13 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

13 септември — 256-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(257-и во престапна година). Остануваат 109 денови до крајот на годината.

Настани:

1924 Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење
1924 Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација
1995 Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи.
1995 Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина.

Родени:

1819 Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман.
1874 Арнолд Шенберг — австриски композитор.
1933 Душко Трифуновиќ — српски поет.
1941 Ахмед Сезер — претседател на Турција.
1944 Питер Сетера — американски рок-музичар, член на групата „Чикаго“ (Chicago).
1949 Павлина Климкар - Меанџиева — македонска поетеса.
1961 Дејв Мастејн — американски рок-музичар, член на групата „Мегадет“ (Megadeth).
1966 Филип Шоваговиќ — хрватски глумец.
1967 Мајкл Џонсон — американски атлетичар.
1967 Слободан Ковач — српски одбојкар и тренер.
1971 Горан Иванишевиќ — хрватски тенисер.
1976 Ивица Антески — македонски поет.
1982 Нене — бразилски кошаркар.
1984 Полина Семјонова — руска балерина.
1987 Цветана Пиронкова — бугарска тенисерка.
1989 Томас Милер — германски фудбалер.
1992 Марко Гобељиќ — српски фудбалер.
1995 Љупчо Дориев — македонски фудбалер.
1999 Педро Поро — шпански фудбалер.

Починале:

1336 Јован — Ерл од Корнвол.
1409 Изабела Валоакралица на Англија.
1592 Мишел де Монтењ — француски писател.
1598 Филип IIкрал на Шпанија.
1872 Лудвиг Фојербах — германски филозоф.
1924 Димо Хаџи Димов — македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица.
1924 Владислав Ковачев — македонски револуционер.
1989 Стерјо Спасе — македонски писател од Албанија.
1993 Јон Исаја — македонски артист.
2014 Милан Галиќ — српски и југословенски фудбалер.
2015 Мозис Малоун — американски кошаркар.
2015 Гери Ричрат — американски рок-музичар, член на групата РЕО Спидвегон (REO Speedwagon).
2017 Грант Харт — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du).
2019 Еди Мани — американски рок-музичар.
2021 Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар.
2022 Жан-Лик Годар — француско-швајцарски режисер.
2022 Корнелие Ковач — српски поп-рок музичар, композитор и продуцент.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица