Рикардо Кака

бразилски фудбалер

Рикардо Изексон дос Сантос Лејте (португалски: Ricardo Izecson dos Santos Leite) (се чита: Рикарду Изексон душ Сантуш Лејчи) (роден на 22 април 1982 во Бразилија), подобро познат како Кака, — бразилски фудбалер кој игра во американската МЛС за Орландо Сити, и е поранешен член на бразилската фудбалска репрезентација.Кака ja започна својата фудбалска кариера на возраст од осум години, кога тој почна да игра за еден локален клуб. Како дете, тој, исто така, играл тенис,[2] и тоа не беше сè додека тој се пресели во Саун Пауло и го потпиша својот прв професионален договор со клубот, на возраст од 15 години, со што целосно се фокусира на фудбалот. Во 2003 година, тој се приклучи на италијанскиот клуб Милан за сума од 8,5 милиони евра. Во Милан, Кака го доживеа свите најблескави моменти во кариерата освојувајќи ја Серија А и Лигата на Шампионите, а во 2007 година тој беше прогласен за играч на годината и ја доби Ballon d'Or наградата. По неговиот успех со Милан, Кака се приклучи на Реал Мадрид за обесштетување од 65 милиони евра.[3] Во тоа време, тоа е втор најскап фудбалски трансфер во надомест во евра зад 75 милионскиот трансфер за Зинедин Зидан. По четири сезони во Шпанија, тој се врати во Милано на само една сезона во 2013 година, постигнувајќи го својот 100-ти гол за клубот. На крајот на сезоната 2013-14, тој се пресели во МЛС лигата во тимот на Орландо, но првично се врати во својот поранешен бразилски клуб Саун Пауло на позајмица. Во 2015 година, тој постигна гол на своето деби на МЛС за Орландо; кој подоцна беше вклучен во списокот за МЛС Ол-стар натпреварот во 2015 година, каде што тој беше прогласен за најкорисен играч.

Kaká
Кака после натпревар во Хјустон во 2015 година
Лични податоци
Полно имеРикардо Изексон дос
Сантос Лејте
Роден на22 април 1982(1982-04-22)(42 г.)
Роден воБразилија, Бразил
Висина1,86 м[1]
Позицијасреден ред/напад
Клупски податоци
Сегашен клубФК Милан
Број22
Младинска кариера
1994–2000ФК Саун Пауло
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2001–2003ФК Саун Пауло59(23)
2003–2009ФК Милан193(70)
2009–2013ФК Реал Мадрид85(23)
2013-2014Милан30(7)
2014-ФК Орландо Сити52(18)
2014-ФК Саун Пауло (п)19(2)
Репрезентација
2002–Бразил92(29)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 October 2016
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:07, 30 May 2016 (UTC)

На репрезентативно ниво, Кака го направи своето деби за репрезентацијата на Бразил во 2002 година, и беше избран во победничкиот состав за Светското првенство во истата година, како и за Светското Првенство во 2006 и 2010 година. Тој исто така беше член на победничката бразилската репрезентација на Купот на Конфедерации во 2005 година и 2009 година каде што ја освои и наградата златна топка на турнирот во 2009 година, како најдобар играч на првенството.

Во прилог на неговиот придонес на теренот, Кака е познат за неговата хуманитарна работа. Во 2004 година, тој стана најмладиот назначен амбасадор на ОН за Светската програма за храна.[4] За неговиот придонес во и надвор од теренот, Кака беше именуван во Време 100 списокот на највлијателни луѓе во светот во 2008 и 2009 година.[5] Кака беше првиот спортист да собере 10 милиони следбеници на Twitter.[6]

Кака во моментов е најплатен играч во МЛС лигата, со вкупна заработка од 7.167.500 долари бруто, односно 6,6 милиони основна плата.[7]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица