Апсолутна вредност

Апсолутна вредност е ненегативна вредност на некој реален број. Во општ случај, апсолутната вредност на бројот a се означува со симболот |a|.

Дефиниција и својства на апсолутната вредност

Апсолутната вредност на реалниот број a е еднаква на:[1]

  • a ако a ≥ 0
  • -a ако a ≤ 0.

Според оваа дефиниција, апсолутната вредност на некој реален број никогаш не може да биде негативна. На пример, ако го земеме негативниот број -3, тогаш, бидејќи тој е помал од нула, неговата апсолутна вредност, |-3| = -(-3) = 3. Од друга страна, апсолутната вредност од позитивен реален број е самиот тој број, така што таа е позитивна. На пример, |5| = 5. Апсолутните броеви ги имаат следниве својства:[1]

  1. множење: |a b| = |a| |b|
  2. делење: |a/b| = |a| / |b|, b ≠ 0.
  3. степенување: |an| = |a|n
  4. квадратен корен: = |a|

Неравенства со апсолутни вредности

Постојат два основни вида неравенства кои вклучуваат апсолутни вредности:[2]

  • |x - a| ≤ d ако и само ако a - dxa + d
  • |x - a| ≥ d ако и само ако xa - d или a + dx

при што: a и d се реални броеви, каде d > 0.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица