Кулон
Кулон (симб C, Кл) е изведена SI-единица за електричен набој, наречена по францускиот физичар Шарл Огистен де Кулон (1736 -1806). Се дефинира како полнежот што минува низ постојана струја од еден ампер за време од една секунда:
кулон | |
---|---|
Мерен систем | изведена SI-единица |
Единица за | електричен полнеж |
Ознака | C |
Именувана по | Шарл Огистен де Кулон |
Претворање на единици | |
1 кулон во ... | ... е еднакво на ... |
основни SI-единици | 1 A s |
СГС | 2997924580 statC |
атомски единици | (6,24150965 ± (16))⋅1018 e[1] |
Еден кулон е и одвишокот напон на позивитната страна на капацитетот од еден фарад со разлика на потенцијалот од еден волт:
Дефиниција
Во системот SI, кулонот се дефинира според амперот и секундата: 1C = 1A × 1s.[2] Секундата се дефинира според честотата на природното зрачење на атомите на цезиумот.[3] Амперот се дефинира со Амперовиот закон за силата;[4] дефиницијата делумно се заснова на масата на меѓународниот еталон на килограмот, кој е метален цилиндар што е чува во Франција.[5] Во практика, за одредување на амперажата со најголема можна точност цел се користи ватажна вага.[5]
Претставки во SI
Помали | Поголеми | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
Вредност | Симбол | Назив | Вредност | Симбол | Назив | |
10−1 C | dC | децикулон | 101 C | daC | декакулон | |
10−2 C | cC | центикулон | 102 C | hC | хектокулон | |
10−3 C | mC | миликулон | 103 C | kC | килокулон | |
10−6 C | µC | микрокулон | 106 C | MC | мегакулон | |
10−9 C | nC | нанокулон | 109 C | GC | гигакулон | |
10−12 C | pC | пикокулон | 1012 C | TC | теракулон | |
10−15 C | fC | фемтокулон | 1015 C | PC | петакулон | |
10−18 C | aC | атокулон | 1018 C | EC | ексакулон | |
10−21 C | zC | — | 1021 C | ZC | зетакулон | |
10−24 C | yC | — | 1024 C | YC | јотакулон | |
Најзастапените содржатели се задебелени. |
Претворање
- Величината на електричниот полнеж од еден мол елементарен полнеж (приближно 6,022×1023, или Авогадров број) се нарекува фарадеева единица за набој (тесноповрзана со Фарадеевата константа). Еден фарадеј е еднаков на 96485,3399 кулони. Изразено во Авогадровиот број, (NA), еден кулон е еднаков на прибл. 1,036 × NA ×10−5 елементарни полнежи.
- еден ампер-час = 3600 C, 1 mAh = 3,6 C
- елементарниот полнеж изнесува 1,602176487×10−19 C[1]
- еден статкулон (statC), електростатичка единица за набој во СГС (esu), е приближно еднаква на 3,3356×10−10 C или околу 1/3 nC.
- еден кулон е величината (апсолутна вредност) на електричниот набој во (6,24150965 ± (16))⋅1018 протони или електрони.[1]
Однос со елементарниот полнеж
Елементарниот полнеж (позитивниот набој на протонот или негативниот набој на електронот) изнесува прибл. (1,602176487 ± (40))⋅10-19 coulomb.[1] Во SI, елементарниот полнеж во кулони е приближна вредност: не постои опит кој може да даде апсолутна точност. Меѓутоа во другите системи, елементарниот полнеж има точно определена дефиниција, а другите полнежи се изразуваат во однос на него.[6] На пример, кај обичајните електротехнички единици, вредностите на Џозефсоновата константа KJ и фон Клицинговата константа RK се точно утврдени вредности (се запишуваат како KJ-90 и RK-90), и оттука следува дека елементарниот полнеж исто така има точно определена вредност во рамките на тој систем.[6] Поконкретно, изнесува точно .[6]
Поврзано
- Амперов закон
- Кулонов закон
- Електростатика
- Елементарен полнеж