Највисок домен

Највисок домен, врвен домен или главен домен (англ. top-level domain - TLD) е домен на највисоко ниво во хиерархијата на доменскиот именски систем (DNS) на семрежјето.[1] Највисоките доменски имиња се воведуваат во основното подрачје (root zone) на именскиот простор. Кај сите домени од понизок степен, ова е последниот дел на доменското име, т.е. последната наставка. На пример, во адресата www.example.com, највисокиот домен е .com (или .COM, бидејќи доменските имиња не разликуваат големи и малу букви). Раководењето со највисоките домени е во надлежност на организации назначени од службата ICANN, кој е задолжен за управата IANA и одржувањето на основното подрачје на DNS.

org [.] е јазол во дрвото DNS, исто како и википедија. [org.] и en. [wikipedia.org.] . Како таков, има свои запис на DNS

Историја

Првовитниот највисок доменски простор бил организиран во три групи: „земји“, „категории“ и „мултиорганизации“.[2][3] Додатната група „привремена“ (temporary) се состоела само од првичниот DNS-домен, arpa,[4] и имал како преодна намена кон стабилизацијата на доменскиот именски систем.

Видови на највисоки домени

IANA today distinguishes the following groups of top-level domains:[5]

  • Највисок државен домен (ccTLD): двебуквени домени за државите и териториите. Со извесни историски исклучоци, кодот на секоја територија е истоветен на нејзиниот код во ISO 3166.
  • интернационализирани државни кодови на највисоките домени (IDN ccTLD): што се напишани со нелатинични знаци. Македонскиот домен гласи .мкд
    • пробните интернационализирани највисоки домени се воспоставени под test со намера за испробување на постапката на разработка на интернационализирани домени.
  • општи највисоки домени (gTLD): највисоки домени со три или повеќе знаци
    • непокровителски највисоки домени: оние што работат непосредно според правилата на ICANN за глобалната семрежна заедница.
    • покровителски највисоки домени (sTLD): домени кои се предложени од и под покровителство на приватни агенции или организации што донесуваат и спроведуваат свои правила кои ја условуваат и ограничуваат подобноста за користење на тој највисок домен. Ограничувањата се од тематски карактер.
  • инфраструктурни највисоки домени: оваа група се состои само од доменот .arpa. Со него раководи IANA во име на IETF за разни цели укажани во изданијата на меморандумот „Request for Comments“.

Во доменскиот именски систем, секоја земја добива двебуквен код согласно ISO 3166-1,[6] па така Македонија го има кодот .mk. Постојат и некои исклучоци, како што е .uk за Велика Британија. Затоа, оваа група домени најчесто се нарекува државни кодови на највисоки домени (ccTLD). Од 2009 наваму, земјите што користат нелатинични писма имаат можност да поднесат молба за „интернационализирани кодови за највисок домен“. Тие на корисниците им се прикажуваат на соодветното писмо, но во доменскиот именски систем фигурираат како ASCII-називи преведени со Punycode.

Општите највисоки домени (порано „категории“) во прво време се состоеле од GOV, EDU, COM, MIL, ORG и NET. Подоцна се додадени и други, како што е info.

Во основното подрачје постои меродавен список на постојни највисоки домени што се објавува на https://www.iana.org/domains/root/db/ порталот на IANA.

Интернационализирани државни кодови на највисоки домени

Интернационализираните државни кодови на највисоките домени (IDN ccTLD) се највисоки домени со назив енкодиран за прикажување (на пр. во прелистувач) на матично писмо на земјата, како кирилица, арабица или неазбучните кинески знаци. Овие кодови се дел од системот на „интернационализирани доменски имиња“ (IDN) што се доделуваат на држави и независни географски подрачја.

ICANN почнал да прифаќа молби за интернационализирани домени (IDN) во ноември 2009,[7] и го вовел првио збир адреси во доменскиот именски систем во мај 2010. Првите адреси биле арапски имиња за земјите Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. До мај 2010, ICANN добил молби за вакви адреси од 21 земја со 11 писма.[8]

Интернационализирани пробни домени

Во постапката на испробување на интернационализираните највисоки домени, ICANN вовел збир домени на разни јазици кои се превод на името example.test.

ИмеВрскаПисмоЈазик
xn--mgbh0fb.xn--kgbechtvhttp://مثال.إختبار[мртва врска]арапскоарапски
xn--fsqu00a.xn--0zwm56dhttp://例子.测试 Архивирано на 30 мај 2013 г.упростено кинескокинески
xn--fsqu00a.xn--g6w251dhttp://例子.測試[мртва врска]традиционално кинескокинески
xn--hxajbheg2az3al.xn--jxalpdlphttp://παράδειγμα.δοκιμή Архивирано на 23 март 2013 г.грчкогрчки
xn--p1b6ci4b4b3a.xn--11b5bs3a9aj6ghttp://उदाहरण.परीक्षा Архивирано на 10 октомври 2013 г.деванагарихинди
xn--r8jz45g.xn--zckzahhttp://例え.テスト Архивирано на 10 октомври 2013 г.катаканајапонски
xn--9n2bp8q.xn--9t4b11yi5ahttp://실례.테스트 Архивирано на 9 октомври 2013 г.хангулкорејски
xn--mgbh0fb.xn--hgbk6aj7f53bbahttp://مثال.آزمایشی[мртва врска]персископерсиски
xn--e1afmkfd.xn--80akhbyknj4fhttp://пример.испытание Архивирано на 5 декември 2012 г.кирилскоруски
xn--zkc6cc5bi7f6e.xn--hlcj6aya9esc7ahttp://உதாரணம்.பரிட்சை Архивирано на 18 јуни 2013 г.тамилскотамилски
xn--6dbbec0c.xn--deba0adhttp://דוגמה.טעסט[мртва врска]хебрејскохебрејски
xn--fdbk5d8ap9b8a8d.xn--deba0adhttp://בײַשפּיל.טעסט Архивирано на 2 октомври 2011 г.хебрејскојидиш

Инфраструктурен домен

Доменот arpa е првиот највисок домен во историјата. Бил предвиден само за привремена употреба, за да го потпомогне преодот од имиња на традиционалниот ARPANET. Меѓутоа, по неговата употреба за обратно востановување (разложување) на DNS, востановено е дека неговото укинување би било непрактично, па така денес се користи исклучиво за инфраструктурни цели како во обратното разложување in-addr.arpa за IPv4 и ip6.arpa за IPv6, uri.arpa, како и urn.arpa за DDDS и e164.arpa за задавање на телефонски броеви врз основа на доменската евиденција NAPTR. Од историски причини, arpa понекогаш се смета за општ највисок домен.

Резервирани домени

RFC 2606 ги резервира следниве четири највисоки домени со цел да се избегнат забуни и спротивставености.[9] Тие можат да се користат за разни конкретни цели, но не смеат да фигурираат во редовните содржини во доменскиот именски систем:

  • example: резервиран за употреба во примери
  • invalid: резервиран за очигледно неважечки доменски имиња
  • localhost: резервиран со цел да се спречат спротивставености со традиционалната употреба на localhost како домаќинско име
  • test: резервиран за проби

Укинати домени

Постојат разни укинати највисоки домени кои припаѓале на земји што повеќе не постојат: cs за Чехословачка (денес cz за Чешка и sk за Словачка), dd за Источна Германија (користи de по обединувањето), yu за СФРЈ (денес: ba за БиХ, hr за Хрватска, me за Црна Гора, mk за Македонија, rs за Србија и si за Словенија) и zr за Заир (денес cd за ДР Конго). За разлика од сите нив, доменот su е активен и денес, и покрај тоа што Советскиот Сојуз е одамна распаднат.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица