Ричард Фајнман

Ричард Филипс Фајнман (англиски: Richard Phillips Feynman) — еден од најголемите американски физичари на XX век, познат како најголемиот ум по Ајнштајн.[1] Познат е по неговата лекција, во 1959, на темата нанотехнологија „Има доволно простор на дното“ (There's Plenty of Room at the Bottom). Фајнман го напишал 3-томно издание на „Лекции по физика“, универзитетски курс, кој се користи и денес. Проширувал значајна теорија на квантната електродинамика за што во 1965 ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Џулијан Швингер и Шиничиро Томонага. Создал дијаграми за интеракциите на елементарни честички кои го носат неговото име и имаат огромна практична примена.[2][3] Тој помогнал во развојот на атомската бомба за време на Втората светска војна и станал познат во јавноста во осумдесеттите како член на Роџерова комисија,групата која ја истражувала несреќата на вселенскиот шатл Чаленџер.Покрај неговата работа на теориската физика,Фејнман се смета за основоположник на квантниот сметач,[4][5]и за воведување на концептот на нанотехнологијата. Тој бил професор по теориска физика на Калифорнискиот институт за технологија.

Ричард Фајнман

Фејнман бил жесток поборник за популаризирање на физиката преку книги и предавања,особено предавањата за нанотехнологија од 1959 година, и тритомното издание додипломски предавања Фејнмановите предавања за физика. Фејнман исто така станал познат преку неговите полубиографски книги Сигурно се шегувате г.Фејнман и Што ви е гајле што мислат другите луѓе и книги кои се напишани за него.

Детство

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица