Федерални окрузи во Русија

Русија се дели на 8 федерални окрузи (руски: федеральные округа), при што полуостровот Крим е сместен во Јужниот федерален округ.

Федералните окрузи се единици на административна поделба за целите на федералната влада. Тие не се составни единици на Руската Федерација. Составните единици на федерацијата се нарекуваат федерални субјекти.

Во секој округ се наоѓаат неколку федерални субјекти. Секој федерален округ има претседателски претставник, чија официјална титула е „Полномошен претставник“. Официјалната задача на овој претставник е едноставно да ја надгледува работата на федералните агенции во регионите, иако во практика овој надзор е далекусежен и од големо значење.

Список на федерални окрузи

Име на округот[1]Површина
(км²)[2]
Население
(2002)
Федерални
субјекти
Административен
центар
Централен650.20038.438.60018Москва
Јужен427.80016.141.1008Ростов на Дон
Северозападен1.687.00013.583.80011Санкт Петербург
Далекуисточен6.169.3006.291.9009Хабаровск
Сибирски5.145.00019.254.30012Новосибирск
Уралски1.818.50012.082.7006Екатеринбург
Приволшки1.037.00029.900.40014Нижни Новгород
Севернокавкаски170.4009.496.8007Пјатигорск

Создавање на федералните окрузи

Федералните окрузи ги создал Владимир Путин во мај 2000 како дел од пошироката програма за зајакнување на федералната власт. Во програма спаѓаат и следниве реформи: индиректен избор на Советот на Федерацијата, иследување во републиканските устави и регионалните повелби и право на претседателот да ги распушта праламентите на субјектите доколку тие не ги почитуваат федералните закони.

Улога и функции на федералните окрузи

Полномошните претставници и нивниот пресонал установуваат во која мера субјектите отстапуваат од федералните закони и норми. Тие исто така го надгледуваат и процесот на исправка од близу, на начин на кои владата во Москва не може тоа да го изведе. Затоа тие играат клучна улога во централизацијата на власта и онезоможување на локалните манипулации чести за времето на Борис Елцин. Постоењето на федералните окрузи е значајно за ограничување на донесувањето на закони и практики кај субјектите кои му противречат на федералниот закон, како на пример, скратување на граѓанските права, авторитативни практики на управниците на субјектите (или кај републиките, нивните претседатели), манипулација со полицијата и контрола врз правосудството, строга контрола врз печатот и манипулирање со избори.

Полномошните претставници надгледуваат систем на ротација на федералните работници низ регионите за да се спречи нивната зависност од локалните водачи.

Федералните окрузи прецизно соодветствуваат на воените региони на Внатрешната војска, и во голема мера соодветствуваат на регионите на министерството за одбрана. Ова им овозможува на полномошните претставници директен пристап кон командната структура на воениот и безбедносниот апарат. Ова дава јасна порака на субјектите дека тиа мораат да соработуваат со федералната влада.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица