Сатана

Сатаната (хебрејски: שָּׂטָן = „непријател“ или „противник“;[1] арап. شيطان = „заведе“, „далечни“ или „ѓаволот“) е карактер кој се појавува во Аврамските религии и којшто носи злоба и искушение, а исто така е познат како измамник кој ги води луѓето по погрешен пат. Некои религиски групи веруваат дека тој прво бил ангел кој паднал поради неговата гордост, дека ги заведувал луѓето во лаги и гревови, и дека ја има власта во пеколот. Во хебрејската Библија и во Новиот завет, Сатаната е обвинител и спротивник, злонамерен ентитет, исто така наречен и ѓавол, кој има лоши одлики. Иако сатаната е главно перципиран како негативен лик, некои групи имаат различни верувања. Во теистичкиот сатанизам, Сатаната се смета за божество кое или е обжувано или почитувано.  

Илустрацијан на Сатаната направена од страна на Вилијам Блејк.
Илустрација на сцена од Изгубениот Рај каде што Сатан паѓа во реката Стикс (Омраза) направена од страна на Дародес во 1868.
Густав Дор, Опис на Сатаната, централна фигура во Изгубениот Рај, во 1866

Јудаизмот

Еврејската Библија

Оригиналниот хебрејски назив Сатан е именка изведена од глаголот што значи „да попречува, да се противи“, така пишува во Книгата на Броевите 22:22, во Книгата на Самуел 29:4, во Псалми 109:6. Ха-Сатан традиционално се преведува како „обвинител“ или „противник“. Определениот член Ха- се користи за да се покаже дека именката (што следи после Ха-) е титула која што се дава на суштеството, а не на името на самото суштество.

Тринаесет појавувања

Ха-Сатаната, со определениот член Ха, се појавува 13 пати во Мазоретскиот текст, во две книги од хебрејската Библија: Книгата за Јов и Книгата за Захарија.

Сатаната без определениот член е спомената 10 пати, од кои двапати е преведено како ѓаволот и еднаш како сатана.

Книгата на Јов


На почетокот на книгата, Јов е добар човек „кој го почитувал господ и се тргал настрана од злото“ (Јов 1:1), и поради тоа бил награден од господ. Кога ангелите ќе му се појават на господ, и сатаната ќе дојде. Господ ќе ја информира Сатаната за добриот карактер на Јов. Помеѓу 1:9-10 и 2:4-5, Сатаната потенцира дека Господ му има дадено на Јов е што човек би можел да посака, и дека поради тоа Јов му е верен на Господ; Сатаната му кажува на Господ дека Јов би престанал да му биде верен ако се што му било дадено ќе исчезне. Господ тогаш му дава дозвола на станата да го тестира Јов. На крај, Јов сѐ уште е верен и праведен.

„Радост на Сатаната“

Најпознатата група теистички сатанисти е „Радост на Сатаната“.[2] Оваа групација верува дека Сатаната ги створил лугето и дека ангелите и јахве и другите аврамски креации се вонземјани кои работат на уништување на човештвото.[3] „Радост на Сатаната“ верува дека демоните се стварни древни пагански богови кои се лажно оптужени од страна на евреите за побуна против јахве. Пратителите на оваа групација истотака практикуваат ритуали „убивање на еврејски магии„ и слично.[4]

Према нив корен на името „сатан“ не еврејски него санскрит. Тврдат дека името „Сатана“ влече корени од санскритски свети мантри за кундалини енергија, како што е СаТаНаМа, сатнам и сатанас. Исто така се поврзува санскритки збор за вистина „Сата“ со Сатаната.[5]

Сатаната како мотив во популарната култура

  • „Сатански враќања“ (англиски: Satanic Reverses) — песна на американската рап-група The Disposable Heroes Of Hiphoprisy од 1992 година.[6]
  • „Сатаната е здодевен“ (англиски: Satan Is Boring) — песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1985 година.[7]
  • „Децата на Сатаната / Трета смоква“ (англиски: Children Of Satan/Third Fig) — песна на американската рок-група Чиконе јут (Ciccone Youth) од 1989 година.[8]

Белешки

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица