Мокриево

село во Општина Ново Село

Мокриево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Мокриево

Поглед кон Мокриево

Мокриево во рамките на Македонија
Мокриево
Местоположба на Мокриево во Македонија
Мокриево на карта

Карта

Координати 41°22′30″N 22°50′18″E / 41.37500° СГШ; 22.83833° ИГД / 41.37500; 22.83833
ОпштинаНово Село
Население678 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2435
Шифра на КО27040, 27540
Мокриево на општинската карта

Атарот на Мокриево во рамките на општината
Мокриево на Ризницата
Парк во селото
Река во селото
Стариот јавор на Пирго
Кула Пирго
Црква „Св. Пантелејмон“
ОУ „Видое Подгорец“

Географија и местоположба

Мокриево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 340 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 22 километри.

Историја

Среден век

Постојат две верзии за потеклото на името Мокриево. Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи големо или долго, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење место богато со вода.

Над селото се наоѓа разурната кула, која народот ја нарекува Пирго, сметајќи дека потекнува од времето на Цар Самуил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Поради тоа, секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори (еден од јаворите неодамна бил исечен) од времето на битката.

Селото првпат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“.

Отоманско Царство

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.495—    
19531.640+9.7%
19611.381−15.8%
19711.471+6.5%
19811.497+1.8%
ГодинаНас.±%
19911.484−0.9%
19941.324−10.8%
20021.211−8.5%
2021678−44.0%

Во почетокот на XX век, селото било со мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Макриево е наведено како село со 60 домаќинства и 198 жители Македонци и 36 Турци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мокриево живееле 1.880 жители, од кои 980 Турци и 900 Македонци.[4]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци, патријаршисти[2][5] и функционирало грчко училиште.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 450 Турци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.211 жители, од кои 1.204 Македонци, 3 Срби и 4 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 678 жители, од кои 625 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 51 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население1.8807841.4951.6401.3811.4711.4971.4841.3241.211678
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Образование

Во 1870 година, основано е првото училиште во селото. Во почетокот на XX век, постоеле две училишта: патријаршиско (грчко) и егзархиско (бугарско). Денес во селото функционира четиригодишно училиште ОУ „Видое Подгорец“, во склоп на ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино.

Општествени установи

Мокриево има сопствена пошта, здравствена станица, ветеринарни станици, матично одделение, месна заедница, дом за разонода формиран од луѓето кои се иселиле во странство.

Селската црква „Свети Пантелејмон“ била изградена во 1870 година. Тоа може да се заклучи од натписот на дарителите. Таа била зографисана во 1874 година, од страна на Андон Петров од селото Гари, Дебарско.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1774 и 1775 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.167 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Кон крајот на XIX век, била откриена стара црква и голема камена плоча на старословенски јазик, која била уништена.

Во непосредна близина на селото се наоѓа средновековната кула Пирго.

Редовни настани

Селската слава се одбележува на 9 август.

На 13 и 14 јануари редовно се одржуваат Страчинарските игри, кои се всушност василичарски карневал.

Личности

Култура и спорт

Селото има и свој фудбалски клуб со име „Подгор“.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица