Карл Ландштајнер

австриски биолог и нобеловец

Карл Ландштајнер (германски: Karl Landsteiner; 14 јуни 1868 во Баден крај Виена — 26 јуни 1943 во Њујорк) — австриско-американски биолог, биохемичар и лекар од еврејско потекло[1].

Карл Ландштајнер
Karl Landsteiner
Роден(а)14 јуни 1868(1868-06-14)
Виена, Австроунгарија
Починал(а)26 јуни 1943(1943-06-26) (возр. 75)
Њујорк, САД
Државјанствоавстроунгарско - американско
НационалностАвстриец
ПолињаБиохемија, Вирологија
ОбразованиеВиенски универзитет
Познат поРазвој на системот на крвни групи, откривање на Rh факторот, откривање на полиовирусот
Поважни награди
Фотографија од Карл Ландштајн

Тој ги пронашол крвните групи и резус факторот на крвните групи. Развил модерен систем на класификација на крвните групи и нивна идентификација со помош на аглутининот на резус факторот, што овозможило воведување на трансфузија на крв без загрозување на животот на пациентите. Со Ервин Попер во 1909 година ги открил полио вирусите. Во 1930 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина. Добитник е и на Ласкеровата награда во 1946 година (посмртно).

Откритие на крвните групи

Во 1900 и 1901 година, Карл Ландштајнер спровел низа на испитувања на серуми и како резултат на тоа успеал да идентификува три крвни групи: А, Б и 0. Ландштајнер исто така открил дека трансфузија на крв меѓу лица со иста крвна група не доведува до хемолиза на еритроцитите, додека истото се случува меѓу лица со различни крвни групи[2]. Се смета за татко на трансфузиологијата и еден од најголемите биохемичари на сите времиња.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица