Петра

Петра е напуштен древен град во денешен Јордан. Се наоѓа на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон Газа на запад, Бостра и Дамаск на север, Ејлат на Црвено Море и Персискиот Залив од другата страна на пустината. На 6 декември 1985 Петра е вклучена во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Петра е едно од новите седум светски чуда.

Манастир во Петра

Историја

Историјата на градот најтесно е поврзана со Набатејците, но поради недостаток од пишани докази, може да се утврди од фрагментите во Библијата и од грчки и римски извори. Според Библијата, областа на Петра е населена од хоритите, но не е сигурно, дали самиот град се споменува во Стариот завет. Најстарите археолошкии остатоци од ископувањата датираат околу 6 век пр.н.е. Иако е познато дека во антиката бил главен град на Набатејците, нема многу сознанија за тоа како бил нарекуван од Семитите. Во елинистичкиот период бил познат под името Петра (карпа).

Како дел од Источната Римското Царство, околу 630 Петра била освоена од муслиманите. За време на Ерусалимското Кралство она што останало од градот е заземено од кралот Балдуин I, а под контрола на крстоносците останува сè до 1189 година.

Значење

Познат е по градбите изделкани во карпи. Благодарение на стратешки поволната положба, низ Петра поминувале караваните од југот на Арабија кои пренесувале скапоцена роба: зачини и свила од Индија, слонова коска од Африка, бисери од Црвеното Море и темјан од Јужна Арабија


Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица