Велесила

Велесила (или голема сила, светска сила [2]) суверена држава со извонредно голема економска, воена, и политичка моќ што ѝ овозможува да врши влијание на светско ниво.[3] Поради својата воена и економска сила, како и меката моќ што ја поседуваат, велесилата може да ги натера средните или малите сили да го земат предвид нејзиното мислење пред да преземат свои активности.

Велесилите се препознаваат во меѓународни организации. Како пример се наведува влијанието во Советот за безбедност на Обединетите нации.[1]

Честопати се спори за точните критериуми според кои една држава ќе има статус на велесила. Од историски аспект, статус на велесила формално се признава со влијанието во организации како што бил Виенскиот конгрес [1][4] или Советот за безбедност на Обединетите нации.[1][5][6] Советот за безбедност на Обединетите нации, Квинтетот на НАТО, G7, БРИК и Контакт групата се опишани како здруженија на велесили.[7][8]

Терминот „велесила“ за првпат бил употребен за да се опишат најважните сили во Европа по Наполеоновата ера. „Велесилите“ го сочинувале „Европскиот концерт“ и барале право на заедничко спроведување на повоените договори.[9] Формалната поделба на мали сили [10] и велесили се случило по потпишувањето на Шомонскиот договор од 1814 година. Оттогаш, многу пати се сменила меѓународната рамнотежа на силите, најдраматично за време на Првата и Втората светска војна.

Одлики

Нема дефинирани одлики кои треба да ги поседува една велесила. Одликите честопати се емпириски и субјективни кои што оценувачот ги смета за релевантни.[11] Како резултат на тоа, имало обиди да се извлечат некои заеднички критериуми кои ќе се третираат како суштински елементи за статус на велесила. Даниловиќ (2002) истакнала три главни одлики, кои таа ги нарекува „димензии на моќ, простор и статус“, со кои велесилите се разликуваат од другите држави.[12]

Димензија на моќ

Овој аспект бил различно третиран, а најчесто се спори за тоа колкава треба да биде моќта. Авторите на концептот на голема моќ му пристапиле со различни концептуализации на состојбата во светот, од мултиполарност до огромна хегемонија. Во својот есеј „Француската дипломатија во повоениот период“, францускиот историчар Жан-Батист Дурозел зборува за концептот на мултиполарност: „Велесила е онаа која може да ја зачува сопствената независност против секоја друга единствена сила“.[13]

Леополд фон Ранке кој имал поинаква претстава за состојбата во светот, во својот есеј „Големите сили“, напишан во 1833 година, навел: „Ако дефиниција за голема сила е нејзината способност да опстои против сите други, дури и кога се тие обединети, тогаш Фридрих ја има подигнато Прусија на таа положба“.[14]

Во 2011 година, кинескиот научник Пенг Јуан, директор на Институтот за американски студии на кинескиот институт за современи меѓународни студии навел 10 главни предности на САД.[15]

1. Население, географска положба и природни ресурси.
2. Воена сила.
3. Висока технологија и образование.
4. Културна/мека моќ.
5. Кибер моќ.
6. Сојузници
7. Геополитичка сила
8. Разузнавачки способности
9. Интелектуална моќ
10. Стратешка сила, САД се единствена земја во светот со вистинска глобална стратегија.

Сепак, тој исто така забележал каде САД од неодамна ја изгубиле својата сила:

1. Политичка моќ
2. Економската моќ - забавување на економијата по 2007 година.
3. Финансиска моќ - со оглед на огромните дефицити и зголемениот долг.
4. Социјалната моќ - ослабена од општествената поларизација.
5. Институционална моќ - САД повеќе не можат да доминираат со глобалните институции

Просторна димензија

Сите држави имаат географска сфера на интереси, акции или проектирана моќ. Ова е клучен фактор во разграничување на голема и регионална сила; по дефиниција, сферата на регионалната сила е ограничен само на регионот во кој се наоѓа. Се наведува дека велесилата треба да има влијание врз целиот меѓународен систем во тој момент. Големите сили од 1914 година станале „светски сили“ затоа што западното општество го проширило влијанието „ширум светот“ [16]

Статусна димензија

Формалното или неформалното признавање на статусот на велесила на една држава е исто така критериум при нејзиното дефинирање.

Овој пристап ја ограничува анализата на времето по Виенскиот конгрес на кој за првпат биле формално признати големите сили.[17] Кога немало таков формален чин на признавање, се наведува дека статус на голема сила може да се припише преку разгледување на природата на односите на државата со другите големи сили.[18]

Поврзано

Наводи

Понатамошно читање

  • Абенхуис, Мартје. Ера на неутрали Политика на големи сили, 1815-1914 (2014) извадок
  • Алисон, Греам. „Новите сфери на влијание: споделување на глобусот со другите големи сили“. Надворешни работи 99 (2020): 30+ онлајн
  • Бриџ, Рој и Роџер Булен, изд.Системот на големите сили и европските држави 1814-1914 (второ издание 2004) извадок
  • Брукс, Стивен Г. и Вилијам К. Волфорт. „Подемот и падот на големите сили во дваесет и првиот век: подемот на Кина и судбината на глобалната позиција на Америка. Меѓународна безбедност 40.3 (2016): 7-53. онлајн
  • Диксон, понеделник Е. Диксон. „Големите сили и потрагата по хегемонија во современиот меѓународен систем“. Напредокот во Истражувачкиот весник на општествените науки 6.6 (2019): 168–176. онлајн
  • 1-929631-15-4
  • Еделштајн, Дејвид М. Преку хоризонтот: Време, несигурност и подем на големите сили (Корнел УП, 2017).
  • Ефремова, Ксенија. „Малите држави во политиката на големите сили: Разбирање на „ефектот на тампон““. Централноевропско списание за меѓународни и безбедносни студии 13.1 (2019) онлајн .
  • Елоранта, Јари, Ерик Голсон, Питер Хедберг и Марија Кристина Мореира, уредници. Мали и средни сили во глобалната историја: трговија, конфликти и неутралност од осумнаесеттиот до дваесеттиот век (Рутлеџ, 2018) 240 стр. онлајн преглед
  • Јофе, Јозеф. Митот за пропаѓањето на Америка: политика, економија и половина век лажни пророштва (2014) онлајн
  • Јофе, Јозеф. Иднината на големите сили (1998) онлајн
  • Касаб, Хана Самир. Големи стратегии на слабите држави и големите сили (Спрингер, 2017).
  • Кенеди, Пол. Подемот и падот на големите сили (1987) онлајн
  • Лангер, Вилијам, ед. (1973) Енциклопедија на светската историја (1948 и подоцнежни изданија) онлајн
    • Стернс, Питер, ед. Енциклопедија на светската историја (2007), 1245 стр.; ажурирање на Лангер
  • 9781317872849
  • Маас, Матијас. Малите држави во светската политика: Приказната за опстанокот на малите држави, 1648–2016 (2017).
  • Михаелис, Меир. „Статус на светската моќ или светска доминација? Истражување на литературата за Хитлеровиот „План за светско владеење“ (1937-1970). Историски весник 15#2 (1972): 331–60. онлајн .
  • Огден, Крис. Кина и Индија: појавените големи сили на Азија (Џон Вајли и синови, 2017).
  • Њуман, ИБ ед. Регионални големи сили во меѓународната политика (1992)
  • Шулц, Матијас. „Акт за балансирање: домашни притисоци и меѓународни системски ограничувања во надворешната политика на големите сили, 1848–1851 година“. Германска историја 21.3 (2003): 319–346.
  • 0393020258
  • Нојман, Ивер Б. „Русија како голема сила, 1815–2007 година“. Весник за меѓународни односи и развој 11.2 (2008): 128–151. онлајн
  • О'Брајан, Патрик К. Атлас на светската историја (2007) онлајн
  • Педен, ГЦ „Падот на Суец и Британија како светска сила“. Историски весник 55#4 (2012), стр. 1073–1096 година. онлајн
  • Пела, Џон и Ерик Рингмар, (2019) Историја на меѓународни односи онлајн Архивирано на 16 август 2019 г. за враќање
  • Шифринсон, Џошуа Р. Ицковиц. Титани во подем, џинови што паѓаат: како големите сили ги искористуваат промените на моќта (Корнел УП, 2018).
  • 0201083493
  • Вард, Стивен. Статус и предизвикот на моќите во подем (2018) извадок од книга ; исто така онлајн преглед
  • 0312892462
  • Ксуетонг, Јан. Лидерство и подемот на големите сили (Принстон УП, 2019).

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица