Лехитски јазици

јазична група

Лехитски јазицигрупа која ги опфаќа полскиот и неколку други јазици кои се говорат (или се говореле) на подрачјето на денешна Полска и денешна североисточна Германија.[1] Ова е гранка на поголемото западнословенско јазично семество, заедно со чехословачката целина (чешкиот и словачкиот) лужичките јазици (горнолужичкиот и долнолужичкиот).

Лехитски
Географска
распространетост:
претежно Полска и Германија, како и во дијаспората
Класификација:индоевропски
Гранки:

Карта на лехитските јазици (вклучувајќи го полските дијалекти)

Називот „лехитски“ доаѓа од Лех — легендарниот родоначалник на полскиот народ, од кого потекнува и архаичното име на Полска — Лехија.

Јазици

Во групата спаѓаат следниве јазици:

  • полски — околу 38 милиони говорници во Полска и неколку милиони во странство. Има неколку дијалекти, како големополскиот, малополскиот, мазовскиот и други.
  • кашупски — го говорат преку 110.000 луѓе (2011)[2] во источно Поморјето (Померанија);
  • шлески — преку 530.000 говорници (2011)[2] во полска Шлеска и извесен број луѓе во Чешка Шлеска.
  • словински — изумрен на почетокот на XX век; се говорел во делови од Поморјето. Некои го групираат со кашупскиот како еден поморски (померански) јазик (кој може да се смета за дијалект на полскиот);
  • полапски — изумрен во средината на XVIII век; го говорело словенското население околу реката Лаба (Елба) во денешна североисточна Германија.

Особености

Лехитските јазици ги имаат следниве заеднички особености:[3]

  • запазеност на носните самогласки (носовки).
  • преод на прасловенските ě, e, ę во a, o, ǫ пред тврди самогласки (или други слични разликувања на овие самогласки, зависно од дијалектот). Оттука се јавуваат наизменични облици како lato („лето“, номинатив) vs. lecie („лете“, локатив), pięć („пет“) наспроти piąty („петти“).
  • озвучување на слоговните согласки r, r', l', l. Compare modern Polish gardło („грло“) with Czech hrdlo.
  • Преместување на or, ol, er, el во ro итн. in many words between согласки. Compare Polish mleko („млеко“).
  • запазеност на прасловенското *dz како слеана согласка (ѕ во македонскиот), наместо проста струјна согласка z.
  • отсуство на преодот gɣ. Според. полски góra со чешки hora („планина“).
  • т.н. четврта палатализација на заднонепчените согласки во послкиот и кашупскиот.

Поврзано

  • Лехити
  • Лех, Чех и Рус

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица