14 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

14 јануари — 14-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 351 денови до крајот на годината (352 во престапна).

Настани:

1914 Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969 Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994 Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.

Родени:

1854 Војтех Хинаис — чешки сликар и графичар.
1860 Атанас Бадев — македонски композитор и музиколог.
1861 Мехмед VI — отомански султан.
1875 Алберт Швајцер — француски хуманист, лекар, филозоф и музичар.
1906 Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог.
1914 Паскал Паскалевски — македонски поет.
1925 Јукио Мишима — јапонски писател.
1929 Александар Петровиќ — српски и југословенски филмски режисер.
1930 Љубица Дамјановска — македонска историчарка на уметноста.
1930 Кени Вилер — канадско-британски џез-музичар.
1931 Мануел Галбан — кубански гитарист.
1933 Јозо Т. Бошковски - Јон — македонски писател.
1955 Диминик Рошето — француски фудбалер.
1967 Емили Вотсон — англиска глумица.
1968 Зоран Маџиров — македонски музичар.
1969 Дејвид Грол — американски рок-музичар, член на групата „Нирвана“.
1981 Сергеј Лагутин — узбекистански велосипедист.
1983 Максим Монфор — белгиски велосипедист.
1993 Марија Ласицкене — руска атлетичарка.
1999 Емерсон Ројал — бразилски фудбалер.

Починале:

1742 Едмунд Халеј — англиски астроном и геофизичар.
1833 Готлоб Ернст Шулцегермански скептички филозоф.
1945 Густав Касел — шведски економист.
1957 Хемфри Богарт — американски глумец.
1986 Дона Рид — американска филмска и телевизиска артистка.
2017 Саша Николовски - Ѓумар — мекедонски диригент.
2019 Павел Адамович — полски политичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица