Исмаил Кадаре

Исмаил Кадаре (албански: Ismail Kadare, француски: Ismail Kadaré) — албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.[1]

Исмаил Кадаре
Ismail Kadare
слика на Кадаре
Роден/а28 јануари 1936
Ѓирокастро, Албанија
Занимањеписател, поет
НационалностАлбанија Албанец
Период1954 – денес
Книжевно движењепостмодернизам
Значајни делаГенералот на мртвата војска“ (1963)

Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска. Денес живее во Париз.

Библиографија

  • Генералот на мртвата војска (1963)
  • Тврдина (1970)
  • Хроника во каменоломот (1971)
  • Големата зима (1977)
  • Скршениот април (1978)
  • Трострелниот мост (1978)
  • Палата од соништата (1981)
  • Случајот на Х. (1981)
  • Албанска пролет (1991)
  • Пирамида (1995)
  • Три елегии за Косово (1998)
  • Ќерката на Агамемнон (2003)
  • Наследникот (2003)

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица