Светлински тек

Во фотометријата, светлински тек (светлински тек, светлинска моќ) — мерка за восприемената моќ на светлината. Се разликува од зрачниот тек (вкупна моќ на израчената светлина) по тоа што светлинскиот тек е прилагоден со оглед на различната чувствителност на човечкото око на светлина со разни бранови должини.

Фотопна (црно) и скотопна (зелено) функција на сјајност. Хоризонталната оска прикажува бранова должина во нанометри (nm).
Улбрихтова топка (интегратор) за мерење на светлинскиот тек од еден извор.

Единици

Единицата за светлински тек во системот SI е луменот (lm). Еден лумен се дефинира како светлинскиот тек што го оддава извор кој зрачи со светлинска јачина од една кандела во просторен агол од еден стерадијан. Во другите системи, светлинскиот тек се изразува со единици за моќ.

Пондерација

Светлинскиот тек ја зема предвид чувствителноста на окото по пат на пондерирање на моќта при секоја бранова должина со функцијата на сјајност, која ја претставува чувствителноста на окото на разни бранови должини. Светлинскиот тек е пондериран збир на моќта при сите бранови должини во водливиот појас. Светлината вон видливиот појас се занемарува. Соодносот на вкупниот светлински тек со зрачниот тек се нарекува светлинска делотворност.

Практична примена

Оваа мерка честопати се користи како како објективна мерка на полезна светлина што зрачи од некој извор, и како таква се наведува на опаковката на светилките. Штедливите потрошувачи обично го споредуваат светлинскиот тек на разни светилки бидејќи така добиваат претстава за количеството на светлина што ќе го добијат од неа. Оваа мерка е корисна и при споредбата на светлинската делотворност кај жаречките и компактните флуоресцентни светилки.

Фотометриски единици на SI
ВеличинаСимбол[б 1]SI-единицаСимболДимензијаБелешки
Светлосна енергијаQv [б 2]лумен-секундаlm⋅sT⋅Jединицата е наречена и „талбот“
Светлосен текΦv [б 2]лумен (= cd⋅sr)lmJнаречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачинаIvкандела (= lm/sr)cd[б 3]основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
БлескавостLvкандела на квадратен метарcd/m2L−2⋅Jединиците се наречени и „нити“
ОсветленостEvлукс (= lm/m2)lxL−2⋅Jза светлина врз површина
Светлосна излезностMvлукс (= lm/m2)lxL−2⋅Jза светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеностHvлукс-секундаlx⋅sL−2⋅T⋅J
Густина на светлосна енергијаωvлумен-секунда на кубен метарlm⋅sm−3L−3⋅T⋅J
Светлосна делотворностη [б 2]лумен по ватlm/WM−1⋅L−2⋅T3⋅Jсооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица