10 јуни

датум
01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
30 

10 јуни — 161-виот ден во годината според грегоријанскиот календар(162-ри во престапна година). Остануваат 204 дена до крајот на годината.

Настани:

1786 Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе.
1793 Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот.
1940 Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија.
1940 Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија.
1940 Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш.
1941 Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст.
1942 НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили.
1943 Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија.
1967 Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија.

Родени:

1819 Гистав Курбе — француски сликар.
1887 Владимир Смирнов — руски математичар.
1912 Ванчо Николески — македонски писател.
1915 Сол Белоу — канадско-американски писател, нобеловец и пулицеровец.
1921 Принц Филип — војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета II.
1921 Иван Кожариќ — хрватски вајар.
1922 Џуди Гарланд — американска глумица и пејачка.
1927 Ладислав Кубала — унгарски фудбалер.
1928 Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор.
1932 Љупка Апостолова — македонски изведувач.
1952 Пенг Бо — кинески кану-спринтер.
1956 Зоран Шапуриќ — македонски политичар и публицист.
1959 Карло Анчелоти — италијански фудбалер и тренер.
1961 Ким Дил — американска рок-музичарка, членка на групата „Пиксис“.
1965 Елизабет Харли — британска глумица, модел и кинематографски продуцент.
1966 Дејвид Плат — англиски фудбалер.
1972 Радмила Шекеринска Јанковска — македонски политичар.
1979 Светлана Захарова — руска балерина.
1980 Александра Пилева — македонска пејачка.
1981 Александар Липатов — руски слалом-кајакар.
1985 Василис Торосидис — грчки фудбалер.
1999 Рафаел Леао — португалски фудбалер.

Починале:

323 п.н.е. Александар III Македонскикрал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1836 Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар.
1912 Антон Ашкерц — словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература.
1926 Антони Гауди — каталонски архитект.
1940 Маркус Гарви — јамајски политички активист.
1967 Спенсер Трејси — американски филмски глумец.
1982 Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер.
1985 Стефан Русјаков — еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи.
1988 Неџати Зекерија — македонски детски писател од турска националност.
1991 Веркор — француски писател.
2004 Реј Чарлс — американски музичар.
2008 Чингиз Ајтматов — киргиски и советски писател.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица