Кирк Даглас

американски глумец

Кирк Даглас (англиски: Kirk Douglas; роден како Исур Даниелович; 9 декември 1916 - 5 февруари 2020) бил американски актер и режисер. Тој е рангиран на 17-то место на листата на машки холивудски актери од страна на Американскиот филмски институт и бил највисоко рангирана жива личност на листата.

Своето филмско деби го имал во филмот Чудната љубов на Марта Ајверс (1946) во кој глумел заедно со Барбара Стенвик. Даглас станал меѓународна ѕвезда по улогата на бескрупулозен боксерски херој во Шампион (1949), што му ја донела и првата номинација за Оскар за најдобар актер.

Даглас ја добил почесната награда на Филмската академија на САД за животно дело и Претседателскиот медал на слободата.

Ран живот и образование

Кирк Даглас е роден како Исур Даниелович (белоруски: Іссур Даніелавіч, руски: Иссур Даниелович) во Амстердам, во државата Њујорк (САД), на 9 декември 1916 година, како едно од седумте деца во семејство на еврејски имигранти од денешна Белорусија,[1][2][3][4][5][6] и семејството зборувало јидиш дома.[7][8][9]

Неговиот стрико, кој емигрирал претходно, го користел презимето Демски, кое семејството на Даглас го усвоило во САД.[10] Кирк Даглас пораснал како Изи Демски и законски го променил своето име во Кирк Даглас пред да се приклучи на морнарицата на САД за време на Втората светска војна.[11]

Апсолвентска слика на Кирк Даглас, 1939 година

Кирк Даглас имал несреќно детство, живел со татко алкохоличар кој физички го злоставувал.[12] Додека татко му ги пиел малкуте пари што ги имале, Даглас со мајка му и сестрите живееле во „тешка сиромаштија“.[13]

Како мал им продавал грицки на работниците во мелницата за да заработи доволно за да купи млеко и леб за своето семејство. Подоцна доставувал весници, а во младоста, пред да стане актер, сменил преку четириесет работни места.[14] Матурирал во гимназијата во Амстердам во 1934 година,[15] и уште тогаш бил одлучен да стане професионален актер.[16] Не можејќи да си ја дозволи школарината, Даглас на деканот на Универзитетот во Сент Лоренс му покажал список на свои почести од средното училиште. Дипломирал во 1939 година. Се истакнувал во боречкиот тим и едно лето се борел на карневал за да заработи пари.[17] Подоцна станал добар пријател со светскиот шампион Лу Тез.

Актерските способности на Кирк Даглас биле забележани од Американската академија за драмски уметности во Њујорк, која му доделила посебна стипендија. Учел заедно со Бети Џоан Перске (подоцна позната како Лорен Бекол), која ќе одигра важна улога во започнувањето на неговата филмска кариера.[18] Бекол напишала дека „е лудо вљубена во Кирк“,[19] а тие повремено се состанувале. Друга соученичка, и пријателка на Бекол, била Дијана Дил, која подоцна ќе му стане прва сопруга на Даглас.[20]

Кариера

По Втората светска војна, Даглас се вратил во Њујорк и работел во радио, театар и снимал реклами.

Кирк Даглас планирал да остане сценски актер, но неговата пријателка Лорен Бекол му помогнала да ја добие својата прва филмска улога така што го препорачала на продуцентот Хал Б. Волис, кој бил во потрага по нов машки талент.[21] Кирк Даглас дебитирал на филмското платно со филмот на Волис „Чудната љубов на Марта Ајверс “ (1946). Тој глумеше млад, несигурен и љубоморен човек, во чиј живот доминира неговата немилосрдна сопруга, а чувствата ги крие со алкохол. Во овој филм Даглас за последен пат глуми слабак во филмска улога.[22][23]

Даглас го зацементирал својот имиџ како „лошо момче“ во неговиот осми филм, Шампион (1949), каде ја имал улогата на себичен боксер.

За овој филм ја добил и својата прва номинација за Оскар.[24]

Овој актер е познат по следните филмови во неговата богата кариера: Надвор од минатото (1947), Шампион (1949), Сензација (1951), Детективска приказна (1951) Лошите и убавите (1952), 20.000 милји под морето (1954) , Индијанскиот борец (1955), Копнеж за живот (1956), Патеките на славата (1957), Престрелки кај О.К. коралот (1957), Викинзи (1958), Спартак (1960), Осамените се храбри (1962), Списокот на Адријан Месинџер (1963), Седум дена во мај (1964), Хероите од Телемарк (1965), Патот на запад (1967), Сатурн 3 (1980) и Жестоки момци (1986)

Податотека:Kirk Douglas Lust for Life.JPG
Во Копнеж за живот како Винсент ван Гог

Даглас ги откупил правата за да постави драма заснована на новелата <i>Лет над кукавичкото гнездо</i> од Кен Кеси. Во 1963 ја поставил драмата во која и самиот глумел и која се изведувала пет месеци на Бродвеј. Даглас ги задржал и филмските права поради дупка во законите, но откако не можел да најде продуцент ни по една деценија, правата ги префрлил на својот син Мајкл. Во 1975 година, Мајкл Даглас и Саул Заенц ја продуцирале филмската верзија, а во главна улога бил Џек Николсон (затоа што Кирк Даглас тогаш престар да го игра ликот според напишаното во новелата). Филмот ги освои сите пет главни награди на Оскар, и бил вториот филм со такво остварување (по Се случи една вечер во 1934 година).[25]

Личен живот

Даглас и неговата прва сопруга Дијана Дил се венчале на 2 ноември 1943 г. Имале два сина, актерот Мајкл Даглас и продуцентот Џоел Даглас, а се развеле во 1951 година. Потоа, во Париз, се запознал со продуцентката Ен Бајденс (родена Ханелоре Маркс; 23 април 1919 година, Хановер, Германија) додека глумел на локација во Акт на љубовта.[26] Се венчале на 29 мај 1954 година. Имале два сина, Питер и Ерик.[27] Во 2017 година, брачната двојка објавила книга, Кирк и Ана: Љубовни писма, смеа и живот во Холивуд, која ги открива интимните писма што ги споделувале низ годините.[28] Во текот на нивниот брак, Даглас имал афери со други жени, вклучувајќи и неколку холивудски старлети. Тој никогаш не ги криел своите неверства од сопругата.[29]

Кирк Даглас, неговата сопруга Ана и претседателот Роналд Реган, декември 1987

На 28 јануари 1996 г., Кирк Даглас доживеал тежок мозочен удар, кој ја нарушил неговата способност да зборува.[30] По секојдневна терапија која траела неколку месеци, способноста за зборување му се вратила, но сè уште била ограничена. Два месеци подоцна (март 1996) ја примил почесната награда Оскар и ѝ се заблагодарил на публиката.[31][32]

Даглас починал на 5 февруари 2020 година, на 103-годишна возраст во својот дом во Беверли Хилс, Калифорнија. Причината за неговата смрт била чувана во тајност.[33][34] На 29 април 2021 г., починала и неговата сопруга Ана (на 102-годишна возраст) и била погребана до него и нивниот син.[35]

Почести и награди

Претседателот Џими Картер ги поздравува Ана и Кирк Даглас, март 1978 година
  • Даглас е одликуван од влади и организации од различни земји, меѓу кои се и Франција, Италија, Португалија, Израел и Германија.[36]
  • Во 1957 година ја освоил наградата за најдобар актер на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан за „Викинзи“.[37]
  • Во 1958 му била доделена почесна диплома доктор по ликовни уметности на Универзитетот во Сент Лоренс.[38]
  • Во 1981, Даглас го добил Претседателскиот медал на слободата од Џими Картер.[39]
  • Во 1984, бил примен во Куќата на славните на вестерн изведувачи во Оклахома Сити, Оклахома.[40]
  • Во 1990, добил Легија на честа за истакнати заслуги за Франција во уметноста и писмата.[36]
  • Во 1991 ја добил наградата за животно дело од AFI .[41]
  • Во 1994, бил меѓу добитниците на годишните Почести од Центарот Кенеди .[42]
  • Во 1998 ја добил наградата за животно дело на Друштво на екрански актери.[43]
  • Во 2002, ја добил наградата Национален медал за уметности од претседателот Буш .[36]
Ѕвездата на Булеварот на славните во Холивуд
  • За неговиот придонес во филмската индустрија, Кирк Даглас има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Тој е еден од ретките личности (заедно со Џејмс Стјуарт, Грегори Пек и Џин Отри) чија ѕвезда е украдена, а подоцна заменета.[44]

Награда за животно дело на AFI

  • 1991 ја прифатил наградата за животно дело на АФИ [45]

Награди од академијата за филмски уметности (Оскар)

  • Кирк Даглас трипати бил номиниран за Оскар за најдобар актер, за Шампион (1949), Лошите и убавите (1952) и Копнеж за живот (1956), но никогаш не го освоил.[38]
  • Во 1996 година добил почесна награда за „50 години како креативна и морална сила во филмската заедница“ [46]

Златни глобуси

  • 1986 За Амос бил номиниран за најдобар актер во мини-серија или филм направен за ТВ [47]
  • 1968 Награда Сесил Б. Демил за животно дело [48]
  • 1957 Копнеж за живот - победил за најдобар актер во драма [47]
  • 1952 Детективска приказна - номиниран за најдобар актер во драма [47]

Еми награди

  • 2002 Допрен од ангел - номиниран за најдобар гостин актер во драмска серија [49]
  • 1992 Приказни од криптата - номиниран за најдобар главен актер во драмска серија [49]
  • 1986 Амос - номиниран за најдобар главен актер во минисерија [49]

БАФТА награди

  • 1963 Lonely Are the Brave - номиниран за најдобар странски актер [50]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица