Мишел де Монтењ

Мишел Екем де Монтењ (француски: Michel Eyquem de Montaigne; 28 февруари 153313 септември 1592) — француски благородник и еден од највлијателните писатели на француската ренесанса. Познат е како воведувач на есејот како посебен книжевен род. Нашироко се смета за татко на современиот скептицизам. Покрај есеите, негова главна одлика се обидите да користи „секојдневни“ анегдоти и автобиографијата во интелектуални расправи.[1]— томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт,[2] Блез Паскал, Жан Жак Русо, Вилијам Хазлит,[3] Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Штефан Цвајг, Ерик Хофер,[4] Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.

Портет на Монтењ од 1570-тите
Кулата во која пишувал Монтењ

Животопис

Монтењ зборувал пофално за својот татко и за брат му, кој бил протестант, но никаде не ја споменувал мајка му, која била покрстена Еврејка.[5]

Мисли и влијание

Во своето време, Монтењ бил повеќе гледан како политичар отколку автор. Тенденцијата во своите есеии да вклучува анегдоти и лични размислувања се сметала за одлика на неговиот стил, а помалку како иновација, додека неговата мисла, „Јас сум предметот на мојата книга“, се сметала за самооградување од страна на неговите современици. Како што изминувало времето, Монтењ станувал сè попрепознатлив како отелотворување на духот на слободоумието, кој своите никулци ги има токму во тоа време. Веројатно е најпознат по својата скептичка забелешка Que sçay-je? („Што знам јас?“). Неверојатно современ дури и за читателите денес, обидот на Монтењ да гледа на светот низ призмата на единственото нешто на кое може суштински да се потпре — своето лично мислење — го прави подостапен за современите читатели од кој било друг ренесансен автор. Бројни писатели одо ден-денес црпат инспирација од неговата способност мајсторски да воспостави рамнотежа помеѓу интелктуалното знаење и личните впечатоци.

Монтењ го става пријателството над крвното сродство за кое смета дека сè уште не значи пријателство. Така, членовите на семејството можат многу да се разликуваат меѓу себе: едни се чесни, други лоши; едни умни, а други глупави. Затоа, само пријателството е навистина највисокото човечко чувство при што вистинското пријателство е над разумот и подлабоко од разумот.[6]

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица