Сигри Унсет

Сигри Унсет ( норвешки: Sigrid Undset; Калундборг, 20 мај 1882Лилехамер, 10 јуни 1949 година), била норвешка писателка, добитник на Нобеловата награда за литература во 1928 година [1].

Сигри Унсет
Родена20 мај 1882( 1882-05-20)
Калундборг, Данска
Починала10 јуни 1949(1949-06-10) (возр. 67)
Лилехамер, Норвешка

Живот

Ќерка на норвешкиот археолог Ингвалд Унсет и неговата сопруга од Данска Ана Шарлот Гит. Сигри Унсет во 1912 година се омажила за сликарот Андерс Кастус Сварстад. Нејзиниот татко починал кога таа имала единаесет години. Заедно со мајка и и двете сестри се преселила во Норвешка. Често се преселувале. По основното и средното трговско училиште работела како канцелариски работник од 17 до 27 година. После тоа почнала да пишува. Таа се смета за најголема писателка на норвешкиот неореализам. На меѓународната сцена таа била многу попозната по своите историски романи. Во октомври 1924 година преминала во католицизмот. Таа била силен противник на нацизмот и за време на Втората светска војна живеела во САД.

Младост

Таа напишала 33 книги и стотици статии. Развојниот пат го започнува во 1907 година со дневникот на Фру Марта Оули, кој зборува за еден проблематичен брак. Во 1908 година го објавува Den lykkeke alder, збирка кратки раскази за несреќните и бездомниците од тогашното Осло зафатено со индустрискиот развој. Паралелно со делата за современото, пишувала и за средниот век. Читателите надвор од Норвешка се особено запознаени со овие нејзини литературни слики од средновековна Скандинавија.

Во 1909 година, таа ја напуштила работата откако добил стипендија и отишла во Рим преку Германија и Париз. Во Рим го запознала сопругот и продолжила да пишува, но без големи признанија. Пробив доживува во 1911 година со романот Џени, книга за слободата и сексуалноста на жената. Се омажила за Сварстад во 1912 година во Норвешкиот конзулат во Антверпен. Како младенци, тие живееле кратко во Лондон. Романот Варен - од 1914 година - се фокусира на семејството како столб на општествениот поредок. Во 1915 година, таа ги издава Приказните за кралот Артур и Витезите на тркалезната маса. Во 1919 година ја објавува Од гледна точка на жена. Во 1919 година се сели во Лилехамер со нејзините три деца.

Историски роман

Како израз на нејзиното длабоко интересување за средниот век, таа напишала трилогија за Кристина Лаврансова - Кристин Лаврансдатер. Приказната за Кристин е филмувана во 1990-тите со Лив Улман како режисер. Во 1924 година Унсет го признава своето преобраќањето во католицизмот и се разведува од сопругот. При доделувањето на Нобеловата награда во 1928 година во објаснувањето на Шведската академија нагласена е токму историската димензија на нејзините дела и нејзините „моќни толкувања на животот на средновековниот север“. Таа несебично го донирала најголемиот дел од наградата во добротворни цели.

Воени години

По пет историски романи, Унсет повторно се интересирала за сегашноста во текот на целите 1930-ти.

Таа рано зборувала против нацизмот, во написот Forschritt, Rasse, Religion од 1935 година. Како претседател на Норвешките здруженија на писатели држела доследно антинацистички правец. По нападот на нацистичка Германија на Норвешка, таа побегала од земјата преку Шведска, Советскиот Сојуз и Јапонија во САД, каде што се насели во Њујорк.

Последните години

Во летото 1945 години се вратила во Лилехамер и нејзиното здравје почнало да ја напушта. Починала во 1949 година.

Дела

  • Фрау Марте Оули (1907)
  • Среќниот Алдер (1908)
  • Fortællingen om Viga-Ljot og Vigdis (1909)
  • Џени (1911)
  • Приказни за кралот Артур и витезите на тркалезната маса (1915)
  • Splinten av trollspeilet (1917)
  • De kloge jomfruer (1918)
  • Et kvindesynspunkt (1919)
  • Кристина Лаврансдотер (тределар, 1920-22)
    • Крансен (1920)
    • Хасфру (1921)
    • Корсет (1922)
  • Олав Одунсон и Хествикен (1925)
  • Олав Аудунсон и Ханс Борн (1927)
  • Гимнаденија (1929)
  • Пламен гром (1930)
  • Ида Елизабет (1932)
  • Елеве аар (1934)
  • Форшрит, Расе, Религија (1935)
  • Норске Хелгенер (1937)
  • Госпоѓа Доротеа (1939)
  • Враќање во иднината (1942)
  • Artikler og taler fra krigstiden (1952)
  • Катерина од Сиена (1951, постхумно)
  • Сигурд и Ханс Тапре Венер (1955, постхумно)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица