Фолксваген

Фолксваген (германски: Volkswagen) — германска автомобилска група.

Историја

Организација и менаџмент

Производство

Логото на Фолксваген

Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во Европа и во 11 земји во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Африка, а вкупниот број вработени изнесува 592.586.[1] Во ноември 2016 година, „Фолксваген“ постигнал договор со синдикатот за укинување на 30.000 работни места до 2021 година, со цел да ја зголеми профитабилноста.[2]

Автомобилски модeли

Есента 2016 година, на саемот за автомобили во Лос Ангелес, „Фолксваген“ го претставил новиот модел на автомобилот „е-голф“, опремен со нова литиумско-јонска батерија од 35,8 kWh, со можност за автономно возење до 200 км. Новиот модел имал електромотор со моќност од 134 коњски сили, со забрзување од 0 до 96 км/ч за 9,6 секунди и со максимална брзина од 150 км/ч.[3]

Модел Поршe тип 12 (Zündapp), Музеј на индустриска култура, Нирнберг

Аферата „Дизелгејт“

Во септември 2015 година во јавноста избил скандал со кој било откриено дека „Фолксваген“ употребувал специјален софтвер со цел да прикаже помало загадување на возилата што користат дизел-гориво. Како последица на тоа, во октомври Американската Федерална комисија за трговија започнала истрага за случајот при што „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи околу 500.000 автомобили во САД, кои биле опремени со софтверот за манипулација со штетните гасови. Исто така, по скандалот, фирмата ја забележала најголемата загуба во својата историја. Во продолжение, есента 2016 година, над 5.500 мали и над 1.100 големи акционери ја тужеле фирмата во судот во Брауншвајг, барајќи отштета во висина од 8,2 милијарди евра.[4]

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица