Кокосова вода

Кокосова вода е чиста течност која се наоѓа внатре во младите кокосови ореви (плодови на кокосовата палма). Се разликува од кокосовото млеко. При созревањето на плодот кокосовата вода постепено се заменува со кокосовото месо и воздух. Мошне младиот кокос има малку месо, кое пак е мошне меко, речиси како гел. Кокосовата вода веќе е долго време популарна напивка во тропските подрачја, особено во Југоисточна Азија, островите во Тихиот Океан како на пр. на Хаваите и Карибите, каде е достапен свеж, во конзерва или шишиња. Не содржи мрснотии и има ниска калорична вредност (16,7 калории односно 70 килоџули на 100 грама).

млад кокос, подготвен за пиење во Сингапур
млад кокос, подготвен за комерцијална дистрибуција

Кокосовата вода за пиење внимателно се флашира и се продава низ бројни места. Овие се обично азијски зелени кокосови ореви чија надворешна зелена кора е отстранета а остатокот обвиткан во пластика. Во Средна Америка, особено во Костарика и Панама се продаваат на прометни автопатишта или на плажите; таму кокосовата вода се нарекува "agua de pipa", при што кокосот се отвора пред самите муштерии за да се уверат дека е свеж. Во Бразил кокосовата вода се нарекува "água de coco", и е најпродаваниот сок по сокот од портокали. Кокосовата вода може исто така што биде достапен и во конзерви или во тетра-пак (честопати со додаден кокосов гел) а се продава и како спортски пијалак поради високите количества на калиум и минерали. Всушност една полна шолја кокосова вода содржи повеќе електролити отколку повеќето спортски пијалации и повеќе калиум отколку бананата

Иако луѓето сакаат различни вкусови на кокосовата вода, претежно најпопуларен е зелениот кокосов орев кој има неколку старосни пеги. Кокосовите ореви од различни места во светот имаат и различен вкус. На пр. индискиот кокосов орев оди накај посладок, додека бразилскиот има поумерен вкус, а бангладешкиот (поради составот на почвата) е со изразито слатка вода и месо со мала нијанса на соленкост слично на индискиот.

Кокосовата вода се употребува исто така како интравенозна хидративна течност во некои земји во развој каде што медицинскиот солен раствор не е достапен..[1]


Состав на кокосовата вода%
Вода95.5
Азот0.05
Фосфорна киселина0.56
Калиум0.25
Калциум оксид0.69
Магнезиум оксид0.59
mg/100g
Железо0.5
Вкупно цврсти материи4.71
Редуцирачки шеќери0.80
Вкупно шеќери2.08
Пепел0.62
Извор: Pandalai, K. M. (1958). Кокосовата вода и нејзината употреба. (Coconut water and its uses) Coconut Bull. 12, No. 5, 167-173.

Берба

Продавач на зелени кокосови ореви летно време во Делхи, Индија

Свежите кокосови ореви за пиење вообичаено се берат од дрвјата додека се зелени. Може да се избуши дупка во оревот за да се дојде до течноста и месото. Кај младите кокосови ореви постои можност течноста и воздухот да бидат под притисок и можат благо да прснат кога првин внатрешната лушпа е пенетрирана. Кокосовите ореви кои веќе паднале на земја се подложни на гнилеж и оштетувања од страна на инсекти и животни.

Погледни исто

Белешки

  • Campbell-Falck D, Thomas T, Falck TM, Tutuo N, Clem K (2000). The intravenous use of coconut water. Am. J. Emerg. Med. 18 (1): 108-11. PMID 10674546.
  • Ranti IS, Kwee TIEN BOH, Thio IN LIANG, Tan ENG HOEY (1965). Coconut water for intravenous fluid therapy. Paediatr Indones. 5 (3): Suppl: 782-92. PMID 5873766.
  • Georg A. Petroianu, Melita Kosanovic, Ibrahim Saad Shehatta, Bahaa Mahgoub, Ayman Saleh, Wolfgang H. Maleck (2004). Green coconut water for intravenous use: Trace and minor element content. Journal of Trace Elements in Experimental Medicine 17 (4): 273-82. PMID 14824551.C
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица