Карипска Холандија

Карипска Холандија[6][7] (холандски: Caribisch Nederland) — збирен назив за три посебни општини на Холандија во Карипското Море, опфаќајќи ги островите Бонер, Свети Евстахиј и Саба,[8] иако поимот понекогаш се однесува на сите острови на Холандските Кариби. Денес островите се водат како јавни тела на Холандија во службена смисла и имаат статус прекуморска територија на Европската Унија, иако не се дел од неа. Во законодавството го носат и името острови БЕС (BES-eilanden), што е акроним од нивните имиња.

Карипска Холандија
Caribisch Nederland
прекуморски регион на Холандија
Знаме на Карипска ХоландијаГрб на Карипска Холандија
Местоположба на Карипска Холандија
Местоположба на Карипска Холандија
Земја Холандија
Посебни општини
Припоена кон Холандија10 октомври 2010
(распуштање на Холандските Антили)
Управа
 • Државен прет.Јан Хелмонд
 • Управници
  • Едисон Рајна (Бонер)
  • Мајк Франко (Св. Евстахиј)
  • Џонатан Џонсон (Саба)
Површина
 • Вкупна328 км2 (127 ми2)
 (&100000000000000080000000,8% од Холандија)
Најг. вис.
(Маунт Синери)
&10000000000000887000000887 м
Население (2016)
 • Вкупно25,019[1]
 (&100000000000000010000000,1% од Холандија)
Јазици
 • Службенихоландски
 • Признаени
Часовен појасAST (UTC−4)
Повик. бр.+599
ISO 3166BQ, NL-BQ1, NL-BQ2, NL-BQ3
Валутаамерикански долар[3]
НДД

Бонер (закл. со островчето Мал Бонер) е еден од Заветрените Антили, недалеку од брегот на Венецуела. Свети Евстахиј и Саба се главни во групата Мали Антили и лежат јужно од Свети Мартин, а северозападно од Свети Китс и Невис.

Правен статус

Трите острови го добиле тековниот статус со распуштањето на Холандските Антили на 10 октомври 2010 г.[9] Истовремено, Курасао и Свети Мартин станале автономни земји (landen) во состав на Кралството Холандија.[10] Со таков статус се стекнал и островот Аруба, исто така во Карибите. Поимот „Холандски Кариби“ правно се однесува само на трите општини, но неслужбено се користи за сите карипски острови на Кралството Холандија. Општините зафаќаат вкупна површина од 328 км2 и заеднички имаат 25.019 жители.[1].

Управа

Посебните општини (bijzondere gemeenten) имаат слични надлежности како општините во самата Холандија. Извршната власт ја има Управниот совет, на чие чело стои Островски управни. Граѓаните имаат свои претставници во Островскиот совет во месните работи, а воедно имаат право да гласаат на холандските и на европските избори.

Во службена смисла, островите во холандскиот закон се „јавни тела“ (openbare lichamen), а не општини (gemeenten). За разлика од обичните општини, тие не се дел од ниедна покраина;[11] покраинските надлежности се поделени помеѓу островските управи и холандската влада, односно Државната служба за Карипска Холандија, и затоа овие општини важат за „посебни“.

Многу холандски закони имаат свои верзии што важат во Карипска Холандија.[12] На пример, социјалната заштита не е на истото ниво како во европскиот дел на државата.[13]

Посебни општини на Холандија
ОпштинаИзворно имеСедиштеПовршина[14]
(км2)
Население[15]
(2014)
Густина
(жит/кмс)
 БонерBonaireКралендајк28818.90566
 СабаSabaБотом131.811139
 Свети ЕвстахијSint EustatiusОрањестад213.877185
Вкупно32224.59376

Државна служба

Државната служба за Карипска Холандија (Rijksdienst Caribisch Nederland) е задолжена за даночната политика, јавниот ред, доселеништвото, сообраќајната инфраструктура, здравството, образованието и социјалата на островите и ги пружа тие услуги во име на Владата на Холандија.[16] Орган е создаден во 2008 г. како Центар на регионалните служби, а денешниот облик го добил со промената на статусот на 1 септември 2010 г.[17][18] Државната влада на островите ја застапува Претставник, чија улога е слична на Кралскиот комесар.

Географија

Карта на Бонер, Св. Евстахиј и Саба во рамките на поранешните Холандски Антили.

Карипска Холандија географски ѝ припаѓа на островската група Мали Антили. Во состав на групата:

  • Бонер е еден од островите АБЦ на веригата Заветрени Антили во соседство на венецуелскиот брег. Заетрените Антили се од мешано вулканско-корално потекло.
  • Саба и Свети Евстахиј се во склоп на островите ССС од групата Приветрени Острови. Лежат источно од Порторико и Девствените Острови. Приветрените Острови се од исклучиво вулканско потекло, со ридест терен, и мошне малку обработливо земјиште. Највисока точка е планината Маунт Синери на Саба, која со своите 887 м е највисокото место целото Кралство Холандија.

Клима

Островите на Карипска Холандија се одликуваат со тропска клима и топло време преку целата година. Заветрените Острови се потопли и посуви од Приветрените. Лете знаат да се јавуваат урагани.

Currency

Сè 1 јануари 2011 г. на островите се користел холандскоантилскиот гилдер, кога е усвоен американскиот долар, иако валутата во матичната земја е еврото. За разлика од нив, останатите острови од поранешните Холандски Антили — Курасао и Свети Мартин — го употребуваат карипскиот гилдер.[19]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица