Сили (архипелаг)


Островите Сили (корнски јазик: Syllan, или Enesek Syllan) се архипелаг кој се наоѓа северозападно од Корнвол. Островот Сент Агнес од архипелагот е најјужната точка и на Англија и на Обединетото Кралство, а е оддалечен 6,4 км појужно од најјужната точка Лизард Поинт на британското тло. Островите Сили се архипелаг од 145 острови во Келтското Море, оддалечени 45 км од Корнвол.

Острови Сили
Syllan
Поглед на Островите Сили од Меѓународна вселенска станица
The Isles of Scilly (red; bottom left corner) within Cornwall (red & beige)
Географија
Место45 km југозападно од Југозападниот Полуостров
Координати49°56′10″N 6°19′22″W / 49.93611° СГШ; 6.32278° ЗГД / 49.93611; -6.32278
КатастарSV8912
АрхипелагБритански Острови
Соседни водни површиниКелтско Море
Атлантски Океан
Вкупно острови5 населени и 140 други
Поголеми острови
Површина16,37 км2 ([[List of English districts by area|Предлошка:English district area rank]])
Управување
СтатусSui generis Унитарна власт
ЗемјиАнглија
РегионЈугозапад
Церемонијални грофовииКорнвол
Најголема населбаХју Таун (pop. 1,097)
Локална владаТед Мулсон
ИзвршенТео Лајџсер
Народен пратеникДерек Томас
Демографија
Население2300
Густина139 /km2 (360 /sq mi)
Етнички групи97.3% Бели Британци
2.4% Други белци
0.3% Мешани[1]
Дополнителни податоци
Мреж. местоscilly.gov.uk
Прогласено:13 август 2001
Број1095[2]

Според пописот од 2011 година, бројот на жителите е 2203.[3] Островите Сили се дел од церемонијалната грофовија на Корнвол, а дел од услугите се поделени со Корнвол. Сепак, од 1890 година, островите имаат одвоена локална управа.

Придавката „силијански“ понекогаш се употребува за луѓе и предмети поврзани со островите. Војводството Корнвол поседува најголем дел од земјата на островите. Туризмот е главен дел од стопанството, а покрај тоа има и земјоделство каде е најразвиено производството на режано цвеќе.

Местоположба на Островите Сили во однос на Велика Британија
Поглед на Островите Сили од Меѓународната вселенска станица

Историја

Рана историја

Овие острови можеби одговараат на островите Кастериди („Калајни Острови“) кои Феникијците ги посетиле, а биле споменати и од Старите Грци. Иако им го дале името „Калајни Острови“, на архипелагот нема калај.

Веројатно до поново време островите биле поголеми и веројатно правеле еден остров наречен Енор. Подигањето на морското ниво и поплавувањето на централните рамнини околу 400-500 година, ги формирало сегашните 145 острови и помали островчиња.[4] Зборот „Енор“ е скратеница од старокорнскиот збор[5] Ен Ноер (Моер мутирало во Ноер) што значи „земја“[5] или „голем остров“.[6]

Докази дека порано постоел еден поголем остров се:

  • Опис напишан во римско време каде името Сили „Scillonia insula“ е именка во еднина што укажува дека имало или еден остров или дека едниот остров бил многу поголем од сите други.
  • Биле пронајдени остатоци од праисториски фарми во Норнур, кои се наоѓаат на мали карпести гребени, кои се премногу мали за земјоделство.[7] На островите имало населби од железно време кои продолжиле да постојат и во римскиот период.[8] Овие заедници биле формирани веројатно од мигранти од британското тло, најверојатно од Венетите, кои биле активни во трговијата со калај, кој потекнувал од рудниците во Корнвол и Девон.
  • За време на осеката морето станува толку плитко што луѓето може пешки да одат помеѓу некои острови.[9] Ова е можеби и причина за постоење на легенда за потонатата земја, како што е приказната за митската земја Лајонес од приказните за кралот Артур.
  • Древните полски меѓи сѐ уште се видливи под морската површина кај некои од островите, како на пример, кај денес ненаселениот остров Самсон.
  • Некои имиња на местата на старокорнски јазик јасно покажуваат некогашен брег и порамешни земјени површини.[10]
  • Цела јужна Англија постепено тоне спротивно од постглацијалното издигнување на Шкотска, а тоа е причина за појава на ријас – залив кој настанува со потопување на речните долини на јужниот корнски брег. Пример е реката Фал и Тејмарскиот слив.[8]

Островите Сили се препознаени како место на прогонство на двајца еретички епископи од 4 век, Инстантиус и Тиберианус, кои и двајцата биле следбеници на присцилијанството.[11]

Викиншки и нормански период

Олаф I Тригвасон ги посетил Островите Сили во 986 година. Тамошната средба со свештеник го поттикнало да ја христијанизира Норвешка.
За време на владеењето на Кнут Велики, Островите Сили, Корнвол и Велс не биле под власта на Кралството Англија.

Во 995 година, Олаф Тригвасон станал крал на Норвешка, Олаф I Норвешки. Роден околу 960 година, Олаф ограбувал разни европски градови и водел неколку војни. Во 986 година, тој веројатно сретнал христијански свештеник на Сили Островите. Свештеникот веројатно бил следбеник на присцилијаните, кои биле мала христијанска заедница прогонета од Шпанија за време на владеењето на императорот Магнус Клемент Максимус поради ерес.

По освојувањето од страна на Норманите, Сили Островите дошле под централизирана власт. По околу 20 години, била спроведена поделба на земјата меѓу кралот и нормандиските феудалци, што било запишано во Книгата на страшниот суд (англ. Doomsday Book). Според книгата островите станале дел од „Ексетер кругот“ во кој биле вклучени и Корнвол, Девон, Дорсет, Самерсет и Вилтшир.

Во средината на 12 век, наводно се случил викиншки напад на Островите Сили, кои Викинзите ги нарекувале Силингар, настан кој бил запишан во викиншкиот еп „Orkneyinga saga“. Во записот викингот Свејн Аслејвсон, пловејќи јужно од Ирска на островите Силингар ограбил монаси.[12]

Се смета дека Корнвол заедно со островите дошле под власт на англиската круна за време на владеењето на англосаксонскиот крал Етелстан Сјајниот (924 – 939 г.). Кралот Хенри I (1100 – 1135 г.) ги приклучил островите кон опатијата Тависток, која подоцна, за време на Англиската реформација, била аболицирана.[13]

Доцен среден век и ран модерен период

Во почетокот на 19 век, Островите Сили биле дел од „Стотиците на Корнвол“ (англ. Hundreds of Cornwall)
Островите Сили: мапа на Џон Бартоломеј (1874 г.)

Во доцниот среден век, имало неколку записи во кои се спомнуваат Островите Сили. Во 14 век, во петицијата за помош до кралот од страна на опатијата и манастирот Тависток, меѓу другите места се спомненуваат и Островите Сили. Исто така, во петицијата на Вилијам л’Поер, напишана во 1305 година до кралот, стоела неговата загриженост за бродоломите на Островите Сили, со нивниот список.

За време на Англиската граѓанска војна, во средината на 17 век, меѓу кралот Чарлс I и парламентарците, парламентарците го зазеле островот, но по бунтот на тамошниот гарнизон ги вратиле островите на ројалистите. Во 1651 година, гувернерот Сер Џон Гренвил, кој бил ројалист, ги користел островите за гусарки напади на бродови од Комонвелт и од Холандија. Холандскиот адмирал Мартен Тромп, кој пловел кон островите, кога пристигнал на 30 мај 1651 година, барал исплата на оштета. Бидејќи не ја добил ниту оштетата ниту пак задоволителен одговор, тој ѝ објавил војна на Англија во јуни истата година. Оваа војна, во која не бил испукан ниту еден куршум, во историјата е позната како Тристатриесет и пет годишната војна меѓу Холандија и Островите Сили.

Во јуни 1651 година, адмиралот Роберт Блејк ги зазел островите од парламентарците.

Во текот на ноќта на 22 октомври 1707 година, на Островите Сили се случила една од најтешките поморски несреќи во британската историја, кога од флотата од 21 кралски поморски бродови, кои се движеле од Гибралтар кон Портсмут, шест од нив претрпеле бродолом на гребените од островите. Во бродоломите загинале најмалку 1450 морнари, заедно со заповедничкиот адмирал Сер Клодслеј Шовел.

Постојат записи за потоп предизвикан од цунами по земјотресот во Лисабон, во 1755 година.[14]

Островите биле напаѓани и од берберски пирати, кои месното население го продавале како робови на берберскиот пазар.[15]

Гувернери на Островите Сили

Прв гувернер на Островите Сили бил Томас Годолфин, чиј син Френсис добил закуп на островите во 1568 година. Тие биле Гувернери на Сили, и Годолфините и нивните роднини Озборн ја држеле оваа позиција до 1834 година. Во 1834 година, Август Џон Смит го купил закупот од војводството за 20.000 фунти.[16] Смит ја создал титулата Лорд сопственик на Сили Островите за самиот себе, и многу од неговите постапки биле непопуларни. Закупот останал во неговото семејство сѐ додека не истекол за повеќето од островите во 1920 година, кога сопственоста повторно се вратила на војводството Корнвол. Денес, имотот Дориен-Смит сè уште го задржува закупот за островот Треско.

  • 1568-1608 г. Сер Френсис Годолфин (1540-1608 г.)
  • 1608-1613 г. Сер Вилијам Годолфин од Годолфин (1567-1613 г.)
  • 1613-1636 г. Вилијам Годолфин (1611-1636 г.)
  • 1636-1643 г. Сидни Годолфин (1610-1643 г.)
  • 1643-1646 г. Сер Френсис Годолфин од Годолфин (1605-1647 г.)
  • 1647-1648 г. Ентони Булер (парламентарец)
  • 1649-1651 г. Сер Џон Гренвил (ројалист)
  • 1651-1660 г. Џозеф Ханкин (Парламентарен надзорник)
  • 1660-1667 г. Сер Френсис Годолфин од Годолфин (1605-1667 г.) (вратен на функција)
  • 1667-1700 г. Сидни Годолфин, Прв Ерл Годолфин (1645-1712 г.)
  • 1700-1732 г. Сидни Годолфин (1652-1732 г.)
  • 1733-1766 г. Френсис Годолфин, Втор Ерл од Годолфин (1678-1766 г.)
  • 1766-1785 г. Френсис Годолфин, Втор Барон Годолфин (1706-1785 г.)
  • 1785-1799 г. Френсис Озборн, Петти војвода од Лидс (1751-1799 г.)
  • 1799-1831 г. Џорџ Озборн, Шести војвода од Лидс (1775-1838 г.)
  • 1834-1872 г. Август Џон Смит (1804-1872 г.)
  • 1872-1918 г. Томас Алгернон Смит-Дориен-Смит (1846-1918 г.)
  • 1918-1920 г. Артур Алгернон Дориен-Смит (1876-1955 г.)

Географија

Местоположба на Сили Островите (заокружена)
Петте одделенија (кои исто така се и цивилни парохии) на Островите Сили; црвено е Сент Агнес, сино е Бриер, портокалово е Треско, зелено е Сент Мартин, а сиво е Сент Мери.

Островите Сили се архипелаг од пет населени острови (шестиот Гаг се брои одвоено од островот Сент Агнес) и голем број на мали гребенести, ненаселени островчиња, околу 140, а се наоѓаат на 45 км оддалеченост од копното.[17]

Местополжбата на островите е причина за големи контрасти: поволниот ефект на морето, особено поради влијанието на Голфската струја, придонесува да климата е умерена, со ретки врнежи од снег и мразови, што им овозможува на локалните фармери да одгледуваат многу повеќе цвеќе отколку на копното. Се садат режани цвеќина, главно нарциси. Изложеноста на атлантските ветрови, посебно за време на јаките зимски бури, прави да северните делови на островите имаат карпест пејзаж.

Оваа табела дава преглед на најважните острови:

ОстровНаселение

(Попис 2001 г.)
Површина (км2)ГустинаГлавна населба
Сент Мери1,6666.58  253.2Хју Таун
Треско1802.97  60.6Њу Гримзби
Сент Мартин (со Вајт Ајланд)1422.37  60Хајер Таун
Сент Агнес (со Гаг)731.48  49.3Мидл Таун
Бриер (со Гвил)921.32  70Да Таун
Самсон-(1)0.38 - 
Анет –0.21 - 
Сент Хелен –0.20 - 
Теан –0.16 - 
Грејт Ганили –0.13 - 
останати 45 островчиња –0.57 - 
Острови Сили2,15316.37Хју Таун

Островите Сили во 1975 година биле прогласени за регија на природни убавини. Ова прогласување важи за целиот архипелаг и во него се вклучени и населените острови и малите гребенести островчиња и карпи кои се и најмали во Велика Британија. Островите се познати по својата разновидна фауна, а посебно поради бројноста и разновидноста на популацијата на птици.

Овие острови се посебно познати меѓу љубителите на птиците, кои можат овде да ги набљудуваат ретките птици од сите делови на планетата. Месецот октомври е пикот кога овде можат да се сретнат некои од најретките видови на птици во Европа.

Плима и осека

Разликата меѓу плимата и осеката на Островите Сили е мошне изразена и изнесува 5,99 метри на островот Сент Мери. Во меѓуостровските делови, морето е поплитко, особено во текот на пролетта, кога осеката прави повлекување на морето, кое овозможува премин меѓу некои острови пешки. При изразена осека, многу од северните острови можат да се достигнат од Треско, вклучувајќи ги тука Бриер, Самсон и Сент Мартин. Од Сент Мартинскиот Вајт Ајланд може пешки да се оди до Литл Ганили и Грејт Артур. Патот меѓу Сент Мери и Треско при осека е обично слабо поплавен, но при екстремно ниски осеки, што ретко се случува, овој пат е сув.

Клима

Островите Сили имаат умерена океанска клима (спрема Кепеновата класификација на климата) и имаат најумерена клима од сите други делови на Велика Британија. Просечната годишна температура изнесува 11,8 °С. Зимите се меѓу најтоплите во Обединетото Кралство, што се должи на ефектот од океаните и иако островите се на иста географска широчина со Винипег во Канада, мразот и снегот на нив се ретки. Летата не се топли како на копното. Најниската било кога измерена температура изнесувала - 7,2 °С, а највисоката било кога измерена температура изнесувала 27,8 °С.[18] Снегот наврнал најмогу на 12 јануари 1987 година и тоа 23 cm. Меѓу месеците мај и ноември, никогаш не била забележана температура под 0 °С. Островите Сили се едни од најсончаните регии во југозападот, со просечно 7 сончани саати дневно во месец мај.

Климатски податоци за хелиопорт на Сент Мери Островот, 1981–2010 просечни вредности
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГод.
Највисока темп. °C (°F)15.1

(59.2)
15.0

(59)
18.5

(65.3)
20.8

(69.4)
23.6

(74.5)
26.1

(79)
27.8

(82)
26.8

(80.2)
24.3

(75.7)
19.9

(67.8)
17.4

(63.3)
15.3

(59.5)
27.8

(82)
Просечно висока темп. °C (°F)9.7

(49.5)
9.7

(49.5)
10.8

(51.4)
12.3

(54.1)
14.5

(58.1)
17.1

(62.8)
19.2

(66.6)
19.7

(67.5)
18.0

(64.4)
14.7

(58.5)
12.1

(53.8)
10.4

(50.7)
14

(57.2)
Дневна просечна темп. °C (°F)8.0

(46.4)
7.9

(46.2)
8.8

(47.8)
9.8

(49.6)
12.0

(53.6)
14.5

(58.1)
16.5

(61.7)
16.9

(62.4)
15.5

(59.9)
12.7

(54.9)
10.3

(50.5)
8.7

(47.7)
11.8

(53.2)
Просечно ниска темп. °C (°F)6.2

(43.2)
6.0

(42.8)
6.7

(44.1)
7.2

(45)
9.4

(48.9)
11.9

(53.4)
13.8

(56.8)
14.1

(57.4)
12.9

(55.2)
10.6

(51.1)
8.5

(47.3)
6.9

(44.4)
9.5

(49.1)
Најниска темп. °C (°F)−7.2

(19)
−4.3

(24.3)
−1.6

(29.1)
−0.4

(31.3)
3.5

(38.3)
6.8

(44.2)
9.7

(49.5)
8.6

(47.5)
8.4

(47.1)
5.5

(41.9)
2.3

(36.1)
−2.8

(27)
−7.2

(19)
Просечна преципитација mm (инчи)94.8

(3.732)
69.7

(2.744)
61.7

(2.429)
54.6

(2.15)
47.8

(1.882)
47.8

(1.882)
63.4

(2.496)
67.2

(2.646)
67.4

(2.654)
96.6

(3.803)
95.9

(3.776)
98.2

(3.866)
865.1

(34.06)
Просечна преципитација денови14.513.011.510.48.56.98.99.710.214.414.915.2138.1
Просек на сончеви часови во месецот58.879.8124.4192.4218.5206.3204.1203.4160.1113.074.654.41,689.8
Извор: Met Office

Геологија

Геолошка карта на западен Корнвол, со Островите Сили.

Сите Острови Сили се изградени од гранитни карпи од раниот Перм. Ирскиот морски ледник од Плеистоцен завршува на северниот дел од Островите Сили во текот на последното Ледено време.[19][20]

Влада

Силиски крст, знамето на Островите Сили.
Крст на Свети Пајрен, знамето на Корнвол.

Национална влада

Политички островите се дел од Англија, која е една од четирите земји на Обединетото Кралство. Во парламентот на Обединетото Кралство, островите се дел изборната единица Сент Ивс.

Локална власт

Советот на Островите Сили има одвоена власт од унитарната власт на Корнволскиот совет, така да островите не се дел од административната област на Корнвол, но сѐ уште се сметаат за дел од церемонијалната грофовија на Корнвол.[21] Советот има 21 избран пратеник – 13 се бираат од изборната единица Сент Мери и по двајца од секоја од четирите изборни единици на островите Сент Мартин, Сент Агнес, Треско и Бриер. Последните избори биле на 2 мај 2013 година, а 20-те избрани биле независни пратеници.[22] Некои делови од локалното управување, како на пример здравството, се споделуваат со Корнвол.

Знамиња

Црквата Сент Мери во Хју Таун.

Островите Сили имаат две знамиња:

  • Силиски крст, кој е избран од читателите на весникот Сили Њус (Scilly News), во 2002 година, и е регистриран во Институтот за знамиња (The Flag Institute) како знаме на островот.[23][24]
  • Знамето на советот на Островите Сили на кое е претставено логото на советот и го претставува советот.

Служби за итни случаи

Полициските сили на островот се дел од полициската област на Девон и Корнвол. Во Хју Таун постои полициска станица.

Здравствената итна помош која ги покрива сите острови се обезбедува со помош на хеликоптер.

Островот има сопствена пожарникарна единица, која е екипирана од постојани пожарникари на сите населени острови.

Образование

Образованието е достапно до 16-годишна возраст. Постои една училишна установа наречена „Училиште на петте острови“, кое овозможува основно образование на сите острови и средно образование, со соодветна установа на островот Сент Мери. Учениците од средно образование кои живеат на други острови сместени се за време на викендот во соодветен интернат. Учениците меѓу 16-18 години, кои посетуваат бесплатно 1-3 годишно секундарно образование (средно училиште) во државното школство или вакво соодветно средно образование на копното, ним им е овозможен бесплатен авионски превоз и стипендии за сместување. Студенти над 18-годишна возраст може да посетуваат факултети на копното.

Стопанство

Туризам

Дејмарк (дневна верзија на светилник) на Сент Мартин.

Стопанството на Островите Сили се темели денес главно на туризмот преку кој се добиваат 85% од приходите. Туризмот е успешна гранка и се должи на убавата средина, пријатната летна клима, релаксираната култура, ефикасната координација со туристичките услужници и одлични транспортни врски меѓу островите и копното.[25] Најголем број туристи престојуваат во Сент Мари каде и се концентрирани најголем број на туристичките сместувачки капацитети. Од другите острови, Треско е најмногу ориентиран кон развојот на туризмот. Туризмот е сезонски ориентиран, но се прават обиди да се продолжи сезоната до октомври, кога поради преселбата на птиците доаѓаат сѐ повеќе љубители и на набљудувачи на птици.

Орнитологија

Поради својата положба овие острови се првото слетувалиште на бројни птици при нивната миграција. Слетуваат и многу ретки птици дури од Северна Америка и Сибир. На островите живее и светски познатиот орнитолог Вилијам Вегстеф.

Вработување

Најголем број на вработени (околу 65%) на островите се во туризмот. Поради сезонскиот карактер на туризмот и многу од вработувањата се од  сезонски и привремен карактер.[25]

Сообраќај

Електрично возило за голфски терен на Сент Мери, достапни за јавно изнајмување.
Патнички брод RMV Scillonian III на пристаништето Сент Мери.

Сент Мери островот има поразвиена автопатна мрежа, а во 2005 година биле регистрирани 619 возила на островот. На островот постои такси служба и туристички автобуси. На овој остров се наоѓа и истоимениот аеродром кој ги поврзува островите со повеќе аеродроми на копното.[26] На островите Сент Мери и Треско има и хелидроми со можност за хеликоптерски превоз меѓу островите, а по изградбата на новиот хелидром во Пензанс треба да отпочнат и летовите од Корнвол во 2019 и 2020 година. Бродскиот сообраќај се одвива преку пристаништата во Пензанс и Сент Мери преку компанијата Isles of Scilly Steamship Company (ISSC), која превезува и стока и патници. Островите меѓусебе се поврзани со моторни бротчиња.[27]

Култура

Население

Според пописот од 2001 година во Велика Британија, 97% од населението на Островите Сили биле бели Британци, а 93% од жителите се родени на островите или главном на Корнвол.[28] По проширувањето на ЕУ, има доселеници од Источна Европа, но има и нешто малку Австралијанци, Ново Зеланѓани и Јужно Африканци. Островите важат за земја каде криминалот е заборавен, што е одраз на многу ниско ниво на криминал.[29]

Спорт

Еден од популарните спортови денес, кои се наследени од минатото, се трки со веслачки бродови кои се со специфична градба, типична за овие острови и кои имаат шесточлен екипаж. Трките се одвиваат меѓу островите, а секоја година во месец мај се одржуваат годишни натпревари во кои учествуваат пилот кајаци од островите и од Корнвол.

На островите функционира и најмалата фудбалска лига - Фудбалска лига на Островите Сили,[30] која има само две екипи.

На островот Сент Мери постојат и голф терени и голф клуб.

Книжевност

Постојат повеќе романи, новели и песни во кои се спомнуваат Островите Сили.

Хероината на романот на Валтер Безан, Арморел од Лајонес, дошла од островот Самсон, а околу половина од дејствието на романот се одвива на Островите Сили.

Настаните во романот Маразан, на писателот Невил Шут, се случуваат, делумно, на овие острови.

Пет детски книги напишани од Мајкл Морпурго, Зошто китовите дојдоа, Заспаниот меч, Бродоломот на Занзибар, Артур, големиот крал на Британија и Слушајте ја Месечината се случуваат на Островите Сили.

Загатката на Самсон, романот на Ендру Гарве (псевдоним на Пол Винтертон) се случува главно на Островите Сили.

Во романот Собата на Јаков, од Вирџинија Вулф, херојот и неговиот пријател пловат околу островите.

Романите што ја сочинуваат Кортес трилогијата од Џон Пол Дејвис се одвиваат на Островите Сили.

Каменот во крвта [31] напишан од Колин Џордан и Дејвид Ингланд се случува на островите и во 1974 година и во железното време, кога поголем дел од Островите Сили сѐ уште биле споени со копното.

Песни

Островите Сили се споменуваат во традиционалната британска поморска песна „Шпански дами“.

Островите Сили се споменуваат во песната „Феноменална мачка“ од The ​​Kinks од нивниот албум The Kinks Are the Village Green Preservation Society.

Островите Сили е песна од исландскиот уметник Катманик.[32]

Значајни луѓе

Август Џон Смит (1804-1872 г.)
  • Свети Лид бил епископ[33] кој живеел на островот Света Елена на Островите Сили.
  • Џон Годолфин (1617 г. на Островите Сили - 1678 г.)[34] бил англиски правник и писател, адмирален судија во Комонвелт.
  • Август Џон Смит (1804 г. во Лондон - 1872 г. во Плимут) бил гувернер на Островите Сили повеќе од триесет години. Во 1834 г. тој ги зел под закуп Островите Сили од Војводството Корнвол за 20.000 фунти. Бил либерален пратеник на Труро од 1857 до 1865 година.
  • Сер Фредерик Херви-Батерст, Трет Баронет (1807 г. во Сили - 1881 г. во Вилтшир) бил познат англиски крикет играч.[35]
  • Џон Едмунд Шарок Мур Associateship of the Royal College of Science (ARCS) (1870 г. во Розендејл - 1947 г. во Пензанс) бил англиски биолог, најдобро познат по водечките две експедиции во Тангањика. Во текот на 1920-тите години тој се преселил на Треско.
  • Дејвид Хант (1934 г. во Девонпорт - 1985 г. во Индија) бил англиски орнитолог и хортикултуралист во Треско, каде станал градинар во 1964 година. Бил убиен од тигар во Индија.
  • Стела Турк, (1925 г. Сили - 2017 г. во Камборн) британски зоолог, природонаучник и конзерватор. Таа била позната по своите активности во морската биологија и конзервацијата, посебно за морските мекотели и цицачи.
  • Сем Левелин (роден 1948 г. во Треско)[36] е британски автор на литература за деца и возрасни.
  • Малком Бел (роден 1969 г. во Хју Таун) е поранешен англиски крикет играч.

Поврзано

  • Список на екстремни точки на Обединетото Кралство
  • Тристатриесет и пет годишната војна

Наводи

Литература

  • Isles of Scilly Guidebook Friendly Guides (2015)
  • Woodley, George (1822). A View of the Present State of the Scilly Islands: exhibiting their vast importance to the British empire, the improvements of which they are susceptible, and a particular account of the means lately adopted for the amelioration of the condition of the inhabitants, by the establishment and extension of their fisheries. London: Rivington.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица