна воена сила во Авганистан предводена од НАТО. Во мај 2012 година ИСАФ броеше околу 129.500 војници од 50 земји.[1]

Воениот терминал на ИСАФ на Меѓународниот аеродром во Кабул, септември 2010 година

ИСАФ е формиран врз основа на одлука од Советот за безбедност на ОН (Резолуција 1386 од 20 декември 2001 година) со мандат да го штитат Кабул и околината од Талибанците, Ал Каида и останатите противници на Авганистанската привремена влада предводена од Хамид Карзаи.

Со текот на времето ИСАФ ја прошири својата мисија во четири етапи на територијата на целиот Авганистан. Во октомври 2003 година, по усвојувањето на Резолуцијата 1510 на Советот за безбедност, мандатот на ИСАФ беше проширен и на области надвор од Кабул, по што германски војници беа испратени во регионот Кундуз, на северот од земјата. Од 31 јули 2006 година ИСАФ ја презеде контролата над југот од Авганистан, а на 5 октомври истата година и над истокот на земјата.

Во 2006 година по интензивирањето на воените дејствија на Талибанците на југот од Авганистан, се разгори Авганистанската војна, а ИСАФ се вклучи во покрупни борбени операции против Талибанците. Со поголемата вклученост во борбите, силите на ИСАФ се почесто стануваат мета на бунтовниците.

Регионални команди

Командата регионот на главниот град ротира помеѓу Италија, Турција и Франција. Северниот регион е под команда на Германија, Западот под команда на Италија, командата со југот ротира помеѓу Британија, Канада и Холандија, а со истокот - САД.

Држави учеснички во ИСАФ

Во ИСАФ учествуваат држави членки на НАТО, како и држави кои не се членки на НАТО.

Сите членки на НАТО учествуваат со свои војници во ИСАФ (состојба во мај 2012):

Од останатите држави учествуваат:

Земји кои ги повлекле војниците:

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица