Регионална сила

Во меѓународните односи, од крајот на 20 век, терминот „ регионална сила“ се користи за суверена држава која има значително влијание во даден географски регион.[1][2] Државите од еден регион чија што моќ и влијание е неспоредливо поголема од другите држави во тој регион имаат регионална хегемонија.

Водачите од повеќето регионални сили за време на Самитот на Г-20 во 2015 година

Одлики

Постоењето на регионални сили ја одразува мултиполарноста на целиот денешен свет и поларитетот на еден регион. Обично, регионалните сили имаат важна улога во регионот, но не и на глобално ниво (освен во мал број случаи кога регионалната сила е истовремено и велесила). Европскиот конзорциум за политичко истражување регионалната сила ја дефинира како „држава која припаѓа на определен географски регион, доминира во овој регион во економска и воена смисла, способна е да изврши хегемонско влијание во регионот и има значително влијание во светски размери, подготвена е да го користи на ресурсите на моќ и од своите соседи е призната или дури прифатена како регионален водач.

Регионални сили

Африка

Иако Јужна Африка била дипломатски изолирана во последните години од времето на апартхејдот, во последните 20 години се смета дека успешно се реинтегрирала во меѓународните односи. Таа се смета за единствена новоиндустријализирана земја во Африка и има клучна улога во БРИКС и Г-20.

Нигерија, која често се нарекува „Џинот од Африка“, поради своето население и економија кои се најголеми во Африка и поради културното влијание што го има врз другите земји од Субсахарска Африка. Нигерија е и најголем производител на нафта во Африка.

Нигерија, Египет, Јужна Африка и Алжир се четирите најголеми африкански економии; во 2020 година сите тие имале БДП од преку 150 милијарди долари (номинален) и 500 милијарди долари (заснован на куповна моќ).

Потсахарска Африка

Азија

Низ историјата, царска Кина била доминантна сила во Источна Азија. Кон крајот на 19 век, Јапонија започнала реформи за модернизација и индустријализација, и до почетокот на Првата светска војна, како една од сојузничките сили веќе била регионална сила во Азија.

Кон крајот на 20 век, регионалните сојузи, економскиот напредок и контрастната воена моќ ја промениле стратешката и регионалната рамнотежа на моќ во Азија. Појавата на нови сили регионални сили, како Кина и Индија, предизвикало значителни промени во геополитиката на Азија. Кина и Јапонија, кои според БДП се на второ и трето место во светот, соодветно, почнале да влијаат врз регионите надвор од Азија. Во последните децении, Јужна Кореја се појавила како значајна економска и културна сила во Источна Азија.

Источна Азија

Југоисточна Азија

Јужна Азија

Западна Азија / Блискиот Исток

Европа

Русија – која доминирала со поранешната велесила, Советскиот Сојуз, историски била главна геополитичка сила во Источна Европа. Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство се сметаат за големата четворка на Западна Европа. Поголемиот дел од континентот сега е интегриран во Европската унија, која понекогаш како целина се смета за велесила, и покрај тоа што не е суверена држава.[36][37] Историски гледано, доминантните сили во Европа создале големи колонијални империи (како што се белгиската, британската, данската, холандската, француската, германската, италијанската, португалската, руската и шпанската колонијална империја).

Источна Европа

Средна Европа

Западна Европа

Јужна Европа

Северна Америка

САД се главна геополитичка сила во Северна Америка и се смета дека денес е единствена суперсила на светско ниво. Толку силно доминира во регионот така што нејзините соседи, Канада и Мексико, иако и двете се средни сили обично не се сметаат за регионални сили. И покрај тоа што има доволно голема економија за да биде членка на Г7, Канада не е регионална сила од две причини. Таа е воено безбедна како резултат на американската хегемонија и стана финансиски комфорна поради нејзината зависност и длабока интеграција со робусната американска економија.[47] Мексико е нова сила која веројатно би можела да се смета за регионална сила ако се групира во Латинска Америка, или дефинитивна регионална сила ако се земе предвид Средна Америка или во Шпанска Америка поради нејзината економска големина и различното културно наследство.[48] Сепак, како и Канада, мексиканската економија е многу зависна од САД (околу 80% од нејзиниот извоз оди за САД).[49][50]

Северна Америка

Океанија

Австралија се смета за регионална сила поради нејзиното богатство во Океанија и Југоисточна Азија. И покрај тоа што има десет пати помалку жители од Индонезија, Австралија има поголем номинален БДП.

Јужна Америка

По откритивањето, Португалија и Шпанија биле најголеми колонијални сили на континентот, но по деколонизацијата во првата половина од 19 век биле основани нови држави, иако културното влијание и јазицикот на Европјаните сè уште се доминантни во Латинска Америка.

Аргентина е најголема држава во која се зборува шпански јазик и втора по големина економска сила во Јужна Америка, со многу природни ресурси во енергијата и земјоделството. Бразил, од друга страна, долго време се смета за највлијателна геополитичка сила во Јужна Америка, бидејќи државата има најбројно население и најголема територија во Јужна Америка, а исто така има огромни резерви на природни ресурси, меѓу кои и вредни минерали, а на нејзина тероторија се наоѓа една десетина од пивката вода во светот и најголемата преостаната прашума на Земјата. Бразил има важна улога во меѓународните односи, особено во економските и глобалните еколошки прашања.[54] Аргентина и Бразил се членки на големите економии на Г-20.

Трансконтинентални регионални сили

Трансконтиненталните држави како Русија и Турција вршат регионално влијание врз различни континенти.

Белешки

^ Се смета за велесила
^ Членка на AUKUS
^ Членка на BRICS
^ Членка на CIVETS
^ Членка на D-8
^ Членка на G7
^ Членка на G-14
^ Членка на G-15
^ Членка на G20
^ Членка на MIKTA
^ Членка на N-11
^ Членка на OPEC
^ Членка на QUAD
^ Членка на the Shanghai Cooperation Organisation (SCO)
^ One of the G4 nations
^ Permanent Членка на the UN Security Council

Наводи

Библиографија

  • Buzan, Barry; Wæver, Ole (2003), Regions and Powers: The Structure of International Security, Cambridge: Cambridge University Press, стр. 55, ISBN 978-0-521-89111-0
  • Godehardt, Nadine; Nabers, Dirk, уред. (2011), Regional Orders and Regional Powers, Routledge, стр. 193–208, ISBN 978-1-136-71891-5
  • Stewart-Ingersoll, Robert; Frazier, Derrick (2012), Regional Powers and Security Orders: A Theoretical Framework, Routledge, ISBN 978-0-415-56919-4
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица