Игра

Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:

  • А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат
  • Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.
Влечење со јаже е лесна импровизирана игра за која е потребна малку опрема

Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога. Во тој поглед, во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски ја дефинира играта како „уметност, во никулец, потреба за уметност уште во зачеток, во младата душа“.[1]

Игрите можат да вклучуваат еден играч што дејствува сам или два или повеќе играчи што дејствуваат соработнички. Повеќето вклучуваат натпревар меѓу два или повеќе играчи. Преземајќи дејство што спаѓа надвор од правилата општо земено претставува фаул или мамење.

Типови на игри

  • Игри на табла
  • Бизнис игри
  • Игри со карти
  • Казино игри
  • Список на традиционални детски игри
  • Компјутерски и видеоигри
  • Пијачки игри
  • Образовни игри
  • Економски игри
  • Игри на среќа
  • Стратешки игри
  • Математички игри
  • Политички игри
  • Загатки
  • Квиз

Играта како тема во уметноста и во популарната култура

Играта како тема во книжевноста

  • „Децата и игрите“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[2]
  • „Пролетна игра на дете“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[3]
  • „Игра“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[4]
  • „Детски игри“ (српски: Дечје игре) - кус расказ на Митко Маџунков од 1984 година.[5]
  • „Вовед во игри“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[6]
  • „Лист, камен, ножички“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година[7]
  • „Вртимушка“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година[8]
  • „Клацкалка“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година[9]
  • „Игра“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[10]
  • „Игри“ (српски: Игре) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.[11]
  • „Вртелешка“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[12]
  • „Игра“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[13]
  • „Играта на господинот Когито“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[14]
  • „Игри без граници“ — краток расказ на македонскиот писател Иван Шопов.[15]

Играта како тема во музиката

  • „Игри без граници“ (англиски: Games without frontiers) — песна на британскиот поп-рок музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1980 година.[16]
  • „Злобни игри“ (англиски: Vicious Games) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1985 година.[17]
  • „Игри“ (српски: Игре) — циклус за баритон и гудачи на српскиот композитор Милко Келемен од 1958 година.[18]
  • „Игри во затворено“ (англиски: Indoor Games) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[19]
  • „Компјутерски игри“ (англиски: Computer Games) — песна од истоимениот албум на американскиот фанк-музичар Џорџ Клинтон (George Clinton) од 1982 година.[20]
  • „Дикиевата игра“ (српски: Дикијева игра) — песна на македонската рок група Леб и сол од 1978 година.[21]
  • „Игри“ (англиски: Games) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1981 година.[22]
  • „Леб и игри“ (словенечки: Kruha in igar) — песна на словенечката панк-рок група Панкрти.[23]
  • „Леб и игри“ (српски: Хлеба и игара) — песна на српската рок-група Рибља чорба од 1985 година.[24]
  • „Апсолутна игра“ (англиски: The Absolute Game) — музички албум на шкотската рок-група Скидс (Skids) од 1980 година.[25]
  • „Игри“ (англиски: Games) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[26]

Поврзано

  • Список на производители на игри
  • Список на теми на игри
  • Семантика на игри

Наводи


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица