Општина Дебар

Општина Дебаропштина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Дебар. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, од кои мнозинството се Албанци и Македонци.

Општина Дебар
Општина
Знаме на Општина ДебарГрб на Општина Дебар
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеДебар
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникХекуран Дука
Површина
 • Вкупна145,67 км2 (56,24 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно15.412
 • Густина110/км2 (270/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+046
Регистарски табличкиDB
Мреж. местоdibra.gov.mk
Карта на Општина Дебар со селските атари.
Демографска карта на Општина Дебар со селските атари.
Јазична карта на Општина Дебар. Мајчин јазик на населението, прикажано по населени места.

Географија

Општина Дебар се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 142.67 км2. На исток граничи со Албанија, на југ со Центар Жупа и Струга, на исток со Кичево и на север со Маврово и Ростуше. Во општината се наоѓаат планината Крчин и Дебарското Езеро.

Стопанство

Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.

Демографија

Население

Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]

НародЖителиУдел
Македонци*3.91120,01%
Албанци*11.34858,07%
Турци*2.68413,73%
Роми1.0805,53%
Срби220,11%
Бошњаци30,02%
Власи20,01%
останати*4922,52%
*Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци-муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци-муслимани). Дел од Македонците-муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците-муслимани се изјасниле и како други.
ВероисповедВкупно
православни734
муслимани17.083
католици57
протестанти0
останати78
Мајчин јазик

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:

ЈазикЖителиУдел
македонски5.97330,5
албански12.05161,6
турски1.3586,9
ромски500,25
српски190,09
босански30,01
останати880,45
МакедонциТурциСрбиРомиБошњациАлбанциВласиостанати / непознато
апсолутно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
релативно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
Општина ДебарВкупноМакедонциАлбанциВласиТурциБошњациСрбиРомиостанати
Баниште901080
Бомово0
Гари1091
Горно Косоврасти81857822218
Дебар14.5611.05410.76821.4152221.079219
Долно Косоврасти8133884244197
Коњари0
Кривци991
Могорче1.7941.4081376117
Осој66
Отишани5303024617012
Рајчица1314272116
Селокуќи104104
Спас3232
Татар Елевци1010
Трнаниќ0
Хаме135135
Џепиште4991059627622
Вкупно19.542
100,00%
3.911
20,01%
11.348
58,07%
2
0,01%
2.648
13,73%
3
0,02%
22
0,11%
1.080
5,53%
492
2,52%

Иселеништво

Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била воглавно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави.Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.

Општествени установи

Цркви[5]
Училишта
  • ОУ „Долно Косоврасти“ - Долно Косоврасти

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[6]

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Дебар е Ружди Љата од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[7] Советот на општина Дебар е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  ДУИ: 5 места
  СДСМ: 3 места
  АА: 3 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
  БЕСА: 2 места

Во склоп на општина Дебар е градот Дебар и следниве села: Баниште, Бомово, Гари, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Коњари, Кривци, Могорче, Осој, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Трнаник, Хаме и Џепиште.

Личности

Култура и спорт

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица