Тајландски Залив

Тајландскиот Залив (тајландски: อ่าวไทย, Ао Тај) или Сијамски Залив е плиток ракав на Јужнокинеското Море.[1]

Местоположбата на Тајландскиот Залив
Карта на Тајландскиот Залив

Географија

Тајландскиот Залив се граничи со Камбоџа, Тајланд и Виетнам. Северниот дел од заливот е наречен Бангкокшки Залив, кај устието реката Чао Праја. Целиот залив зафаќа површина од околу 320.000 км2. Се протега од определува ‘ртот Бај Бунг во јужен Виетнам (веднаш јужно од устието на Меконг), па до градот Кота Бару на малезиското крабрежје. Во екот на минатото ледено доба тајландскиот Залив не постпоел заради понискто ниво на морето, бидејќи овие предели биле дел од речната долина на Чао Праја.

Заливот е релативно плиток: средната длабочина изнесува 45 м, а најголемата е само 80 м. Ова значи бавна водена размена, како и ниска соленост на водата (3,05-3,25 %) и изобилство од наноси заради силниот доток од реките. Соленоста се зголемува (3,4%) само при поголеми длабочини, каде посолените води од Јужнокинеското Море надоаѓаат и ја полнат централната подводна низина на длабочина од 50 м. Позначајни реки што истекуваат во заливот се Чао Праја (со растоката Та Чин) и реките Ме Клонг и Банг Паконг кај Бангкокшкиот Залив, а во помала мера и реката Тапи во Бандонскиот Залив на југозапад.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација јужната граница на Тајландскиот Залив е „линија од западниот крај на Камбоџа или ‘ртот Камау (8°36'СГШ) (Белешка: ова место е всушност во Виетнам), на северниот крај, т.е. кај источната страна на устието на реката Келантан (6°14′N 102°15′E / 6.233° СГШ; 102.250° ИГД / 6.233; 102.250)“.[2]

Туризам

Тајландскиот Залив е дом на голем број корални гребени, па заоа и неколку нуркачки одморалишта, особено заради тропската температура на водата. Поважни туристички места во Тајландскиот Залив се островите Ко Самуј и Ко Па Нган во покраината Сурат Тани, Патаја и Чонбури, Ча Ам, Хуа Хин, Ко Самет и Ко Чанг.

Ко Тао е центар на нуркачкиот туризам.

Наводи

9°26′25″N 101°58′20″E / 9.44028° СГШ; 101.97222° ИГД / 9.44028; 101.97222


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица