Коптска православна црква

Коптска православна црква на Александрија
Ϯⲉⲕ̀ⲕⲗⲏⲥⲓⲁ ̀ⲛⲣⲉⲙ̀ⲛⲭⲏⲙⲓ
̀ⲛⲟⲣⲑⲟⲇⲟⲝⲟⲥ

Коптски православен крст
„Исус Христос, Син Божји“
ОсновачАпостол Марко
НезависностАпостолска ера
ПризнавањеДревноисточни цркви
ПоглаварТеодор II
СедиштеАлександрија и Каиро во Египет
ТериторијаЕгипет, Нубија, Судан, Киренајка, Либија и Африка
ВластБлизок Исток, Канада, Велика Британија, Западна Европа, Јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд, Океанија, Југоисточна Азија и Кариби
Јазиккоптски, грчки, арапски, англиски, француски, германски, свахили, африканс
Верници~20.000.000 ~16.000.000 во Египет
ПорталМрежно место на коптскиот папа

Официјално мрежно место

Коптичката православна црква — главна христијанска црква во Египет. Денеска, таа претставува најголема црква во земјата, со околу 90% од вкупниот број на христијани во земјата,[1], или ококу 15.000.000 верници[2][3][4][5][6][7][8][9][10][11]. До XVIII век се нарекувала само Египетска црква. Доктрински се совпаѓа со источното православие, освен што смета дека Исус имал чиста божествена природа и никогаш не станал човек, верување што Советот на Халкедон го одбил (види: монофизитски ерес) во 451 година[12]. По освојувањето од Арапите (7 век) книги за служба биле пишувани со коптик и арапски во паралелни текстови. Црковната власт е демократска, а патријархот, кој живее во Каиро, се избира. Има конгрегации надвор од Египет, особено во Австралија и САД и црквата е во заедништво со етиопската, ерменската и сириската јакобинска црква.

Историја

Основање

Според верувањата, оваа православна црква била основана од страна на Свети Марко, апостол и евангелист, кон средината на 1 век (во приближно 42 година)[13]

Одвојување

На Четвртиот вселенски собор, претставниците на Коптската црква не ги прифатиле решенијата на собирот, по кое тие биле прогласени за еретични. Тоа довело до сериозно потчинување на оваа црква, најпрвин од страна на Византија, а подоцна и од страна на арапските освојувачи, кои вршеле присилно исламизирање на месното население. Со отфрлањето на Халкидонскиот собор (451) од теолошки и политички причини, Коптската црква се издвоила од православната. До 457 година еден монофизит бил патријарх александриски.

Под исламско управување

Од арапското освојување на Египет во 642, оваа црква е под муслиманската власт. За време на жестоките прогони во 10 и 11 век многу цркви биле разурнати, а голем број на христијани преобратени во ислам. Во текот на својата долга и неизвесна историја оваа црква успеала да ја сочува древната вера и традицијата. Христијанското монаштво започнало во Египет и тука се одржало без прекин. Денес доаѓа до препород на монашкиот живот со стапување на образовани луѓе и жени во манастирите.

Поглаварот на оваа христијанска црква, „папата александриски и патријарх на столицата на св. Марко“, имал свое седиште во Каиро почнувајќи од 11 век. Црковниот јазик кој се користи е коптски, кој повеќе не се употребува во современ Египет. Нејзините припадници најчесто ја користат литургијата на Свети Василиј, во текот на која му се упатуваат многу молитви „на Нил, рибите и живите суштества“.

Во текот на XIX век, патријархот Кирил IV започнал преговори за присоединување на коптските христијани кон православните, но бил отровен. Неговите противници влегле во сојуз со Рим во 1898 година. Така, под влијанието на Римокатоличката црква, околу 2% од членовите на црквата го признале приматот на римскиот папа. Оваа група истовремено ја образува итн. Коптска католичка црква.

Сè до половината на XX век живееле во релативна хармонија со соседите. Тоа било прекинато со доаѓањето на Гамел Абдел Насер, чија политика на национализација на приватната сопственост ги погодило пред сè коптските христијани, чиј живот се влошил до таа мера што голем дел емигрирале. Коптите наиделе на бројни пречки и тортури- од нивната неадекватна застапеност во јавниот сектор до проблеми при добивање на дозволи за градба на верски објекти.

Црквата денес

Коптската православна црква „Св. Архангел Михаил“ во Асуан

Коптската православна црква се состои од околу 400 општини, подредени на 32 епархии, од кои 28 се во Египет, 2 во Судан и по 1 во Кенија и Израел. Богослужбата во неа се води на арапски и коптски. Карактеристично за Коптската црква е осмогласието и користењето на литургиите на Василиј Велики, Григориј Богослов и Кирил Александриски, со што се сродни со Православната црква. Друга одлика за коптите е тоа што нивното крштевање вклучува и тетоважа во вид на крст.

Денес Коптите во Египет се теоретски рамноправни со останатите, а според официјални извори ги има околу 9 милиони. Во САД ги има околу 30.000 и се собрани во 14 цркви.

На чело на Коптската православна црква стои папа, кој ја има титулата Патријарх на Александрија. Моментален папа е Теодор III. Најпознати припадници на коптските христијани од Египет се поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бутрос Бутрос Гали и глумецот Омар Шариф.

Од 365 дена во годината Коптите постат дури 210 дена.

Коптите станале актуелни по 1 јануари 2010, кога се случил крвав напад врз Коптска Православна црква во Александрија, во кои биле убиени 21 лице. Се случиле големи судири со полицијата, со главно барање заштита на христијаните. По овој напад во Европа пораснала загриженоста дека на мета на терористите би можеле да се најдат и Коптите кои живеат во Германија, Франција и Австрија. Нереди во Каиро се случиле и во март 2011 година, кога група муслимани ја нападнале христијанската коптска црква во Каиро, тврдејќи дека сакале да ослободат девојка која присилно била држена во храмот затоа што имала намера да премине во ислам[14].

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица