Скала на моментна магнитуда

Скалата на моментна магнитуда или моментна скала (крат. СММ или MMS, се означува со симболот MW) — скала во сеизмологијата што се користи за мерење и изразување на величината на еден земјотрес со оглед на ослободената енергија.[1] Магнитудата (величината) се заснова на моментот на земјотресот, кој е еднаков на крутоста на Земјата помножена со просечното количество на слизнување на раседот и големината на слизнатата површина.[2] Скалата е измислена во 1970-тите како замена за Рихтеровата скала (ML). Иако формулите се различни, моментната скала ја задржува познатата последователност на величински (магнитудни) вредности утврдени во Рихтеровата. Оваа скала денес наоѓа сеопшта примена во Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) при изразувањето на магнитудите на сите поголеми земјотреси во денешницата .[3]

Дефиниција

Симболот на скалата на моментна магнитуда е , со долен индекс што значи извршена механичка работа. Моментата магнитуда е бездимензионален број утвреден со

каде е магнитудата (величината) на сеизмичкиот момент во дински сантиметри (10−7 N·m).[1] Константните вредности во равенката се одбрани за да се постигне усогласување со величинските вредности на другите скали, највеќе скалата на локален момент, т.е. Рихтеровата скала.

Како и кај Рихтеровата скала, порастот за едеен степен во овој логаритамскиот размер соодветствува на 101,5 ≈ 32-кратен пораст во количеството на ослободена енергија, а пораст од два степена соодветствува на 103 = 1000-кратен пораст на енергијата.

Израчена сеизмичка енергија

Потенцијалната енергија е складирана во Земјината кора во облик на насобрано напрегање. При земјотрес, од оваа складирана енергија се претвора во:

  • пукнатини и деформации во карпите
  • топлина
  • израчена сеизмичка енергија .

Сеизмичкиот момент е мерка за изразување на вкупното количество на претворена енергија при земјотрес. Само мало делче од сеизмичкиот момент се претвора во израчена сеизмичка енергија , што е она што го востановуваат сеизмографите. Користејќи ја оваа проценка

Во 1995 научниците Чој и Боутрајт ја дефинирале „енергетската магнитуда“ [4]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица