Симеон I

бугарски владетел

Цар Симеон I Велики (86427 мај 927) — бугарски владетел на Првото Бугарско Царство од Крумовата династија во периодот од 893 до 927 година[1]. Успешните војни на Симеон против Византија и Србија довеле до привремено проширување на Бугарија врз поголемиот дел од Балканскиот Полуостров,[2] и доминација во Југоисточна Европа[3]. Во неговото управување Бугарија излегувала на три мориња - Егејско, Јадранско и Црно Море[4][5], а некои современици го споредуваат главниот град Преслав со Цариград[5][6].

Симеон Велики
Симеон I Велики, цар на Бугарија, 893-927 г., Современа слика, Д. Ѓуџенов
Бугарски цар
На престол893 – 27 мај 927
ПретходникВладимир
НаследникПетар I
Роден(а)864/865
Починал(а)27 мај 927
Преслав, Бугарија
Сопружницидве, непознати имиња
ДецаМихаил
Петар
Иван
Вениамин
династијаКрумова династија
ТаткоБорис I
МајкаМарија

Неговото владеење е наречено Златен век на бугарската култура[7]. Создадената во 870 година Бугарска православна црква станала првата нова патријаршија надвор од пентархијата[8], а бугарските глаголски преводи на христијански текстови се шириле низ целиот словенски свет. Самиот бугарски владетел се произнесувал со титулата цар[9], додека пред оваа ја користел титулата кнез[10].

Рани години

Бугарија во времето на Симеон I

Кнезот Симеон I е роден во периодот помеѓу 863-865 година, според две писма на цариградскиот патријарх Николај Мистик кој напишал дека кон 923-924 година Симеон бил на околу 60 години. Покрај сето тоа го нарекол "син на мирот", од каде доаѓа мислењето дека Симеон е роден во годината кога бил склучен бугарско-византискиот мировен договор кој довел до покрстувањето на Бугарите.

Бугарскиот кнез бил третиот син на Борис I[10] и Марија од Крумовата династија[11]. Бидејќи Борис бил владетел и го прифатил официјално христијанството во 865 година, Симеон бил христијанин во текот на целиот свој живот[10][12]. Бидејќи се очекувало најголемиот син Владимир да го наследи бугарскиот престол, намерата на Борис била Симеон да стане висок свештеник[13], можеби дури бугарски архиепископ. Најверојатно поради оваа причина во околу 878 година Борис го испратил во Магнаурската школа во Цариград[12] каде што требало да се здобие со богословско образование. Тој пристапил како послушник во цариградскиот манастир[12] и го прифатил името Симеон[14].

Симеон поминал околу една деценија (878-888) во главниот град на Византиското Царство, каде добил големо образование и ја изучувал реториката на Демостен и Аристотел[15]. Тој го зборувал грчкиот јазик до таков степен што бил нарекуван во византиските хроники полугрк[16]. Според некои толкувања Симеон бил обучуван од патријархот Фотиј[17], но за оваа хипотеза нема конкретни извори[12].

Во околу 888 година Симеон се вратил во Бугарија и се населил во новосоздадениот манастир во Преслав[18], каде под водство на Наум започнал со преведување на религиозни текстови од грчки на старословенски јазик.[12] Во меѓувреме Владимир го наследил својот татко Борис, кој се повлекол во манастир. Владимир направил обид да го врати паганството во државата и можеби склучил договор против Византија со Арнулф Карантанијски[19], кое го принудило на Борис да се врати повторно на престолот, само за да го тргне и казни Владимир и да го постави Симеон за нов владетел[20][21]. Овој настан се случил на собор во Преслав, каде освен тоа што Симеон бил прогласен за нов цар, бугарскиот јазик бил прогласен за единствен јазик во државата и црквата[22], а главниот град на царството бил преместен од Плиска во Преслав[23]. Денеска не е познато зошто Борис не го ставил на престолот својот втор син Гаврил, туку го претпочитал Симеон[10].

Управување

894 — 904

Битката кај Силистра
Битката кај Бугарофигон
Освојувањето на Адријанопол
Александар соопштува на бугарските пратеници дека нема да го потпише договорот
Константин VII и симеон на трпеза

Во текот на овој период Симеон ја започнал првата војна со Византија, по преместувањето на главниот трговски пазар на Балканскиот Полуостров од Цариград во Солун во 894 година[13]. Византиските летописци го опишуваат почетокот на конфликтот, кој започнал речиси веднаш по крунисувањето на бугарскиот цар (сè уште кнез):

Пристигнала вест дека кнезот на Бугарија Симеон планирал да се упати на поход против Ромеите. Повод за војната било следново, Василеопаторот Зауда имал роб на име Мусик. Тој се спријателил со Ставракиј и Козма, кои потекнувале од Елада, трговци желни за профит и среброљупци. Сакајќи да заработат повеќе, со посредство на Мусик тие го преместиле пазарот на Бугарите од главниот град во Солун и ги оданочувале Бугарите со потешки трговски даноци. Кога Бугарите му го соопштиле ова на Симеон, тој го известил императорот Лав. Заслепен од пристрасноста кон Зауцес, тој оваа работа ја сметал за ситница. Симеон се налутил и го кренал оружјето против Ромеите


Во тоа време на економската политика на Византија и императорот Лав VI Филозоф се сочинувала во засилување на внатрешната и надворешна трговска размена на империјата што довела до поголема улога на големите трговци во византиската политика. Токму поради овие политички ставови бугарскиот пазар бил префрлен од главниот град Цариград во Солун.

Активностите на Византија ги засегнале како економските интереси на Бугарија, така и нејзиниот меѓународен престиж. Затоа Симеон започнал трговска војна со Византија. Симеон во почетокот се обидел да го реши прашањето по мирен пат испраќајќи пратеници во византиската престолнина[24][25], но откако видел дека тоа нема да се случи, го искористил од истекот на 30-годишниот мировен договор и во 894 година навлегол со војската во Источна Тракија, без да сретне никаков отпор[26] бидејќи византиските сили се наоѓале во Анадолија каде војувале со арапските сили[27].

Императорот Лав VI Филозоф бил повеќе од изненаден. За овој потег на бугарскиот владетел разбрал од стратезите во македонската област[5][13][28], по кое наредил да биде формирена армија, главно од царската гарда. Војската била доверена на стратилат Крин. Во првиот конфликт, бугарската армија доживеала голем успех, но по крајот на битката Симеон дал наредба на војската да се врати назад во Бугарија, бидејќи сметал дека не е подготвен за подолга војна. И покрај победата, Симеон не ја постигнал својата цел, а Лав VI навреден од бугарскиот владетел, во престолнината ги пречекал заробените хазари и војници на императорската гарда кои биле пуштени од бугарските сили со отсечени носеви. Царот на Византија не сакал траен конфликт со Бугарија, бидејќи имал проблеми и со Арапите. Токму поради оваа причина Лав прибегнал кон она што го правиле речиси сите византиски цареви за време на војна - обезбедување на сојузник, кој ќе го преземе поголемиот дел од загубите. Никита Склир (непознат Византиец) бил испратен кај водачите на Унгарците[13], Арпад и Кусан[29], и успеал да им плати доволно за да ја нападнат Бугарија. Византија ветила дека ќе обезбеди флота која ќе ја транспортира унгарската армија до Дунав.[28][30] Во исто време кон бугарските јужни граници започнала да се движи византиската војска, предводена од војсководецот на Византија од војните со Арапите, Никифор Фока[31].

Планот на Лав за заеднички акции со Унгарците започнал да се остварува некаде околу 894 година (или 895 година). Симеон очекувал напад од југ, затоа главните сили од неговата армија се наоѓале на јужната граница, но битка на југ немало бидејќи самиот Никифор Фока не нападнал[32]. Наместо тоа кај бугарскиот владетел бил испратен пратеник, кој од името на царот Лав понудил мировни преговори, лажејќи за византиската флота која во исто време се движела кон Добруџа, преместувајќи ги Унгарците. Симеон не наседнал на измамата и го фрлил во затвор пратеникот[33]. Но веќе било предоцна бидејќи Унгарците започнале да пустошат по Добруџа[34], пристигнувајќи до Силистра[35][36].

Бугарскиот владетел бил принуден да започне преговори со Византијците, но истите ги одолговлекувал за да обезбеди време за слкучување сојуз со Печенезите и со нивна помош успеал да ги порази Унгарците,[37] кои дури биле протерани од нивните сегашни територии и се населиле во Панонија.

Во летото на 896 година воените дејствија против Византија продолжиле. Во Битката кај Бугарофигон[13][38] византиските сили доживеале голем пораз а самиот трговски пазар бил вратен во Цариград[13][39]. Подоцна бугарскио владетел зазел област со близу 30 тврдини во денешна Албанија. По преговорите дел од овие земји биле вратени на Византија, но без оглед на тоа за првпат во својата историја Бугарија стигнала на бреговите на Јадранското Море.

Во 904 година, арапската флота и армија, предводена од грчкиот отпадник Лав Триполи извршила инвазија на Солун и одвела многу од неговите жители во заробеништво[40]. Симеон во тоа видел можност да го освои градот и да го насели со Бугари[13][41]. Византијците успеале да го откупат градот, но Симеон добил територијални отстапки во Тракија и Македонија[5][42], при што границата меѓу двете држави била поместена на 20 километри од Солун.[43]

913 — 927

Бугарска победа кај Анхијал.
Текот на битката.

На 11 мај 912 година починал Лав VI Филозоф и за свој наследник го избрал неговиот брат Александар, кој требало да владее заедно со малолетниот Константин VII[44]. Александар одбил да плаќа годишен данок на Бугарија, но починал ненадејно на 6 јуни 913 година. Во јуни 913 година во Цариград бил извршен државен удар. На чело на државата застанал регентски совет на малолетниот Константин на чело со патријархот Николај Мистик[45].

Во јули-август 913 година бугарските војски навлегле во Византија и Источна Тракија, блокирајќи го Цариград по копно[46]. Така патријархот Никола I Цариградски направил очајнички обиди да се избегне војната[47], ветувајќи дека новородениот цар Константин Порфирогенит ќе се ожени со една од ќерките на Симеон[13][48]. Со овој чин, Симеон ќе се стекнал со титулата василеопатор (старател на императорот) и законско право да се меша во управувањето на Византија. Во одреден момент, патријархот и Симеон дури и се состанале надвор од ѕидините на Цариград, вршејќи ја церемонијата на крунисувањето[49][50] во палата Влахерна. Потоа, Симеон започнал да ја користи титулата "цар на Бугарите", како и грчката титула Василевс.

Самиот брак бил поништен во 914 година од страна на регентот на империјата и мајка на Константин VII Порфирогенит, Зоја Карбонопсина[51], а била поништена и самата титула на Симеон[52]. Како одговор на тоа, Бугарите започнале напади во Источна Тракија. Адријанопол ги отворил своите порти за Симеон во септември 914 и нејзиното население го признал Симеон како владетел, додека византиската војска била окупирана во источниот дел. Во текот на следната година бугарските армии нападнале области околу Драч и Солун[53].

На 20 август 917 година во Битката кај Анхијал[54], Бугарите постигнале голема победа над византиската војска[55]. По победата кај Анхијал, бугарските војски започнале офанзива на југ. Во тоа време Лав Фока, кој ја преживеал Битката кај Анхијал, пристигнал во Цариград по море и ги собирал последните војници за да го попречи патот на Бугарите кон главниот град. Двете армии се сретнале кај Катасиртаи[56]. Борбата се одвила во текот на ноќта и византиската армија повторно била поразена[57].

Патот кон главниот град бил отворен, но Симеон се насочил на запад за да се соочи со кнезот на Србите Петар Гојниковиќ, кој водел анти-бугарска политика во сојуз со Византија и на негово место го поставил Павле Бранович.

Конфликт во Србите

Сите овие победи го охрабриле Симеон дека може да го освои Цариград и да стане цар на Византијците и Бугарите. Ова се заклучува од титулата со која се именувал - "Василевс на сите Бугари и Грци". Некои истражувачи сметаат дека за да ја легализира својата титула, во 918 година Бугарската архиепископија била подигната во ранг на патријаршија, а новоизбраниот патријарх извршил осветување на титулата на Симеон. За да се покори конечно Византија, во истата година тој навлегол во денешна Грција, зазимајќи ја Теба и стигнал до Дарданелите[13][58]. Во 919 година царицата Зоја била симната од главниот командант на флотата Роман I Лакапин[59][60] што во голема мера било она што Симеон планирал да го направи.[61] За да се зацврсти на престолот, тој ја омажил својата ќерка Елена Лакапина за Константин Порфирогенит и ја прифатил титулата василеопатор, а една година подоцна и соимператор, идеја која претходно ја посакувал самиот Симеон. Во одговор на тоа, бугарскиот владетел продолжил со своите пустошења во Елада и Тракија, а исто така се обидел и да ги пренесе бугарските војници од Дарданелите во Мала Азија.

Византијците не гледале друг излез од ситуацијата, освен да нападнат од западната граница на Бугарија, преку српските сили. Така, во 921 година кон Рашка бил испратен Захариј Првославлиевиќ за да го отстрани од власт на големиот жупан Павле и да ги нападне Бугарите. Обидот за државен удар бил неуспешен и Захариј бил фатен и фрлен во затвор во Бугарија. Павле Брановиќ сепак се свртел против царот Симеон. При стекнатите состојби од бугарските темници бил ослободен кнезот Захариј и бил испратен со војска кон српските земји, каде со бугарска помош бил соборен од власт Павле Брановиќ[62].

Обид за сојуз со Арапите

Преговори со Арапите.

Разбирајќи дека неговиот сон за освојување на Цариград нема да се оствари, Симеон во исто време разбрал и дека византиската престолнина не може да биде преземена без силна флота. И бидејќи немал изградено флота, тој се обратил за помош кон Арапите. Во 922 година бугарските пратеници биле испратени во Керуан (главниот град на Фатимидите), кои се сретнале со Убајдаллах ал-Махди. Тој се согласил со предлогот за напад по море и копно и заедно со бугарските пратеници испратил во Бугарија и свои претставници, кои требало да ги утврдат деталите околу нападот. Но, на враќање тие биле заробени од Византијците. И покрај овој неуспех, Симеон направил и втор обид да се сојузи со Арапите, но и тој пропаднал[13][63].

Симеон во меѓувреме го икористил затишјето во односите со Византија, за да го нападне Захариј, кој повторно се свртел против Бугарија[64]. Така по еден поход во 924 година Рашка или денешна Западна Србија и Косово биле присоединети кон Бугарија[13][65].

Конфликт со Хрватите и смрт

Потоа, во 926 година, настанал конфликт меѓу Бугарија и Хрватското кралство, поради азилот што хрватскиот владетел го обезбедил на Захариј. Конфликтот бил испровоциран од Византијците. Походот на бугарските војници кон хрватските територии бил неуспешен. Оваа војна била последната која била предводена од Симеон, и прва која тој ја загубил. Посредник меѓу Бугарите и Хрватите бил папа Јован Х, кој се надевал дека ќе ги привлече Бугарите на своја страна. Од своја страна Симеон се надевал дека папата ќе ја признае неговата царска титула. Охрабрен, тој се подготвил за нов поход против Византија, но при неговата подготовка починал на 27 мај 927 година. Можна причина за смртта е срцев удар.

По смртта на Симеон власта преминала во рацете на неговиот син Петар I од вториот брак со Маријам. Од непознати причини Симеон на својот првороден син Михаил го лишел од правото да застане на престолот и му наредил да се замонаши. Исто така, посочувајќи го Петар за свој наследник, (Петар тогаш имал околу 18-20 години), Симеон се погрижел да назначи и соуправител во лицето на болјаринот Георги Сурсувул кој впрочем бил вујко на Петар.

Семејство

Семејно дрво на Симеон I[66]
            
Борис I
(починал 907, управувал 852—889)
Марија
   
     
       
Владимир Расате
(управувал 889–893)
Гаврил  ЈаковЕвпраксијаАна
  
 1
непозната сопруга
Симеон I
(роден 864/865, починал 927,
управувал 893–927)
2
ќерка на
Георги Сурсувул
 
  
  1 2 2 2 ?
 Михаил
(починал 931)
Петар I
(роден по 912, починал 970,
управувал 927–969)
ИванВениаминќерки

Наводи

Литература

  • Dimitrov, Bozhidar (1994). Bulgaria: illustrated history. Bulgaria — a predominant power in the European East 893–967 AD. Sofia: Borina. ISBN 954-500-044-9.
  • Fine, Jr., John V.A. (1991). The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century. 5 Bulgaria under Simeon, 893–927. Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 978-0-472-08149-3.
  • Gibbon, Edward (1788–89). The History of the Decline and Fall of the Roman Empire. Chapter LV, The Bulgarians, the Hungarians and the Russians. V. London: Strahan & Cadell.
  • Lalkov, Milcho (1997). Rulers of Bulgaria. Tsar Simeon the Great (893–927). Kibea. ISBN 954-474-098-8.
  • Runciman, Steven (1930). A history of the First Bulgarian Empire. Emperor of the Bulgars and the Romans. London: George Bell & Sons. OCLC 832687.

Бугарски

</noinclude>

  • Tsanev, Stefan (2006). Bǎlgarski hroniki. 10 (889–912) Zlatnijat vek. Knjaz Rasate-Vladimir, car Simeon Veliki; 11 (912–927) Kǎrvavijat vek. Simeon — car na bǎlgari i romei (бугарски). Sofia, Plovdiv: Trud, Žanet 45. ISBN 954-528-610-5.
  • Zlatarski, Vasil (1971) [1927]. Istorija na bǎlgarskata dǎržava prez srednite vekove. Tom I. Istorija na Pǎrvoto bǎlgarsko carstvo. 2 Ot slavjanizacijata na dǎržavata do padaneto na Pǎrvoto carstvo (852–1018): 4 Borba s Vizantija za političesko nadmoštie (бугарски) (2. изд.). Sofia: Nauka i izkustvo. OCLC 67080314.
  • Bǎlgarite i Bǎlgarija. 1.2 Bǎlgarite stavat hristijani. Izborǎt na knjaz Boris I (бугарски). Ministry of Foreign Affairs of Bulgaria, Trud, Sirma. 2005.

Надворешни врски

Претходник
Владимир
Цар на Бугарија
893–927
Наследник
Петар I


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица