Икер Касиљас

Икер Касиљас Фернандес (роден на 20 мај 1981 во Мадрид, Шпанија) — Шпански фудбалски голман кој настапува за Порто и Шпанската репрезентација

Икер Касиљас
Лични податоци
Полно имеИкер Касиљас Фернандес
Роден на20 мај 1981(1981-05-20)(42 г.)
Роден воШпанија
Висина1.82 м[1]
Позицијаголман
Клупски податоци
Сегашен клубРеал Мадрид Реал Мадрид
Број1
Младинска кариера
1990–1998Реал Мадрид
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1998–1999Реал Мадрид Ц26(0)
1999Реал Мадрид Б4(0)
1999–Реал Мадрид457(0)
Репрезентација
1996Шпанија U151(0)
1996–1998Шпанија U1619(0)
1997–1999Шпанија U1710(0)
1999Шпанија U184(0)
1999Шпанија U202(0)
1999–2000Шпанија U215(0)
2000–Шпанија137(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18:02, 13 May 2012 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:42, 1 July 2012 (UTC)

Реал Мадрид

Икер Касиљас потекнува од подмладокот на „Реал“. Тој играл за јуниорите во „Реал“ за сезоната 1990/1991, но тој не дебитирал во првиот состав на „Реал“ дури до сезоната 1998/1999 кого го замени Бодо Илгнер и беше во почетниот состав на Реал следната сезона. Тој станал најмладиот голман кој играл во финале на Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид ја победил Валенсија со резултат од 3-0, со само 19 години и 4 дена.

Касиљас ја загубил почетната позиција од Цезар Санчес по лошата игра во сезоната 2001/2002. Но Санчес се здобил со повреда во последните минути во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2001/02, во кое Реал победил со 2-1 над Баер Леверкузен. Санчес бил заменет од Касиљас, кој пак си ја зацврсти почетната позиција во „Реал“. Во февруари 2008, Касиљас склучил нов договор со „Реал“, со кој потпишал дека ќе остане во Реал до 2017.[2][3]

Агентот на Касиљас се сретнал со претставниците на Манчестер Сити и ја одбил нивната понуда, со што се покажала верноста на Касиљас кон својот градски клуб.[4]

На 4 ноември 2014 година, со настапот против ФК „Ливерпул“, Касилјас го одиграл 144. натпревар во Лигата на шампионите, со што станал рекордер според бројот на одиграните натпревари во ова натпреварување.[5]

Порто

Во сезоната 2015/2016, Касилјас потпишал за португалската екипа ФК „Порто“. Притоа, на 16 септември 2015 година, на натпреварот против „Динамо“ од Киев, тој го остварил својот 151. настап во Лигата на шампионите, со што го изедначил рекордот на Чави.[6]

Репрезентација

Касиљас дебитираше за Шпанската репрезентација на 16 години, и тој настапуваше за Шпанската репрезентација под 17 години. И беше најмлад играч кога Шпанската репрезенатција под 17 години кога беа вице-прваци на Светското првенство во Египет за помлади од 17 години.

Тој моментално е втор голман по бројот на настапи за репрезентацијата, веднаш зад Андони Зубизарета, кој има 126 настапи.[7] Тој ги освои UEFA-CAF Мердиајан Купот и Светското првенство за јуниори со Шпанија во 1999 година. Тој беше замена на ЕУРО 2000 и Светското првенство во 2002 за одличниот Сантјаго Кањизарез. Касиљас стана прв избор во Шпанската репрезентација, кога Кањизарез се здоби со повреда на Светското првенство. Тој стана прв избор за голманското место за светското првенство на само 21 година. Тој стана херој кога фати 2 пенали против Ирска во осмина-финалето.

Касиљас играше во сите осум натпревари во квалификационата група 6 за ЕУРО 2004, примајќи само 4 гола. Исто така не прими ниту еден гол на двата натпревари во плеј-офот против Норвешка. И стартуваше во сите натпревари за Шпанија во ЕУРО 2004, и беше капитен на тимот на два натпревари.

Касиљас(лево) ја порславува освоената титула на ЕУРО 2008.

Со тоа што Раул не беше избран за ЕУРО 2008 на Касиљас му беше доделена капитенската лента за Европското првенство. Тој стартуваше во првите два натпревари во групата Д против Шведска и Русија. На третиот натпревар тој беше заменет од Пепе Реина. Касиљас одбрани два пенали од Антонио Ди Натале и Даниеле Де Роси со што Италија беше елиминирана уште во четврт-финалето, со оваа победа Шпанците го разбија малерот поврзан со 22 јуни. Шпанија подоцна победи во финалето на ЕУРО 2008 против Германија со 1-0. Касиљас не прими гол во четврт-финалето,полуфиналето и во финалето. Последниот гол што го прими на ова првенство беше во групата, а последен кој на ова првенство му даде гол на Касиљас беше Златен Ибрахимович. Од 82 настапи за Шпанската репрезентација тој без примен гол има изиграно 42 натпревари.

На 29 јуни 2008 Касиљас стана првиот голман-капитен кој го кренал трофејот од Европското првенство, со победата над Германија од 1-0.[8] Една од одбраните во четврт-финалето против Јужна Кореја на 2002 ФИФА Светско Првенство според ФИФА е една од најдобрите 10 одбрани во светот.[9]

Касиљас беше прогласен за 4врт најдобар играч во светот според ФИФА зад Роналдо, Меси и Торес.

Статистика

Според 9 декември 2008

Клупски перформанскиЛигаКупКонтинталноВкупно
СезонаКлубЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГолови
ШпанијаЛигаКопа дел РејЕвропаВкупно
1999-00Реал МадридЛа Лига27050120460
2000-0134000110450
2001-022505090390
2002-0338000150530
2003-043702090480
2004-0537000100470
2005-063704070480
2006-073800070450
2007-083600080440
2008-091400050170
ВкупноШпанија32301609304320
Вкупно во Кариерата32301609304320
All-Time National Team Performance
Национален
Тим
ГодинаПријателскиСветски првенстваЕвропски првенстваВкупно
НастапиПримени головиНастапиПримени головиНастапиПримени головиНастапиПримени голови
200033320065
200132200052
2002415520116
200310000010
2004633132126
2005109400104
20064334351012
200710007383
2008202062102
Вкупно2512271621127340

Награди

Реал Мадрид

Интернационални

  • УЕФА У-15 првенство[10]: 1995
  • УЕФА У-15 Светско првенство : 1997
  • UEFA-CAF Меридиан Куп: 1999
  • Светско првенство за младинци: 1999
  • Европско првенство: 2008

Поединечно

  • Награда Браво: 2000
  • Премио Дон Балон (најдобар млад играч во Ла Лига): 1999-00[11]
  • УЕФА Тим на Годината: 2007[12]
  • ЕСМ Тим на Годината: 2007-08
  • Трофеј Самора: 2007-08
  • ЕСМ Тим на Месецот: Април-Мај 2000, јануари 2001, мај 2002, Февруари-Март 2004, Октомври-Декември 2007, јануари 2008, април 2008
  • Тим на ЕУРО 2008[13]

Белешки

Надворешни врски


Претходник
Теодорос Загорaкис
Капитен на победничката репрезентација на ЕУРО
2008-
Наследник
Непознат
Претходник
Раул Гонсалес
Капитен на Шпанија
2006 –
Наследник
Непознат
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица