Унија на Шведска и Норвешка

Обединетите Кралства на Шведска и Норвешка (шведски: Förenade Konungarikena Sverige och Norge; норвешки: De Forenede Kongeriger Norge og Sverige ), познато и како Обединети Кралства, Шведска и Норвешка или Унија на Шведска и Норвешка (шведски: Svensk-norska unionen; норвешки: Den svensk-norske union(en)), бил личен сојуз на одделните кралства Шведска и Норвешка со заеднички монарх и заедничка надворешна политика кој траел од 1814 година до неговото мирно распуштање во 1905. [1] [2] [3]

Обединети Кралства на Шведска и Норвешка
Förenade Konungarikena Sverige och Norge  (шведски)
De forenede Kongeriger Norge og Sverige (данско-норвешки)
Личен сојуз
1814 – 1905


Државни знамиња
Горе: Знаме на Шведска
(1844–1905)
Долу: Знаме на Норвешка
(1844–1899)
Кралски грб
(1844–1905)
Местоположба на Шведска и Норвешка
Шведска и Норвешка во 1904
Главен градСтокхолм и Кристијанија
УредувањеУставни монархии
Историски периодОд Наполеоновите војни до Прва светска војна
 - Договор од Кил14 јануари 1814
 - Распаѓање на унијата26 октомври 1905

Двете држави имале посебен устав, закони, законодавни тела, администрација, државна црква, вооружени сили и валути; кралевите претежно престојувале во Стокхолм, каде што биле сместени странски дипломатски претставништва. Со норвешката влада претседавале вицекралеви: Швеѓани до 1829 година, Норвежани до 1856 година. Потоа функцијата била непополнета, и на крајот укината во 1873 година. Надворешната политика до распуштањето на унијата во 1905 година ја водело шведското Министерство за надворешни работи.

Норвешка била во унија со Данска, но сојузот на Данска и Норвешка со Наполеонова Франција ги натерало Обединетото Кралство и Русија да се согласат Шведска да го анектира кралството како компензација за загубата на Финска во 1809 година и како награда за нејзиното приклучување во сојузот против Наполеон. Со Договорот од Кил од 1814 година, кралот на Данска-Норвешка бил принуден да му ја отстапи Норвешка на кралот на Шведска, но Норвешка одбила да се потчини на одредбите од договорот, прогласила независност и во Ајдсвол на почетокот на 1814 година свикала основачко собрание.

По усвојувањето на новиот Норвешки устав на 17 мај 1814 година, принцот Кристијан Фредерик бил избран за крал. Следеле Шведско-норвешка војна (1814) и Мосовата конвенција по што Кристијан Фредерик бил принуден да абдицира. За таа цел свикал вонредна седница на норвешкиот парламент, Стортинг, за ревидирање на Уставот со кој ќе се овозможи лична заедница со Шведска. На 4 ноември Стортинг го избрал шведскиот крал, Карл XIII, за крал на Норвешка, со што била потврдена унијата. Постојаните разлики меѓу двете кралства довеле до неуспешен обид за создадавање посебна норвешка конзуларна служба, а потоа, на 7 јуни 1905 година, и до еднострано прогласување независност од страна на Стортинг. Шведска го прифатила распуштањето на унијата на 26 октомври. По референдумот на кој бил потврден изборот на принцот Карл од Данска за нов крал на Норвешка, тој ја прифатил понудата од Стортинг за преземање на норвешкиот престол на 18 ноември и го зел кралското име Хокон VII.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица